Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
се имат испијането 100% и некоја беља имат напраено...
E то е моменто... малце се имат пијанчено во домо изминатите 50 години, ништо не било, сега...

па ќе речат послем старата инсталација била проблем... Соколе дури беше домар се таман си беше, сите шо одеа само штета и ѓубре праеа, соколе на сите му ги чистеше срањата дури не доби сепса, па сеа дојдоја други домари со никаква одговорност.
Хахаха, ете ти го Соколе, во Неолица е домар. Ој ако сакаш, можиш сепса да фатиш.

Jас за нова година бев копанки со спиење, домо никогаш небил во поуба состојба: вецињата реновирани, кујната реновирана, парното функционираше по 20 години. За нова година ко не се запали (фул собите, парното работеше + греалки насекаде пошто спиеја луѓе и по ходници) никогаш нема да се запали од инсталацијата. На кој му кажваш, за состојбата на домо, мене? Пожаро или е подметнат, или се има запалено некој оџак...
 
^ џабе прајме муабет, беше шо беше арно жртви шо нема, иначе ова година баѓи пари се инвестираја во домот и зато беше во топ состојба, да се инвестираше дур беше соколе друго ќе беше.
E то е моменто... малце се имат пијанчено во домо изминатите 50 години, ништо не било, сега...
Се имат пијанчено да, ама не го уништија. А овие сега легенди се.
Слично вака нешто се деси и со стариот дом на Големо Езеро. Се запалил од промаја шо дувало на подот, па жар паднало од печката... мижи асан да ти јадам слатките работата. луѓе без исаф.
 
^ џабе прајме муабет, беше шо беше арно жртви шо нема, иначе ова година баѓи пари се инвестираја во домот и зато беше во топ состојба, да се инвестираше дур беше соколе друго ќе беше.
Не го бранеше некој Соколе да инвестира... Или го бранеше? Лани беф со спиење, по ламперијата на собите имаше датуми како 74-та, 83-та... шо значи воопшто не исфарбано/исчистено 30 години. Така да џабе шо збораш...

А незнам дали беше осигуран, ако беше, ќе го напрат за многу кратко време.
 
Не го бранеше некој Соколе да инвестира... Или го бранеше? Лани беф со спиење, по ламперијата на собите имаше датуми како 74-та, 83-та... шо значи воопшто не исфарбано/исчистено 30 години. Така да џабе шо збораш...

А незнам дали беше осигуран, ако беше, ќе го напрат за многу кратко време.
Шо ќе инвестира Соколе бе, домот си го работеа од друштвото Пелистер, шо требаше да напрат, пари да измислат. Сеа го зедоја приватници и го средија внатре, а то шо изгоре послем журката не е никаква случајност. На времето колку поќе луѓе се вртеа низ домот , па никогаш немаше проблем
Иначе не беше осигуран
 
Не носете пред време заклучоци. Можи било заради журката, можи не. Би требало да кажат нешто на вестите на Тера сега во 5.
Немаше противпожарни апарати во домот?

62350_364727860292674_1214092586_n.jpg


Искрено ми иди да заплачам :place:
 
Не го бранеше некој Соколе да инвестира... Или го бранеше? Лани беф со спиење, по ламперијата на собите имаше датуми како 74-та, 83-та... шо значи воопшто не исфарбано/исчистено 30 години. Така да џабе шо збораш...

А незнам дали беше осигуран, ако беше, ќе го напрат за многу кратко време.

Ама очигледно е дека ти џабе збораш дека незнајш кој ги држи планинарските домој. Како прво планинарските друштва ги држат пл.домови и парите шо вадат од домот, дел одат за плата за домарот(претпоставен член од пл.друштво), другиот дел одат во инвестиција(шо ретко останваја и го средваја само пред маршот на муратот), па соколе работеше баѓи време и ко дојде да се инвестира го сменаја и кладоја друг домар. Џабе зборваме, сеа треба секој совесен граѓанин да донира некоја банка да почни да се средва.
 
Абе со сила ме терате да се карам и расправам овде.... а појма немате шо се дешаваше од ко си ојде Соколе. Лани јас имав прилика да седам горе 5-6 дена, најкатастрофа соба беше таја на Соколе. Ако ја видеше собата кај шо спиеше, ќе ти е јасно оти фати сепса. Башка член сум на планинарското Пелистер веќе 3 години и беф и на собранието во 2012...

Ама очигледно е дека ти џабе збораш дека незнајш кој ги држи планинарските домој.
Кој домој, пола од домојте не работат. Ловечка, онај према снегово шо е, Брвеница како и да се вика... Единствено на големо езеро, неолица и копанки работеа.

Како прво планинарските друштва ги држат пл.домови и парите шо вадат од домот, дел одат за плата за домарот(претпоставен член од пл.друштво), другиот дел одат во инвестиција(шо ретко останваја и го средваја само пред маршот на муратот), па соколе работеше баѓи време и ко дојде да се инвестира го сменаја и кладоја друг домар.
Е така, до тука си во право, мада можеја да ги сменат комунистичките цени (да се исти со широк сокак) како би можело нешто да се реновира.

Друг муабет е шо (не се сеќавате или се прајте дека не знајте) Копанки го затвори инспекција лани во февруар некаде, заради немање фискална каса (ваљда тој му беше најблиску, Неолица и големо езеро се далеку а и таму нема фискална). А планинарското Пелистер е здружение на граѓани, без вработени. За да клајш фискална каса, треба да имаш фирма и најмалку еден вработен кој ќе биди осигуран и ќе плаќа придонеси, пензиско, инвалидско и сите тие тракатанци натаму. Планинарското нема надлежност за таква работа, и зато мораја да го издат под концесија. Не дека сакаја да го издат, едноставно ако сакавме годинава да работи домо, мораше да го издат.

Мада нова година ја поминав горе, спиевме 2 дена, домо конечно заличи на нешто, чоеко шо го зеде имаше сосема солдина инвестиција напраено за 1 година....

Џабе зборваме, сеа треба секој совесен граѓанин да донира некоја банка да почни да се средва.
Е така, то шо е, то е сега... треба да гледаме колку можиме да поможиме да се обнови домот.

п.с. Паљото има намера да организира нешто, читаф на FB кај него.
 
Ццццц стварно штета :place:.Бев пред недела дена,спиев таму една вечер и домот беше супер среден,парно до 4 сатот сабајле,вцата средени,чисти,чаршафи и постелнини чисти,луѓето фини,газдите фини,едноставно жално :place:
 
Tреба еден фонд сеа да се отвори , сите да си ги отвориме новчаниците и да жртвоваме едно кафе две
 
Сеа треба градоначалникот заедно со националниот парк да се заинтересираат да најдат средства да се реновира домот. Срамота и греота е за националниот парк онака да стој објектот...
Секој шо можи да донира и шо се осеќа способен да поможи да се јави треба а не да остани да ќути.
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 17:24 ---
Tреба еден фонд сеа да се отвори , сите да си ги отвориме новчаниците и да жртвоваме едно кафе две
абе 200-400 денари можи да се донираат, знам многу луѓе шо престојувале и плаќале стандард тарифа за спиење 200 денари од ноќ ( 100 за членови на планинарските друштва). Никој нема да се осиромаши ако донира 200 денари.
 
Aбе каков градоначалник какви бакрачи. Кажваше нешто на тера вика на Пелистер имало места кај шо било законски забрането да се гради и незнаел дали ќе можи да инвестира за реконструкција на Копанки :tapp:

Будала е ќе инвестира во вакви места кои се поврзани со спортот ко можи да донеси некој анонимус уметник и да го плати кизне колку пари :tapp:
 
Ми се еба денот од ко прочитав :(
Кај оваа година не најдов ниеден ден до сега да одам на скијање (обврски, факултет), таман си викам од четврток ја отворам сезоната на Копанки... ексик.

Сега одново се вртат истите муабети, приватник, инвеститор незнам шо...
Планината не можи да ја поседува еден чоек... Од Пелистер неможи да биди Кицбил како шо кажва Паљото, ама можи се шо е во гранките на можностите да се напрај.
Домот конкретно треба да си го реновираме сами, секако се помош на планинарските друштва, преку спонзорства, донации... Ако можи да се градат цркви на секое ќоше и сите да фрлаат огромни суми на тоа (не велам дека е тотално погрешно то, ама е преувеличено) тогаш сигурно можи да се обнови Копанки, онаков како што беше. Сигурен сум дека непостои битолчанец шо не се напил чај во домот, шо не го посетил барем еднаш во живото и кој е рамнодушен дека домот е до темел изгорен.
Од градоначалникот не ни очекувам нешто, ниту пак од другите побитни фаци. Луѓе од полето не знаат како треба да се однесуваат на планина, затоа и ја донесоа на ова ниво на кое што е. Стрежево со минимална инвестиција ќе опстојуваше и ќе чекаше подобри времиња за да се искористи целиот потенцијал. Копанки беше заборавен од сите со години, колку толку шо го вратија во живот, луѓето се пресреќни. Малку воља и разум да се имаше, незнам кај ќе ни беше крајот, ама кај нас приоритет е да се уништи нештото шо постоело времиња уназад, а не да се зачува и унапреди.
 
Аман реновирајте го и готово, договорете нешто со општината.
 
Аман реновирајте го и готово, договорете нешто со општината.
Ќе те пуштиме тебе да преговараш со тие од општината оти нас очигледно е дека не не тркалат ни 3%
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom