Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Ова не смеј да помини ни под разно !
Треба да се излези на радикални протести, важи за сите граѓани на Битола и околните села, нека ви биди политиката од секундарна цел...
 
Ова не смеј да помини ни под разно !
Треба да се излези на радикални протести, важи за сите граѓани на Битола и околните села, нека ви биди политиката од секундарна цел...
Ах бе Пецка, во град кај шо владее партизација не барај протест.
Напикани се партиски на работа и ќе играат како шо свират по штабови.
Останатите не ни се замараат, младината, спијат до 12 сатот после на кафе гувеат со сати.
За разлика во регионот, цел народ е сплотен на протести, погледнете ги студентите во Србија, овде само за гомна јадење по фејсбуци не бива, таму најјаки сме
 

Габриела Илиевска влезе во трката за градоначалник на Битола како независна кандидатка​

3-2-585x398.png

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.

Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка.

„После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и независна Битола, да ми се приклучите и да застанете против три децении запоставување на градот“, истакна Илиевска.

Илиевска нагласи дека, за разлика од политичките партии, таа нема финансиски ресурси за голема кампања, но тоа нема да ја спречи да се бори.

„Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет и чесност да излезам против сите што досега ја крадеа Битола. Време е Битола да биде независна“, порача таа.

Илиевска има долгогодишно искуство во Советот на Општина Битола – првиот мандат како советничка од ВМРО-Народна партија, а последните два како независна преку иницијативата „Поинаку“. Во јавноста е позната по своите критики и директни настапи против одлуки кои, како што вели, не биле во интерес на Битола.

Со оваа кандидатура, таа станува првата жена независна кандидатка за градоначалник на Битола.


*Интересно, со оглед на тоа што Поинаку на локални избори има се повеќе и повеќе гласови, се надевам и Габи ќе добие солиден број на гласови...
**Овде народот се офци, и се вперени цело време во двете партии, па така да не знам колку независен кандидат би имал сила да победи во оваа барга на народ, ама сум сигурен дека Габи ќе има повеќе гласови од Менде Диневски.
***Како и да е, интересен чекор за досегашната претседателка во советот на Битола.
 
општина со градоначалник од една партија,централна власт од друга партија нема никогаш да напредува и просперира,многу битна е помошта од владата како финансиски така и материјална

никој не е за машала,ама поинаку со негативна кампања и само со плукање работат исто како партиите - за личен интерес
 
никој не е за машала,ама поинаку со негативна кампања и само со плукање работат исто како партиите - за личен интерес

Јас гласав за нив минатите избори ама тој ќелавиот и ова сега ми се најпровидни личности, самите ја усраја работата и сега ќе си трпат. И тие се за личен интерес како и сите други.
 
Драгор
Автоматски споено мислење:

Драгор
 

Attachments

  • 20250819_080805.jpg
    20250819_080805.jpg
    1,6 MB · Прегледи: 27
  • 20250805_153951.jpg
    20250805_153951.jpg
    855,1 KB · Прегледи: 21
Последно уредено:
Битола
Автоматски споено мислење:

 

Attachments

  • 20241121_120534.jpg
    20241121_120534.jpg
    808,2 KB · Прегледи: 30
  • 20241221_163728.jpg
    20241221_163728.jpg
    1.021,8 KB · Прегледи: 28
Последно уредено:
ДО КОГА БИТОЛА ЌЕ СЕ УНИШТУВА А СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ИЗГРАДУВА- НА СКОПЈАНИ ИМ Е ПОТРЕБНО СКОПСКО ПОЛЕ А НЕ ЖИВА ГРОБНИЦА, НИТУ БИТОЛСКИОТ АЕРОДРОМ СО ДРЕНАЖА ГРОБИШТА
Битола во 19 век беше поголем град од Белград. Во Битола беше подигната црквата Св.Димитрија која станала соборна православна црква, под која беа Белград и селото Атина- денес главен град на новата држава Елада, ослободена од Русија водителка на православието. Таа била и главен град на Румелија во која Скопје беше само село без историско значење. Следи трагедија на македонска Македонија- таа била окупирана и поделена од балканските држави, непознати во историјата, дело само на европските држави.
Скопје во 19 век станал центар на српската пропаганда, која како и бугарската и српската биле уништувачки за македонскиот народ. Така Скопје постепено растел, но никако Битола да ја достигне со број на жители и традиции со своја култура. Скопје до Втората светска војна ја стигнал Битола со број на жители, но никако со култура... Потоа Скопје ја надминал со жители, но никако со култура... Денес Скопје е многу голем, кој се состои од Скопје со ниска култура во однос на Битола и со околни населби на Скопско Поле без никакви традици. Следи Скопјани со потекло од цела Р.Македонија ќе ја доуништат Битола и нејзиното население ќе го дораселат. Ваква политика водат само најголемите македонски изроди подржани од Немакедонци.
По Втората светска војна Битола ја воделе Власи како српски и грчки зависници. Тие Битола ја прогласиле за пограничен град, и во него да не се гради баш ништо. Ова не важело за пограничните места на другите републики, кои имале железари... Во Битола требаше да се изгради Тетекс, но тој беше одбиен. Во неа имаше кондураџиски еснаф, чии производи однапред беа продадени во Белград. Меѓутоа, ЧИК се носи во Куманово. За злосторите беа огромни, што овде не би требало да се говори- овде за тоа и не е место.
Кога беше Лазар Колишевски, кој беше битолско домче и гулабарче, пријател на мојот татко гулабар, оти ние живееме близу до домот, Битола во однос на Скопје толку не заостануваше. Со смена на просрпската власт дојде Крсте Црвенковски, кој како Прилепчанец, Битола ја запостави. Па што тој направи ? Поради семејни врски тој Скопје дозволи да стане голем центар, и тоа со Албанци. На тоа Тито нему му укажувал, дека тој ќе ја албанизира Македонија, што за него и ништо не значело. Следи неговите Прилепчани да му испраќаат низа нанижена со албански кечиња за тие него да го потсетат какво зло тој на народот му прави.
Следи селска династија од Кичевско го смена влашкото владеење и се прекинаа понатамошните навреди врз Македонците како волови итн. Но оттогаш Битола почна да заличува на нивното село, чии селани во тоа нивно село ни чешма немале направено... Понатаму Битола си живуркаше, со култура... над Скопје.
На Пелистер беше првата антена во СФРЈ од која се следеа РАИ програмите, а Битолчани први гледаа ТВ програма во Технометал- наспороти стоковата „Корзо“. Кога требаше да има олимпијада во Мексико, СФРЈ на Пелистер требаше да изгради олимписко село... Па во Битола дури се запостави и скијачкиот центар, а му се даде предност на Шар Планина и секаде низ Р.Македонија. Се во Битола мора да е мртво- ѕверови.
Па Кавадарци беше село, но со селска династија тоа станува градче, што не е лошо. Меѓутоа, само наша Битола си назаднува-ла, а мене како Битолчанец само Битола ме занимава, и само за неа пишувам. Ова многу убаво го знаат Битолчани, кои Скопје веќе со векови го мразат како вештачки град без историска основа. Него го води штипската селска династија, која тоа село веќе го прави во се поразвиен од Битола, дури поголем, со свои автопати, аеродроми, со фабрики, затоашто во Битола нема пратеник и одборник маж, туку сите се со скутини кои со цел да се во власта ја заборавија Битола, и затоа во неа секој владее, дури и небитолчани. Да се потсетиме: градоначалникот од селската династија беше запрашан од Франзуци за неговото потекло. Кога тие дознале дека тој не бил од Битола, им се расипале желбите да разговаат за историската Битола. Токму за Битола и Хитлер имал свои планови: по победата на Втората светска војна тој ќе изградел три споменици: еден во Варшава, друг во наша Битола и трет на Олимп- никаде го нема селото Скопје сосе Штип.
Бидејќи Р.Македонија е планинска држава со малку плодни површини, на Македонците им треба Скопско Поле и Битолско Поле а не град Скопје изграден на Скопско Поле без кое Скопје не може да се нахрани- Битолско Поле Скопјани следните генерации ќе ги храни, а Битола ќе назаднува. Што ова говори ? Бидејќи во Битолско Поле е изграден ХМС „Стрежево“ на неговите површини не смее да се произведуваат култури кои не се наводнуваат (пченица, јачмем, сончоглед, маслена репка...) кои се екстезивни и недоходовни туку само доходовни за исхрана на говеда..., и Битола мора да биде центар со млекари и кланици, а не се тоа да се носи вон Битола таа да се плачка, а нејзиниот народ да бега џенемите во полза на селата на Скопје.
Иако гробишта се прават само на ридови, битолскиот аеродром, кој само тој имаше дренажа никако во Атина, селото Скопје, монструмите ни го уништија, него го разораа и гробишта направија... Е македонски ништожници, каде ви се вашите глави, кои како лејки ви служат и се битолско уништивте.
АИК „Лозар“ со партиска полиција им го одзедовте на Битолчани, а и ЗК „Пелагонија“ партиски го купија странци-ништо за Битола и Битолчани, со што Битола 100% стана сировинска основа на збирот скопски населби без градски традиции, а Скопје се гради и доградува на штета на следните генерации, кои за да се нахранат во македонската жива „гробница“ Скопје ќе мора храна да увезува. Што ова говори ? Лудак=лудак.
Битолските одборници и пратеници под итно да се заземат, се што се произведува во Лозар и Пелагонија 100% да останува во Битола, што важи и за субвенциите кои од Битола во неврат се носат- и за се друго.
Иако Битолчани од РЕК со децении се чадат и зрачат, Скопје се мора да му врати на Битола што од РЕК во селата скопски било однесено и за нив изградено. Скопските банди од Општина Битола вештачки создале две непостоечки општини Новаци и Могила, за РЕК и се битолско да стане селско- скопско. Не само тоа, по мелиорацијата на Битолското Блато, што заврши 1963 година, цела опрема остана во Битола, се создаде „Водостопанство“ со центар во Битола кое сите корита на сите реки ги одржуваше. Следи под итно тоа да се возбнови, а ХМС „Стрежево“ како и РЕК „Битола“ да бидат во служба на Битола, а не да се странски.
На Битолчани не им треба скопска жива гробница туку Битола да му се врати приматот пред Скопје во се, а не некакви безвредници да ја менуваат историјата. Следи под итно Р.Македонија да запопчне да го гради македонската историска тврдина наследство на Цар Самуил, и стоп за Скопје. (ФБ- 06.09.2015)
 
Како се ХМС „Стрежево“ и РЕК „Битола“ странски кога во нив работат луѓе од општините Битола, Могила и Новаци. Аеродромот кај Оризари нема оправадност да постои, а кај Логоварди можи да се изгради ама дали за тоа има потреба и техно-економска оправданост. Некој што го пишувал ова очигледно не ги знае некои работи како одат, а такви има и денес (примерот со гондолата).
 
Како се ХМС „Стрежево“ и РЕК „Битола“ странски кога во нив работат луѓе од општините Битола, Могила и Новаци. Аеродромот кај Оризари нема оправадност да постои, а кај Логоварди можи да се изгради ама дали за тоа има потреба и техно-економска оправданост. Некој што го пишувал ова очигледно не ги знае некои работи како одат, а такви има и денес (примерот со гондолата).
Моја грешка ко сум направил копи и пасте не сум го навел изворот
Инаку не знам шо мислел со тоа дека не се наши стрежево и рек освен дека седиштат и парите одат во скопје кремот е на страна остануваат тука трошките и дека мора од тука да вработат да можеја шо се вели зборот од страна че донесена луѓе Битола ја изгуби својата сила на првиот протест на РЕК во деведесетите кога штрајкуваа и падна мостот на Реган после тоа се е историја
Муабето ми беше дека некогаш овај историчар претерва со текстовите но многу и му држат вода и можи нешто ново да се научи и види друг став освен тој шо е мејнстрим плус некој податоци прв пат јас кај него видов за битолско блато поле, за германските гробишта дека се единствен изграден објект на нацистите надвор од Германија и многу за историја на Битола информации по ги нема никаде на друго место
 
1.jpg
2.jpg


unnamed.jpg

Работата, турни ме да кинисам...
Разбирам дека сите партии, инцијативи се прат за свој личен интерес. Ама па вака јавно да кажваш дека се е шарада. Директно ти кажва колку ниско мислење имат за обичниот народ во Битола, посебно онај шо нема книшка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom