Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
225550_10150237682402037_316027232036_9312471_4401233_n.jpg
 
Убава си е Битола и вака и така ,и снежната покривка прекрасна е ,многумина ја бараат....па нели зима е , се очекува да биде ладничко а и потребно е малку студ ,нека се уништат сите бактерии и да имаме чист воздух .
 
Вчера се вратив од Битола,градот е потонат во мизерија и сиромаштија!
само една улица ја бива-широк сокак и некои околни мали улучки во центарот!
на места бетер изгледа од оние стравине по источна Македонија!
Тетово за Битола како развој,одржување...е Лас Вегас!
 
Вчера се вратив од Битола,градот е потонат во мизерија и сиромаштија!
само една улица ја бива-широк сокак и некои околни мали улучки во центарот!
на места бетер изгледа од оние стравине по источна Македонија!
Тетово за Битола како развој,одржување...е Лас Вегас!

Не прај циркузи ке ти се смеат
 
Јас па бев тетово летово и току загаден град и нечистота ретко сум видел на едно место надполонет со кичерај од архитектура и урабн хаос, и шо сеа? Шо сакаше да постигниш? фала шо ни кажа за проблемите во Битола не ги знаевме
 
МАКЕДОНИЈА​




12.01.2012, 17:17
„Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“
4FA71859E814114A98CFEED5FCCB1AF2.jpg

Во Битола во наредните четири години ќе се градат нови 28 спомен-обележја
Битола - Проектот „Скопје 2014“ добива помал брат, „Битола 2016“. Во градот под Пелистер во наредните четири години ќе се градат нови 28 споменични обележја. Од нив 14 ќе бидат бисти, седум споменици и исто толку спомен- плочи. Локалната власт очекува помош од државата за реализација на овој проект. И опозицијата, за чудо, ја поддржува програмата. Засега е сигурно дека финансиска конструкција за овој проект се' уште нема.

Програмата на битолскиот Совет дека за само четири години во градот ќе никнат нови триесетина спомен-обележја ја разбранува јавноста, особено што за изградбата и поставувањето на само еден споменик посветен на античкиот крал Филип Втори граѓаните чекаа со години. Сега споменици треба да добијат Даме Груев, царот Гаврило Радомир, Ѓорги Сугарев, Александар Турунџев, Димитар Илиевски-Мурато, главниот штаб на Илинденското востание, а се планира и реставрација на гробот и надгробната плоча на Павел Шатев. Во програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја е предвидена и изградба на спомен-биста на Захарија Василева-Шумјанска, хуманистка од битолскиот крај, која по Илинденското востание го отворила и првото сиропиталиште на овие простори.

„Во моментов не можам да кажам точно колкава е потребната сума и дали ќе се реализираат сите овие спомен-обележја, но се надеваме дека и државата ќе даде пари. Со тоа ќе го заокружиме овој проект“, потврдува Диме Попов, претседател на комисијата за финансии и буџет во Советот на Битола. Притоа тој додава дека Општината е должна да изгради споменици за некои знаменити луѓе.

Програмата предвидува и изработка на 14 бисти за што доби зелено светло и од Општинската организација на Сојузот на борци од Битола.

„За сите споменици што се предлагаат, за Пере Тошев, за Ѓорѓи Поп Христов, Илија Димески- Гоце... ние даваме целосна поддршка, бидејќи тие се дејци заслужни за оваа држава“, вели Александар Трајковски, претседател на СБМ во Битола.

За изненадување, битолската опозиција ја поддржува програмата за поставување нови 28 споменични обележја во градот. Но, сепак, изразува спомнеж дека градот со пари од општинската каса ќе успее да ги изгради сите споменици до 2016 година. Бидејќи, наместо црква како што се најавуваше за свет Нектариј Битолски сега се предвидува само спомен-плоча. Истото важи и за великомаченик Агатангел Битолски, за Леринско-костурската бригада, турскиот затвор во ОУ „Ѓорги Сугарев“ и куќата на Анастас Лозанчев. Спомен- обележја треба да добијат и борбите на битолско-леринскиот одред и леринско-костурската бригада на локација кај бензинската пумпа на магистралниот пат кој води кон Грција.

„Ние ја поддржавме програмата оти мислиме дека нема спорни ликови од историјата. Меѓутоа, сметаме дека нема пари во буџетот за овие споменици. Ова е само на хартија, до реализација сигурно нема да дојде“, вели Валентин Груевски, советник на ЛДП.

„Иста ваква програма имаше и порано, но мислам дека нема средства ова да се направи“, смета и Менде Тасевски, советник од СДСМ.

Сомнежите дека проектот нема да успее опозицијата ги поткрепува и со фактот што во буџетот на општината за оваа година не се предвидени средства за изградба на спомен-обележја. Од власта велат дека ставката можеби ќе биде пополнета со некој од ребалансите на општинската каса, секако доколку тоа се случи. (А.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=163ACFC94731494D9EB56C247A510BA4
 
Убаво е да се средува градот, ама зошто се претерува?
28 споменици? :eek:
Па прво нека ги санираат тие во паркот, нека ја средат фонтаната пред музејот, нека направат нешто од офицерски...
Огромни површини има во градот кои се неискористени, нека викнат инвеститори зошто да нема трговски центар ниеден во Битола?
Патиштата ги прават а не ги обележуваат, железничка, стадион, спортска сала, места за паркинг? Многу подобро би било ако се насочат кон тие проблеми ;)
 
^ А има некој битолчанец шо не ја проба финтава хахаха. Кај не спомнаја во статијата, цела Битола со ѓезвиња излезени на балкун и фрламе врела вода.. Кај мене не успеа баш и се разочарав.
 
Вчера се вратив од Битола,градот е потонат во мизерија и сиромаштија!
само една улица ја бива-широк сокак и некои околни мали улучки во центарот!
на места бетер изгледа од оние стравине по источна Македонија!
Тетово за Битола како развој,одржување...е Лас Вегас!

Море речи си го имаш барано и си го имаш добиено овде ако ти зборала муцката, па сеа на форуми било вака било така. Куртон еден
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom