Блам држава

Него шо е работава со патарините? Како ке ги наплакаат по километри?
 
915854288_1661535145612667_5855378824989509771_n.jpg

Националната работилница за прелиминарни наоди од анализата на 12-те есенцијални јавно здравствени функции се одржа на 20.11.2026 во Скопје, организирано од Министерство за здравство во соработка со Светската здравствена организација (СЗО).

912709451_958083587174530_3650407004481564880_n.jpg915320724_1175957318448433_6561487369207324613_n.jpg915241013_1006220999203661_6541182500833847975_n.jpg

Инспекцискиот надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утврдиле дека кон крајот на Јуни 2026 година, во Гостивар главниот цевковод на водоводната мрежа на диво биле поставени пумпи кои директно вбризгувале загадена вода во системот за пиење, при што ОЈО Гостивар отворило истрага за кривично дело „загадување на вода за пиење“ против тогашната В.Д.. директорка на ЈП „Комунале“ Артана Асани, и уште двајца раководители во претпријатието, додека Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово според редовниот месечен договор со комуналното претпријатие, зел мостри на 29 Јуни и на 13 Јули 2026 година, при што во тие извештаи било наведено дека испитаните примероци биле исправни, а тоа било критичниот момент на загадената вода и големиот број на пациенти со дигестивни проблеми.


916415463_1670195124900898_6795745948112704188_n.jpganalizi-e1784573066997.jpg

... на Националната работилници учествувал и Директорот Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово, опозициската партија СДСМ во август 2026 година поднела кривична пријава против четворица функционери – министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на ЦЈЗ Тетово, Расим Амети.


... како може да во еден правец да се има судска постапка по овие кривични пријави со надлежност на Јавното обвинителство со што во јавноста досега не е објавена правосилна судска пресуда ниту одлука за разрешување на раководството на ЦЈЗ Тетово по овој основ или било што, а во друг правец се учествува на стручни работилници за тоа што истите во својата професионална работа покажале нестручност, незнаење и несовесност со давање погрешна службена проценка за исправноста на водата во Гостивар, каде во болница со здравствена проблеми од испиената загадена со фекалии вода се јавиле 4000 гостиварчани пациенти??

Толку ли брзо се заборава?

е па затоа и пак, пак и пак ќе се повтори, барем не се фотографирајте и не давајте информации во јавност за некоја си работилница, кога на терен на работно место се работи несовесно бев никаква одговорност!

... да се имаше маааалку морал и етика, овие функционери кои се соочуваат со кривични пријави, но не се осудени, дали морално и етички би требало да учествуваат на официјални едукативни работилници со иста цел за која тие не ја завршиле професионално или не се експонирај во јавноста со фотографии се иритира јавноста за нефункционирање на професионалната одговорност, па после државата ни е крива!
 
Последно уредено:

нели немаме крави туку сето млеко го увезуваме од Сербиа и Блгариа ??
 
Меѓународен симпозиум „Новини во кардиологијата 2026
во организација на Македонското здружение за кардиологија се одржува во Скопје од 20 - 22 ноември 2026 година.



923714713_1455921406718787_7583904659794528061_n.jpg915856518_1505568151775029_3217354281125459356_n.jpg

Во Скопје се одржал меѓународниот стручен симпозиум „Новини во кардиологијата 2026“ со потенцирање на персонализирана кардиоваскуларна грижа и нови технологии и актуелни научни достигнувања, додека прашањата за контроверзни медицински случаи не се дел од официјалната агенда на собирот, а зошто не?

... да се потсетиме, дека кардиологот д-р Сашко Кедев јавно обвинил дека во приватни болници се правеле профитно мотивирани и медицински неоправдани операции на срце и стентирања, со што Министерството за здравство (екс министер А.Алиу) формирала интерна стручна Комисија за проверка на сомнителните случаи од кои 19 анализирани случаи, интерната Комисија утврдила дека кај 10 пациенти биле извршени непотребни операции или биле неоправдано упатени на хируршки зафати, додека Независна комисија од странски експерти анализирале 13 случаи (во приватни и јавни установи) и потврдиле дека кај 9 пациенти биле извршени непотребни кардиолошки или кардиохируршки интервенции, со заклучок на комисијата дека третманот бил под професионалните стандарди и можеби неповолно влијаел врз здравјето на пациентите1

и? толку? резултат, одговорност, осудени...итн?

Министерот се сменил, Министерството за здравство го зедоа други од Власта и коалицијата, Претседателката на лекарска комора сменета поради поминат мандат(иако никој не ја избрал од членството да биде претседателка на Лекарска комора, туку лично поставена од З.Заев)

и?
сега Македонско здружение си организира Меѓународен симпозиум ама со ограничена тема за научни достигнувања и нови технологии, ама за контраверзни медицински случаеви- штама, не се дел од официјалната агенда на симпозиумот? :(

... според медиумските извештаи од 09.2026 година, официјалниот извештај од странската комисија сè уште не бил доставен до Јавното обвинителство за покренување истрага, туку останал во архивите на Министерството за здравство, оправдување дека новиот министер за здравство д-р С.Клековски законски не можел да постапи по предметот сè додека не ќе го добиел безбедносен сертификат (за кој веќе аплицирал и го поминал интервјуто)!

Сега што се чека, го добил ли сертификатот за безбедност или?

важно симпозиум часкање за бла бла технологија и достигнување и црпење пари од спонзори се одржал, ама другава страна на здравствен мафиозен бизнис со парите на пациенти и од ФЗОМ со неоправдани хирушки интервенции на срцето и стентирање отиде во заборав!

ние сме посебен народ кој брзо заборава, како беше тоа, „Секое чудо за три дена“ или „Секое чудо трае три дена“, не за друго кривците треба да одговарат кривично инаку пак и пак и пак ќе се повторуваат истите ситуации, а ќе страдаат пациентите и напатениот македонски народ!



Домашната комисија 15 членови (9 лекари од јавното и приватното здравство и 6 претставници од институциите) одржале вкупно 16 работни состаноци,
9 лекари од различни приватни и јавни здравствени установи (меѓу кои претседавачот д-р Жарко Христовски од Аџибадем Систина, д-р Никола Христов, д-р Васил Папестиев, д-р Билјана Зафировска, д-р Иван Василев, д-р Мишел Андов, д-р Илир Вела, д-р Ненси Лозанче и д-р Валон Асани).

6 претставници од институции и правници (Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама од Министерството за здравство, д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска од ФЗОМ, како и правникот Стефанка Петковска).


Странска комисија:
д-р Уголино Ливи. Кардиохирург и редовен професор на Универзитетот во Удине (Италија).
д-р Никола Лакиќ. Кардиоваскуларен хирург од Универзитетскиот медицински центар Љубљана (Словенија).
д-р Миха Черчек (Черчер). Интервентен кардиолог од Словенија.


Министерството за здравство нема објавено колкав финансиски надоместок (хонорар или патни трошоци) добиле членовите на домашната Комисија или пак странските експерти за нивниот ангажман на нешто што не излегло во јавноста сеуште !??

Сите кардиолози од Комисијата исплатени кои знае колку финасиски, сите среќни, кардиолошки симпозиум, спознорирани ручеци муабети, а пациентите, а одговорноста за неоправдани стентирање и срцеви операции ?

... после државата не чинела!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom