Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Ова не смеј да помини ни под разно !
Треба да се излези на радикални протести, важи за сите граѓани на Битола и околните села, нека ви биди политиката од секундарна цел...
 
Ова не смеј да помини ни под разно !
Треба да се излези на радикални протести, важи за сите граѓани на Битола и околните села, нека ви биди политиката од секундарна цел...
Ах бе Пецка, во град кај шо владее партизација не барај протест.
Напикани се партиски на работа и ќе играат како шо свират по штабови.
Останатите не ни се замараат, младината, спијат до 12 сатот после на кафе гувеат со сати.
За разлика во регионот, цел народ е сплотен на протести, погледнете ги студентите во Србија, овде само за гомна јадење по фејсбуци не бива, таму најјаки сме
 

Габриела Илиевска влезе во трката за градоначалник на Битола како независна кандидатка​

3-2-585x398.png

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.

Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка.

„После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и независна Битола, да ми се приклучите и да застанете против три децении запоставување на градот“, истакна Илиевска.

Илиевска нагласи дека, за разлика од политичките партии, таа нема финансиски ресурси за голема кампања, но тоа нема да ја спречи да се бори.

„Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет и чесност да излезам против сите што досега ја крадеа Битола. Време е Битола да биде независна“, порача таа.

Илиевска има долгогодишно искуство во Советот на Општина Битола – првиот мандат како советничка од ВМРО-Народна партија, а последните два како независна преку иницијативата „Поинаку“. Во јавноста е позната по своите критики и директни настапи против одлуки кои, како што вели, не биле во интерес на Битола.

Со оваа кандидатура, таа станува првата жена независна кандидатка за градоначалник на Битола.


*Интересно, со оглед на тоа што Поинаку на локални избори има се повеќе и повеќе гласови, се надевам и Габи ќе добие солиден број на гласови...
**Овде народот се офци, и се вперени цело време во двете партии, па така да не знам колку независен кандидат би имал сила да победи во оваа барга на народ, ама сум сигурен дека Габи ќе има повеќе гласови од Менде Диневски.
***Како и да е, интересен чекор за досегашната претседателка во советот на Битола.
 
општина со градоначалник од една партија,централна власт од друга партија нема никогаш да напредува и просперира,многу битна е помошта од владата како финансиски така и материјална

никој не е за машала,ама поинаку со негативна кампања и само со плукање работат исто како партиите - за личен интерес
 
никој не е за машала,ама поинаку со негативна кампања и само со плукање работат исто како партиите - за личен интерес

Јас гласав за нив минатите избори ама тој ќелавиот и ова сега ми се најпровидни личности, самите ја усраја работата и сега ќе си трпат. И тие се за личен интерес како и сите други.
 
Драгор
Автоматски споено мислење:

Драгор
 

Attachments

  • 20250819_080805.jpg
    20250819_080805.jpg
    1,6 MB · Прегледи: 16
  • 20250805_153951.jpg
    20250805_153951.jpg
    855,1 KB · Прегледи: 10
Последно уредено:
Битола
Автоматски споено мислење:

 

Attachments

  • 20241121_120534.jpg
    20241121_120534.jpg
    808,2 KB · Прегледи: 10
  • 20241221_163728.jpg
    20241221_163728.jpg
    1.021,8 KB · Прегледи: 8
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom