Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
muratoEverest.jpgmurato.jpg
Браво Диме! На денешен ден пред 37 години Димитар Илиевски - Мурато го искачи Монт Еверест. Првата слика е направена од видеото на Стипе Божиќ со мала камера бидејќи фотоапаратите им биле замрзнати, а после оваа слика Стипе се спушта надолу со шерпасот, а Диме останува да го чека Вики за да се сликаат и со него. Опремата што ја носи Диме како и целата експедиција МАХЕ '89 - Сагармата (Еверест) е Хели Хансен, а капата е Битолатекс. Втората слика мислам дека е направена на Манаслу '88 и на чекан-цепинот ги носи знамињата на СР Хрватска и СР Макдонија.
 
Прегледај го приврзокот 474157
Соработката на К-15 со Битолска пивара (2000-2002 година).
Прегледај го приврзокот 474299
Да ја надополнам објавата за пивото Кенбах. Еве го термометарот кој во тоа време, а можам слободно да кажам и сега претставува одличен маркетинг трик ама и сигурност во келнерите кои ги служат пивата и внимаваат кое е ладно, а кое топло.
pivara.jpg
Вака започна се. Битолско пиво е по формула на Старопрамен, а Кенбахот кој се јавува мислам веќе во независна Македонија е по лиценцна на турското пиво Ефес или некоја Минхенска формула ама во ова последеното не верувам.
bitolsko.jpg
bitolskoYU.jpgBitolsko-pivoOznaka.jpgBitolsko-pivoOznaka2.jpgBitolsko-pivoOznaka3.jpg
Од сите овие ознаки најмногу ми се допаѓа ознаката со сина позадина затоа што има грб на Македонија од 1694.
 
Back
На врв Bottom