За многу работи порано беа подобри политичарите. Држава што не може да се справи со чергари што палат, со училни кучиња и диви депонии, не заслужува да постои. Проблеми што се решаваат за еден месец. А лошото е што не можеш ни да ги казниш на избори, другите бетер гомна.
Сите овие работи се со децении, значии и тие подобрите политичари (за што не се сложувам дека биле) не само што не ги решиле проблемите кои ги имаме сега, туку и учествувале во нивно продлабочување.
Екологијата, која на различен начин е главна тема, е најдобар доказ за тоа.
Проблем таложен со децении, но и проблем кој доаѓа на површина кога општествата веќе ги надминуваат егзистенцијалнте проблеми.
Порано беше и бетер, само се немаше свест за тоа.
А еве и во Хрватска, сме биле во иста држава, иако имаат поинакво минато и нешто подобри околности од нас, еве сега се во ЕУ, главна тема овие денови е токму една афера со депонија, штетен отпад и слично.
Огромен скандал, екоцид го викаат, се тресе влада. Огромна депонија со штетен отпад, а исто се зборува дека поради неа се загадени и подземни води, па се зборува и за загадена вода за пиење, за тоа дека депонијата ќе предизвика рак кај луѓето и слично.
И во тоа партиско препукување, исто како кај нас, почнаа да вадат уште такви депонии. Впрочем тие имаат голем проблем и со депонијата во Загреб.
Но, кај нас е модерно да се мисли дека ние сме шупакот на светот и секаде цветаат рози, само ние ете да земеме да распуштиме држава, а ако може да се нестанеме и какп нација, најдобро со кукање.
П.С. Заслужува да постои и се надевам дека ќе има генерации посвесни за тоа што значи да имаш држава!