Не дига ЕУ фама. Ние самите, т.е. нашите најголеми партии (апсолутно сите), во сите програми (и говори и реклами) имаа зацртано евроатлантски пат како единствен. Се потепаа кој повеќе, попатриотски и поекономски ќе ги истакне овие зцртани патеки.
Тоа што лапаа пари од милионски проекти, што 30тина години добиваа неповратна помош (која завршуваше кај магариња, реформа на администрација, дигитална реформа и пруги што никогаш не се завршени, што и за едно донација амбулантно возило сечеа ленти, што се отепаа шетање од истите тие проекти со баагички дневници, никому ништо. Србите велат појео вук магарца.
А едно ембарго, еден стоп или прекин на трговските договори со ЕУ или да ги вратиме парите од неуспешните проекти/реформи (а скоро сите беа неуспешни) да ни направат, дури тогаш ќе банкротираме. Ако навистина не ревидираат, ако ја снимат состојбата, не сме ништо поблиску со условите од средината на 90тите.
Сакаш ручек беспари, епа нема. Не зависи Еу од нас, туку обратно. Ние не заслуживме почеток на преговори, не ради источниот сосед туку ради се поголемите глупости што ги праат партиите. Се тркаат ко Болт, последно ко да им е. А суштината е лоповлукот и алчноста за тотална моќ.