- Член од
- 22 февруари 2007
- Мислења
- 7.076
- Поени од реакции
- 1.940
Не се осетив повикан од твојот пост , али ајде ќе ти реплицирам .
За патишта , клиники , аеродроми и стадиони нити дискутирам зато шо то се капитални инвестиции за кои ниедна општина нема финансиски капацитет да ги изведи . Тука треба државата да си изгради стратегија за развој на југозападниот дел , па од таму да дојдат тие инвестиции во автоопати и регионални патишта за регионално поврзување или градење на регионален центар (во случајот Битола) . Ова централизација шо се напрај во последните 10-15 години е од невидени размери и го фрли овај регион на маргините буквално .
Незнам која е логиката за таква централизаицја и гушење на државата во еден град , али то и не ме интересира пошо никогаш нема да се смени во иднина и ќе продолжи тој тренд.
Е сеа за офицерски дом...
Тука е вината директно на општината и на никој друг.
Како граѓанин на град Битола , редовни си ги плаќам даноците и обврските а за возврат очекувам административците кои се избрани од нас и се платени од наши пари да се грижат како да ги распоредат тие средства од буџетот за да градот функционира нормално .
Ако ние како општина сме дозволиле да нема 50 илјади евра годишно за оддржување на ваков споменик , тогаш незнам шо да речам . Како ние се фалиме со битфест и битолско културно лето секоја година , ако вако објект од културно наследство во срцето на Широк Сокак сме дозволиле да се распаѓа и да си ја префрламе топката едни на други . За битгфест имаме по 400 илјади евра секое лето а за офицерски неаме да го средиме . Е неможи така , веќе тие клошарски потези не му проаѓат во јавноста и сите го научија шо матрапаз е тој двојче .
Како бе другар јас да прам иницијативи , кога секоја иницијатива ќе биди партиски етикетирана и медиумски ќе те уништат . Нема ние шо да прајме иницијативи ко тие имат средства а и должност домот да го одржуват . Кога дојде Двојче на власт , бараше во Скопје да му дозволат општината да ја премести токму таму во Офиццерски , ама од ко беше одбиен од министерство за култура буквално уште еднаш не го спомна домот .
Реков и пак ќе речам , ако не се способни да го напрат , нека се растрчат по министерства или нека отворат некоја сметка за донации како шо напраја во Скопје за црквата св. Константин и Елена во центар и нека си донират луѓето кој колку можи . Имаме доста иселеници надвор кој можи и да поможат . Еве јас така можам да поможам , да се јавам и да донирам ако има таква работа или еве по твојот пример и јас би излегол прв ако има акција да волонтирам и да поможам со физичка работа . Ама неможам јас да му обезбедам на Двојче пари а тој да се слика и да речи дека то е негова заслуга. Немам таква моќ . Јас сум никој и ништо за да издејствувам такви средства .
Ај да го тргниме офицерски настрана , еве за сите проблеми во градот тој Двојче нема пари и надлежности . Еден проблем не реши ... Домот се запали немал надлежност . Патот за Пелистер е свлечиште , ама тој не е одговорен пошо немал надлежност . Мерната станица не работи тој нема надлежност . Сајлата на жичарата 8 години не работеше , ама тој немал надлежност да интервенира.
Коритото на реката Драгор , поточно пред општина , му се распадна пред очи а тој избегава да одговори кога ќе го санира . За да биди парадоксот уште поголем , пред некој ден се сликаше дека ќе го чистел коритото во долниот дел од градот а горе пред општина е распад систем .
Улиците во центарот на градот се ужас , не одам подалеку ... Еве пред Епинал во строг центар имаш дупки огромни со години.
За шо има надлежност уствари тој ќепецот е вистинското прашање ???
Освен за да напрај некоја ујдурма со буџетските пари и јавните набавки и тендери за шо друго има тој надлежност ??
Јас овде на форумот само сакам да посочам на сите лапсузи шо ги прај таткото наш . Ако напрај нешто паметно и то ќе го споделиме овде и ќе го пофалиме , ама вервај таква работа неможиш да најдиш во последните 7-8 години . Барем јас не се сеќавам .
Па мање више истото го збораме. Сите овие работи шо ги наброја се оооогромни проблеми. И за сите треба иницијатива оти тешко нас е.
Само што јас повеќе се нервирам со овие другите прашања отколку офицерски. Пред се сообраќајот во градот и тоа што немаме паркинзи откако ти окупира онај компирот. Дупките по улици, безбедност и да не набројувам. Офицерски и јас сакам да биди среден ама ако е тесен буџетот повеќе сакам овие другите работи да се поправаат.
Затоа и ти ги кажав оние иницијативите. Ако нема пари да се искоистат како алтернатва.
Битола е осакатена во секој поглед. Моооооора да се работи на нејзин раазвој. Искрено поголем минус имаат и сите оние што парадирале во парламент или влада а не мрднале со прст околу ова прашање. А најголем минус имаме ние граѓанитте што молчиме.
.
Одлична атмосфера. Исто така најубави се битолчанките 




)...
Да земиме вика поволен кредит за изградба на патна инфраструктура во касарната.

i gi dupat