БИОХАЗАРД!

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
не се разбирам многу но по логика го поврзав трагичниот случај во ШТИП , акцијата на Нова Македонија и срамежливите предупредувања од Министерството...

дали нешто не ни се кажува, дали инспекциите и царината работат како што треба ... дали со живот ке почнеме да ги плакаме дебелите инспектори и неажурни институции...


Телото на 18-годишната штипјанка Барбара Лазараова, која синоќа почина, е предадено на обдукција. Лазарова, која беше затруена во Црна Гора, почина на Клиниката за нефрологија по неколкудневната борба за живот.
Еден од причинителите за општиот колапс на организмот, според неофицијалните информации,е посебен сојна бактеријата Ешерихија коли, непознат за овие простори, чиј токсин предизвикал опасен хемолитичен синдром.






Акција за испитување храна на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена ... Бактеријата ешерихија коли беше најдена и во мостра од пилешки батак


Акција за испитување храна на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена заштита и на Министерството за здравство (2)
Во пилешко откриени три ризични бактерии
meso-thumb.jpg
Месото што се продава на пазарските тезгиња е небезбедно. Но опасно за здравјето може да се најде и во месарниците. Овие податоци се резултат на истражувањето на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена заштита и на Министерството за здравство. Во акцијата за микробиолошко испитување на храната, која се продава во продавниците и пазарските тезгиња, испитавме и 50 производи-месо и месни преработки, купени на различни места во Скопје. Шест од нив се покажаа неисправни и небезбедни за граѓаните. Од месо, купено во повеќе делови на градот, микробиолошката лабораторија на РЗЗЗ ги изолира бактериите салмонела, ешерихија коли и стафилококус ауреус.

И по три опасни бактерии во парче месо

Еден од неисправните производи во кој беа најдени бактерии беше купен во месарница на познат производител. Во свинска кртина беа изолирани бактериите стафилококус ауреус и ешерихија коли. Сите други пет производи ги купивме во продавничките и тезгињата на Бит-пазар и на пазарот во населбата Шуто Оризари.
Во пилешки грб со коска, купен на пазарот во Шуто Оризари, беа пронајдени сите три бактерии, салмонела, стафилококус ауреус и ешерихија коли. Последната ја имаше и во пилешки батак, но и во риба филети од истиот пазар. РЗЗЗ во рибата најде и зголемен број дозволени бактерии.
Бактеријата ешерихија коли беше најдена и во мостра од пилешки батак, замрзнат, купен во продавничка на Бит-пазар, но и во пилешки карабатак. Во карабатакот имаше и стафилококус ауреус.
Лекарите објаснуваат дека изворите на бактериите се различни, но сите укажуваат на тоа дека со храната се манипулира во лоши хигиенски услови.
Тоа не може да се забележи по месарниците, кои главно изгледаат чисто и пристојно. Меѓутоа, месо и месни производи се продаваат и во продавнички, но и на тезгиња.
Месо се продава и на најлони и муШами

Најлоша е состојбата на Бит-пазар и на пазарот во Шуто Оризари. На овие пазари меленото месо може да ви го издвојат за мерење и со гола рака. На Бит-пазар продавачите велат дека внимаваат да изложуваат замрзнато месо. Можете да забележите како и по неколку пати во текот на денот го враќаат во ладилниците за повторно да се замрзне, откако ќе попушти на високите температури.
Лекарите велат дека токму ваквото постапување е причината поради која и доаѓа до размножување на бактерии. Во Шуто Оризари, пак, замрзнато месо можете да најдете само доколку продавачот отворил нова кутија во која е спакувано. На високите температури тоа се чува поставено на мушами или најлонски ќеси и претставува собиралиште на инсекти. Некои од продавачите се обидуваат да се справат со нив, а други објаснуваат дека и онака ќе се варело.
- Тука купувам батаци за кучето. Ги варам и му ги давам. Поевтино е за 30-40 проценти. Јас вакво месо не јадам – ни објасни Спасе Јовановски, кој пазаруваше на едно од тезгињата на Бит-пазар.
Еден од продавачите на импровизирано тезге ни објасни како да го приготвуваме кога го прашавме дали е сигурно она што го продава.
- Ако се плашите, прво треба да го сварите, а потоа и да го испечете или испржите. Ова не е опасно месо, го купувам од јака фирма, ама бидејќи ви е страв послушајте ме. Така и да има нешто, се ќе се уништи – не посоветува.



Варење, печење и пржење не се заштита

Од Републичкиот завод за здравствена заштита објаснуваат дека кога се работи за бактеријата стафилококус ауреус, човекот не може да се заштити и доколку храната добро термички ја обработи.
- Салмонела и ешерихија коли во месото може да се уништат со добра термичка обработка. Се уништува и патогената бактерија стафилококус ауреус, меѓутоа е опасна поради тоа што лачи токсини во храната. Тие се отпорни на повисоки температури – објаснуваат од РЗЗЗ.
Од оваа установа предупредуваат дека мора да се внимава со термичката обработка на месото.
- Често се случува месото да се јаде недоволно печено, пржено или варено. Доколку во секој дел од него не се постигне температура од 70 Целзиусови степени, бактериите и понатаму опстојуваат – додаваат лекарите.
Доколку се работи за печење, тоа значи дека треба да стои на температура од околу 250 Целзиусови степени, најмалку дваесетина минути.



Бактериите предизвикуваат цревни инфекции

Преку храната, стафилококус ауреус и нејзините токсини може да предизвикаат гастроентеритис или воспаление на желудникот и цревата. Болеста е проследена со гадење, повраќање, висока телесна температура и дијареја, кои може да доведат до дехидрација.
Извор на оваа бактерија е човекот. Таа се наоѓа во носната слуз. Бактеријата во храната укажува на нехигиенско манипулирање со храната. Може да се пренесе и преку кашлање или кивање.
Ешерихија коли, која исто така беше микробиолошки детектирана, е дел од нормалната цревна флора кај луѓето и животните. Типот на бактеријата најден во мострите што ги однесовме на испитување напаѓа организам со намален имунитет. Исто така може да предизвика гастроентеритис т.е. воспаление на желудникот и на цревата. Кај доенчиња може да предизвика крвави течни столици. Предизвикува болест што личи на бацилна дизентерија со стомачни болки, повраќање, треска и премаленост.
Цревна и желудочна болест предизвикува и салмонелата. Нејзин вообичаен извор се животните, кои се одгледуваат поради месо, перја, млеко или јајца.
 
Да му е страв на човека да се наруча на раат.

Мора да се внимава од каде потекнува храната и од каде се купува.
 
Ајде со добра надеж и задолжителниот HACCP (хасап) наскоро ќе ги снема овие појави и строго ќе бидат санкционирани.
 
Знаете дека е поевтино да се донесе месо од Бразил или Аргентина него ли да се произведе овде ?
Ама никој не поставува прашање за какво месо се работи ?
Во игра се контингенти, провизии, царина, Влада, итн.
Складирањето на месо е исто така битен дел од прикаската.
Работа со храна и необученоста, со иста рака пари ти зема со иста рака месото го фаќа.
Ужас.

Дембели инспектори џабелебојадачи, неспсобна багра, учена на мувте да јаде од добро одбрано месо.

Лекот.
Драконски казни, инсепкции, лабаратории, царина.
 
Ајде со добра надеж и задолжителниот HACCP (хасап) наскоро ќе ги снема овие појави и строго ќе бидат санкционирани.

Најпрвин мора да се применат други закони па по едно 20-30 години може и (хасап) или НАССР,знаеш дека е многу поважно да се пазари со патриотска фискална,па на фирмата да стои кирилица,многу се поважни такви работи одколку тоа дали некој ќе бидел заразен со некаква бактерија и затруен со храна која ја купил,или со водата која ја плаќа најскапо во Европа а изгледа како “боза“,што е секојдневие во Прилеп каде фала богу барем “мислиме“ дека сеуште нема колера.Не може да се има добра надеж во земја каде некакви моронски закони имаат приоритет над оние кој се навистина важни за здравјето на луѓето.
 
Ништо од одморот во Ц.Гора.


НЕ СЕ СЕКИРАЈ..ЦРНА ГОРА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ


Еден од причинителите за општиот колапс на организмот, според неофицијалните информации,е посебен сојна бактеријата Ешерихија коли, непознат за овие простори


НЕПОЗНАТ ЛИ??? истата бактерија што во Црна Гора го усмрти девојчето од Штип, најдена во заедничка акција на Нова Македонија и РЗЗЗ по Скопските пазари и продавници



Акција за испитување храна на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена ... Бактеријата Ешерихија коли беше најдена и во мостра од пилешки батак
 
Најпрвин мора да се применат други закони па по едно 20-30 години може и (хасап) или НАССР,знаеш дека е многу поважно да се пазари со патриотска фискална,па на фирмата да стои кирилица,многу се поважни такви работи одколку тоа дали некој ќе бидел заразен со некаква бактерија и затруен со храна која ја купил,или со водата која ја плаќа најскапо во Европа а изгледа како “боза“,што е секојдневие во Прилеп каде фала богу барем “мислиме“ дека сеуште нема колера.Не може да се има добра надеж во земја каде некакви моронски закони имаат приоритет над оние кој се навистина важни за здравјето на луѓето.
Човек во тек е воведување на Хасап, бтв во Прилеп во прва укажана прилика би го уништил тој сирниот (читај бактерија) пазар.
 
НЕ СЕ СЕКИРАЈ..ЦРНА ГОРА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ


Еден од причинителите за општиот колапс на организмот, според неофицијалните информации,е посебен сојна бактеријата Ешерихија коли, непознат за овие простори


НЕПОЗНАТ ЛИ??? истата бактерија што во Црна Гора го усмрти девојчето од Штип, најдена во заедничка акција на Нова Македонија и РЗЗЗ по Скопските пазари и продавници



Акција за испитување храна на „Нова Македонија“, Републичкиот завод за здравствена ... Бактеријата Ешерихија коли беше најдена и во мостра од пилешки батак
Бактеријата Ешерихија Коли е стара и добро позната бактерија која е колифомна бактерија т.е со фекално потекло.... е сега спомна нов сој т.е бактеријата мутира и се приспособи на антибиотиците кои сега и служат како храна, за жал истото и далеку полошо е со стафилококус ауреус :S
 
Човек во тек е воведување на Хасап, бтв во Прилеп во прва укажана прилика би го уништил тој сирниот (читај бактерија) пазар.

Тоа не е приоритет сега бе,сега треба да се градат дупнати фонтани и чешми шарени со Итар Пејо,народот може да крка сирење со бруцелоза,па пилешки копани и стек продадени на асфалт,риби стари и по 2 децении,се адаптиравме и ние,всушност сега бактериите ни станаа секојдневна храна како антибиотиците што им станаа ним.Затоа сега се многу поважни други закони одколку непотребниот хасап како што напоменав погоре.Друго е кога ќе прочиташ дека вита-кремот е Македонски производ на фискалната,тоа ти е од непроценлива важност иако суровините за негово производство се од увоз,сепак ти е мило што и ние сме имале некаков производ,па и доколку си бил малку затруен одма ти се крева моралот и си оздравуваш.:helou:
 
Здравствената состојба во МК е веќе повеќе години алармантна со тенденција на влошување.

Во зима практично 50% од населението во Скопје е болно (не знам како е во помалите градови) со кашлици и инфекции кои траат по неколку месеци, состојба која во Западна Европа е тотално непозната (барем јас што сум видел).

Храната, посебно обработената процесирана храна е од најчесто непознат квалитет и се чува во недефинирани услови. Конзерванси, пестициди, токсични бои и ароми се добро утро и добар ден. Месо се увезува од не знам каде и се чува во не знам какви услови. Со други зборови чкартот од ЕУ, Јужна Америка и некои земји од Источна Европа доаѓа кај нас.

Дома веќе неколку години не јадеме месо од горе наведениве причини.

Освен тоа по скопските клиники веќе има таков сој бактерии кои се отпорни практично на сите познати антибиотици па ако ве фати нека ви е со среќа.

Децата во градинка наскоро ќе почнат да пијат флурирано млеко така што здравјето уште повеќе ќе им опадне а забите, е да, забите нема ни еден промил да им фаќаат помалку кариес се додека масовно се конзумираат бел шеќер, бело брашно и останати производи кои ствараат киселини кои ги разградуваат забите.

За квалитетот на скопската вода не мора да трошам зборови само ќе кажам дека последните години сме на флаширана вода (што се нормално додатни трошоци).

Гледајќи ги сите овие фактори не е ни за чудење што народот се повеќе заглупавува и е претворен во стока.

Болен човек лесно се манипулира.
 
Имаше и еден план кој се викаше Мојсеј-2 и кој треба да биде остварен до крајот на 2050та.Проблемот е во тоа што и здрав човек лесно се манипулира додека е во ГЕТО како ова нашево,и кое е составен дел на истиот план.:toe:
 
Back
На врв Bottom