Абе со сила ме терате да се карам и расправам овде.... а појма немате шо се дешаваше од ко си ојде Соколе. Лани јас имав прилика да седам горе 5-6 дена, најкатастрофа соба беше таја на Соколе. Ако ја видеше собата кај шо спиеше, ќе ти е јасно оти фати сепса. Башка член сум на планинарското Пелистер веќе 3 години и беф и на собранието во 2012...
Ама очигледно е дека ти џабе збораш дека незнајш кој ги држи планинарските домој.
Кој домој, пола од домојте не работат. Ловечка, онај према снегово шо е, Брвеница како и да се вика... Единствено на големо езеро, неолица и копанки работеа.
Како прво планинарските друштва ги држат пл.домови и парите шо вадат од домот, дел одат за плата за домарот(претпоставен член од пл.друштво), другиот дел одат во инвестиција(шо ретко останваја и го средваја само пред маршот на муратот), па соколе работеше баѓи време и ко дојде да се инвестира го сменаја и кладоја друг домар.
Е така, до тука си во право, мада можеја да ги сменат комунистичките цени (да се исти со широк сокак) како би можело нешто да се реновира.
Друг муабет е шо (не се сеќавате или се прајте дека не знајте) Копанки го затвори инспекција лани во февруар некаде, заради немање фискална каса (ваљда тој му беше најблиску, Неолица и големо езеро се далеку а и таму нема фискална). А планинарското Пелистер е здружение на граѓани, без вработени. За да клајш фискална каса, треба да имаш фирма и најмалку еден вработен кој ќе биди осигуран и ќе плаќа придонеси, пензиско, инвалидско и сите тие тракатанци натаму. Планинарското нема надлежност за таква работа, и зато мораја да го издат под концесија. Не дека сакаја да го издат, едноставно ако сакавме годинава да работи домо, мораше да го издат.
Мада нова година ја поминав горе, спиевме 2 дена, домо конечно заличи на нешто, чоеко шо го зеде имаше сосема солдина инвестиција напраено за 1 година....
Џабе зборваме, сеа треба секој совесен граѓанин да донира некоја банка да почни да се средва.
Е така, то шо е, то е сега... треба да гледаме колку можиме да поможиме да се обнови домот.
п.с. Паљото има намера да организира нешто, читаф на FB кај него.