Бисери oд училишни денови

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Правевме тест по Биологија у средата и оваа професорката вика: Првиот пат ако ве видам да се завртите,ќе има само прва опомена,вториот пат одите надвор,а третио пат кец у дневник

:pos2::pos2::pos2::pos2:

На истиот тест pumaval пишал : Животните се исхрануваат афтотрофно :jaj:

А денес на Физика зборувавме за Халеевата комета и професорот вика: Следната ќе биде у 2062 и вие тогаш ќе имате 68 години,па ако ја видите може да се сетите на мене..И еден другар вика: Да,да професоре ќе кајме "ееееее за ваа комета уф прва година ни говори професоро по физика,бог да у просте"

:pos2:

Едит: И имаше во еден состав на Англиски денес лајт најф, девојката мислела на најт лајф :pos2:
 
Денеска на социологија јака ствар се случи :)

Крева рака едно девојче зад мене што седи,како демек доброволка нешто и професоркава ја прашува -За што креваш(која тема) ?
И еден брачка дофрли-За здравје креват:) абе урнебес:pos2::pos2:
 
Професорот по математика прашува : Шо е газела?
pumaval: Вид мачка професоре

:):):)

А за ова треба минута молчење..Во Основното еден разбркан настаник предава хемија.На девојчињата им се обраќаше со "срце",на машките со "магаре"...уствари сигурно уште им се обраќа..Како и да е,на неговиот час,имало 2ца типци и цел час маубет правеле и овој утепаниов им кажал:Еј вие двајцата цел час зборувате,веднаш да си ги смените местата

:pos2::pos2:
 
По биологија нашата наставничка:
- Ајде кој е отсутен нека крене рака! :tapp:
 
Класната: Зошто избега во среда 6ти час?
Јас: Професорке не избегав
Класната: Гледам те запишале
Јас: Е добро де, ама јас не бегав, полека си одев :pos:
 
Кој ќе го избркам нека го напушто часот.:toe:
 
Професорот по Хемија на двајца другари шо седат на иста клупа и праеа муабет со шепотење ...
Професорот: Ееј вие двајца ако не ви се слуша одите во WC и водите љубов...:vozbud:
 
Професорката по биологија:
-бурекот е најевтин на сабајле.

Професорката по латински вика "прва клупа надвор" и нездравите што седеле на прва клупа ја земале и ја изнеле надвор.
 
Денес сеуште се сеќавам во основно професорот по историја , ни дојде нов, млад беше и меѓу првите часови застанал на табла и нешто за Австроунгарија збореше и рекордно 16 пати рече АвстроунгариЛа и се изнервира и ние иако пукавме од смеа несмеевме да се насмееме на глас нов беше незнаевме како ке реагира хахахах.... позз до Оливер :wink: :smir:
 
Во трето одделение, едно другарче, на прашањето од тестот кое гласело: Наброј неколку домашни животни.
Одговор: Јас, тато, мама и бато. :tv:
 
На час по англиски, седиме и професорката доаѓа до мене.
Јас [на едно од децата шо седат до мене]: Попе, де скини ми еден лист, не носам јас тетратка на англиски.
Професорката: Од кога он се вика попе?
Јас: Уште од прва година.
Професорката: Јас пак мислев Раде му е името.
Јас: Не, попе му е.
Професорката: Преќини да му викаш така, јас не гледам поп тука.
Јас: Е да не очекуваш со мантија да иде на школо?
 
Сеа кога прочитав погоре бисер од трето одд,ми текна и мене еден.

На математика едно дете го скорна учителката на табла и го праша колку е 8-7.. Овој се мислеше,се мислеше,но никако не му текна колку е. И така учителката му вика ај покажи 8 прсти и овој покажува цела рака и 3 прста на другата (накај учителката) и сеа она му вика ај одземи 7 и овој почнува од таа раката на која има 5 дигнати прсти и брои: 1,2,3,4,5(ја спушта раката),продолжува на другата 6(палецот),7(показалецот) и останува свртен накај учителката покажувајќи и
sreden_prst.jpg



:pos2:
 
Сеа кога прочитав погоре бисер од трето одд,ми текна и мене еден.

На математика едно дете го скорна учителката на табла и го праша колку е 8-7.. Овој се мислеше,се мислеше,но никако не му текна колку е. И така учителката му вика ај покажи 8 прсти и овој покажува цела рака и 3 прста на другата (накај учителката) и сеа она му вика ај одземи 7 и овој почнува од таа раката на која има 5 дигнати прсти и брои: 1,2,3,4,5(ја спушта раката),продолжува на другата 6(палецот),7(показалецот) и останува свртен накај учителката покажувајќи и
sreden_prst.jpg



:pos2:
Ретардиран е бил :pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom