zee German
mpkfa
- Член од
- 12 август 2009
- Мислења
- 6.684
- Поени од реакции
- 6.877
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.




како оди работата со ЕУ, добар е за таму![]()
Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник на Владата за ЕУ во Брисел - Нова Македонија
Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи е назначен за специјален пратеник на Владата за Европската Унија со седиште во Брисел, објави тој денеска на својот профил на Фејсбук. Фетаи соопшти дека Владата на вчерашната седница донела одлука за негово именување на оваа функција...novamakedonija.com.mk
... немоќноста да биде казнет поради со месеци недоаѓање на работно место на функција Вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи, не само што докажал дека „нема добро владеење“ со недоаѓање на работа, туку докажал дека кога е коалициска партиска бела мечка од албански етникум, буквално ништо не му можат ниту Владата ниту премиерот Х.Мицковски, туку напротив, ВМРО ДПМНЕ му дадоа повисока нова Функција- „Специјален пратеник на Владата за Европската Унија“ со седиште во Брисел.
... тој овде не идел на работа, без срам и перде или малку совесност што ја земал цела функционерска плата (идел во Белгија кај семејството), а не пак во Белгија каде живеело неговото семејство па и тој со се нив подолго време, ем ќе зема сега и тој функционерска плата, Арбен Фетаи си ги наместил работите живеел со своето семејство во Белгија - Брисел од 1989 (имал белгиско државјанство) ем ќе биде платен како функционер, ова е голем блам за Власта, државата и лично за Х.Мицкоски кој требаше да најде поинаков начин за ова личност, со него премиерот Христијан М. се дискретидира и се искомпромитирал со „туѓ срам“ пред народот, буквално начин како се „наградува“ некој кој воопшто не идел на работа, а е платен со висока функционерска плата!
... можеби Премиерот Христијан Мицкоски со официјалното објавување дека по заминувањето на Арбен Фетаи, оваа Вицепремиерска позиција повеќе нема да постои, а сите надлежности и обврски за добро владеење преминуваат кај неговиот кабинет, може малку го неутрализира бламот, задржувајќи контролата врз овие политики без можност лесно да ги отстапи на нов коалиционен апетит со нов блам.
Прегледај го приврзокот 483891Прегледај го приврзокот 483892
Останува прашањето зошто Арбен Фетаи не бил казнет за неидење на работа со денови и месеци?
- фактот што Законот за работни односи не се применува исто за избрани и именувани функционери како за обичните работници, наместо казна, тој поднел „Оставка“, а веднаш потоа бил назначен за нов „Специјален пратеник во ЕУ“ во Брисел, добро е да се знае дека Функционерите не се класични вработени со работно време со „картичка за чекирање“, нивните права и обврски примарно се регулирани со Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица, каде што немало автоматизиран механизам за отказ по 3 дена недоаѓање на работа, така да за Вицепремиер да добие „Отказ“, предлог за негово разрешување мора да поднесе Премиерот до Собранието, кое потоа гласа, а Владата свесно го избегнувала овој чекор со месеци со цел да ги заштити коалициските односи, па почекале самиот да си даде отказ во Јуни!
„Со пратеничкото прашање се бара точно да се дефинира бројот на денови на неоправдано отсуство, прецизниот износ на исплатената нето и бруто плата, придонесите, како и сите потрошени средства за репрезентација, службени патувања и дневници за него и за неговиот кабинет.ЛДП инсистира Владата да достави и официјални архивски документи доколку воопшто постои решение со кое од Фетаи се бара да ги врати парите назад во буџетот.“
... чесно би било Арбен Фетаи да ги врати, но дали пратениците кои не иделе на работа и не учествувале во Собранието да речеме според деловникот, а се во „работен однос“ од моментот на верификација на мандатот, без разлика дали Собранието има кворум да работи или нивната партија одлучила да не учествува, ги вратиле парите?
Ајде да дознаеме накратко:
... пратениците на СДСМ и коалицијата (2014–2015) по изборите во 2014 год, целата тогашна опозиција прогласила бојкот, вкупно 34 пратеници цели 15 месеци воопшто не стапнале во Собранието, но уредно секој месец земале пратеничка плата, тогашниот премиер Никола Груевски јавно ги повикал пратениците „да почнат да си ја заработуваат платата бидејќи немало друг таков човек во земјава што земал пари без да работи“
.. новите пратенички состави за време на политички кризи (2016/2017) по предвремените избори во 2016 година, Собранието било блокирано и не можело да се избере претседател со месеци, сите 120 пратеници повеќе од 70 дена не оделе на работа бидејќи немало седници, но Собранието им исплатило над 320.000 евра за плати со образложение дека „мандатите им се верификувани и тие законски морале да земаат пари.
Талат Џафери, Илир Демири и други (Мај - Јуни 2024) по изборите во мај 2024 година, на членовите на техничката влада им биле верификувани пратеничките мандати, тие останале да ги извршуваат министерските функции во Владата и воопшто не се појавувале на
првите пратенички седници, но Собранието им исплатило пратеничка плата за деновите по верификацијата. ДКСК (Антикорупциска комисија) реагирала за неспојливост на функциите, слични случаи во минатото биле евидентирани со Оливер Спасовски (2020) и Емил Димитриев (2017).
И ако не сте знаеле, пратениците не се обични смртници и се заштитени со Уставот и со Законот за пратениците и истиот не може да биде отпуштен од работа како обичен работник, единствената казна предвидена со закон за неоправдано отсуство е кратење на платата за 5% до максимум 15% за секое отсуство од седница, но основната гласачка плата (која изнесува до 2.000 евра) останува недопрена.
... мандатот може да му престане на пратеник единствено ако самиот поднесе оставка или ако Собранието му го одземе мандатот со двотретинско мнозинство (61 глас) во случај на неоправдано отсуство подолго од 6 месеци.
... на крај според сево ова изнесено ќе испадне дека Арбен Фетаи имал доблест од сите овие функционери со недоаѓање на работа потоа да си даде Оставка од функцијата, за разлика од сите овие што денес го зборат него и неговото неидење на работа, а тие се чисти примери на недоаѓање на работа 70 дена, 15 месеци и земање плата за сето тоа неоправдано отсуство!![]()