Зарем мислевме дека се‘ ќе заврши со стругањето на ѕвездата од Кутлеш од капаците од канализационите шахти?...
Јас бев еден од 60-те луѓе на протестите. Да, 60 луѓе имаше на протестот, кога СДСМ решија да го тргнат македонскиот национален симбол од знамето и да стават наместо тоа, од нив измислен симбол.
Не може некој да ми каже дека било кое сонце е македонски национален симбол. Сонцето од Кутлеш се смета за таков симбол. Тоа има уникатен дизајн.
Они решија да стават некакво сонце, наместо тоа.
Ние толку долго чекавме држава, за да сега немаме национален симбол на знамето?
Не ми идеше тоа, уопште и затоа бев против. Но, на македонскиот народ тоа не му беше баш битно, тогаш. Затоа имаше само 60 души на протестот.
Инаку, јас лично, не знам на кого и кога, му текна, да го убаци Сонцето од Кутлеш у комбинација. Тоа сонце, иако можеби е некаков македонски национален симбол, сепак, многу ретко, или никогаш не било прифаќано како такво, низ историјата (зборувам за историјата по мешањето на Словените со домородното население). Низ таа историја има само еден македонски национален симбол, а тоа е македонскиот лав, кој постои и како назив у хелардика, има точно определена форма и размер и повеќе можете да прочитате, за тоа, во темата за хералдика кај што има еден опитен хелардичар.
Не ми е јасно, како можеше да преовлада наративот: - Ej, немојте како Бугарите исто (а лавот не е хералдички ист, ама ај). Некако ми се чини како југоносталгичарската србоманија да му ја помати визијата за национален прогрес на македонскиот народ, во тие клучни зародишни моменти.
Затоа, баш би ми било гајле за стругањето шахти, кога наместо тоа, би бил поставен македонскиот лав.
Груевски, во еден момент "ризикуваше" да се искупи во мои очи, кога се обиде да стави барем грбот да биде таков. Али тоа не му помина. (кај ДУИ ваљда. Мене ми личи дека ДУИ му дадоа зелено светло, под услов да не се десат големи негодувања кај Албанците, кои се десија, по пласирањето на идејата и они му ставија рампа)