Менде го имам и лично запознаено... Дечкото е сосема коректен. Неговите колумни т.е видеа од неколку минути јас лично воопшто не ги сфаќам.
Критикува за тоа дека сме слепо црево, дека ништо не е мрднато од местото 20 години, дека тониме се подлабоко и подлабоко... Тек тук ќе се осврни дека секој град и село во државата одат колку толку во нагорна линија за разлика од нас. И тука застанва. Кој е крив? Господ. Иста приказна како со протестите за загадениот воздух... Обожаваме да протестираме против никој

За секоја аномалија крив е некој од надвор... Едноставно не знајме ни кого тепаме ни во што маваме.
Многу добро се знај од каде извира реката кај нас. Ама упорно ние си спиеме на ушите, чекаме некое чудо да се случи, и после фала богу никој никогаш не бил за вмро.
На Менде колумните се исто како на Иве изјавата од пред 5-6 години. Уште пред да почни да се плетка како менаџер, излезе на Тера и јасно и гласно кажа дека Златко и Заре требаше да конкурираат барем во поширокиот список за репрезентацијата, ама кај нас се знај дека ако не си од Вардар или Металург можиш да сонваш за повик, дури и нешто разглабаше за кланојте во репрезентацијата, нешто шо е јавна тајна преку 10 години. И по некоја недела в сала, еден од постарите му рече на Иве многу убо кажа на телевизија, ама штета шо те слушнаја само до Плетвар.

Е така е и со на Менде колумните, дечкото испаѓа како да млати слама на празно. Уште царот (Двојче) шета гол и си ја фали наметката а сите се прат на удрени дека се е во ред. И на секој ќош се шушка против власта и на крај останва на то. Сега е актуелно да се бара кој е предавник а кој патриот, па дури и пред некоја недела очи ќе си извадеа двајца мажи 50+ кои чекаа бесплатен оброк во една од месните заедници во чија близина живеам. И двајцата немаат сол в очи да си фрлат, донесени се на работ на егзистенција, немаат ни за основна хигиена, ни за кинески чевли од 3 стотки... Ама и нив битно им е кој е предавник а кој патриот.
Ама пак и низ историјата ако гледаме, 500 години турците ни седеле на гла ни било океј. Кој шо стигна ни откина територија, изврши невиден терор... Со исклучок на Комитите никој друг не се замарал. Па и ова ни е малце нас... Утре да не префрлат во Северна Кореја, уште посилно од тие тамошните има да му шлукаме на дебелкото, сите ќе се зачудат.
