BinBin - апликација за изнајмување електрични тротинети

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.821
Поени од реакции
39.486
Локација
Скопје
Од денес, 19.05.2023, во Скопје беше пуштена во употреба услугата на турската компанија BinBin за изнајмување на електрични тротинети. Системот за изнајмување на електрични скутери и тротинети за прв пат е воведен во 2017 година во Санта Моника, Калифорнија, САД. Во Турција (Истанбул), првата фирма за изнајмување на електрични тротинети, Martı (Галеб) е основана следната 2018 година, а почнала со работа во 2019, од страна на двајца млади луѓе кои со фирмата буквално се збогатиле. По успехот на Martı, во Истанбул се основани уште 5 такви фирми, и градот е буквално преплавен со електрични тротинети и скутери за изнајмување. Минатата година бев во Истанбул и од луѓе од таму слушнав дека една од фирмите планирала да го прошири бизнисот и со автомобили, но моментално на интернет не успеав да најдам никаква информација за тоа.

1684520909783.png

Една од компаниите кои се доста успешни во Турција, BinBin (буквален превод на македонски: КачиКачи :D), од денес ја има и во Скопје. Од страна на BinBin се купени 500 електрични тротинети кои веројатно можевте да ги забележите денес паркирани низ Скопје, од Ѓорче до Ново Лисиче. ЈП „Градски паркинг“, ќе и наплаќа на фирмата за издавањето на локациите каде што се поставени пунктовите на тротинетите, моментално 16 такви, но 3 локации биле несоодветни за фирмата, па така се бараат уште локации за ширење на мрежата.

Сите изнајмувања се вршат преку мобилната апликација BinBin. Цената за изнајмување на тротинет е 9 денари минута, но доколку на апликацијата ставиш паричник од 300 денари, ти дава +45 денари гратис, а доколку ставиш паричник од 500 денари, ти дава +100 денари гратис. Така, цената доаѓа околу 7,3 денари од минута. За да се користи електричен тротинет, граѓаните ќе треба да ја симнат апликацијата, за која бар-код има на пунктовите и на неа има повеќе начини на плаќање. Тротинетот ќе може да се подигне на еден од пунктовите и потоа да се остави каде било.

1684521025241.png

Или поедноставно:
1. Симнуваш мобилна апликација на телефон - https://play.google.com/store/apps/details?id=com.BINBIN&hl=mk&gl=US
2. Ставаш пари на неа
3. Одиш до електричен тротинет (паркирани се насекаде низ Скопје, а можат да се најдат на мапа која е поставена на самата апликација и која ги прикажува најблиските бинбинови (така ги нарекуваат Турците тротинетите на BinBin)), го вклучуваш преку апликацијата и можеш да го возиш во рамки на дозволените граници кои се исто означени на мапата, а го опфаќаат скоро цело градско подрачје на Скопје.
4. На крајот го оставаш бинбинот било каде (во Турција ги заклучуваат на бандери, огради, дрва, ама кај нас ко што видов сите се оставени така, не се заклучени), го исклучуваш од апликацијата која ти наплаќа за возењето, и го сликаш и ја поставуваш сликата на апликацијата.
5. При пребарувањето на тротинетите, ти покажува колку батерија имаат, доколку има попуст за некој ти го покажува и попустот и сл. Навечер од фирмата ги земаат и ги носат или на пунктовите за полнење, или само им поставуваат нови, наполнети батерии и ги оставаат на истото место, па така утредента сите тротинети се одново спремни за користење.

20230519_094513.jpg 20230519_070443.jpg 20230519_102545.jpg

Граѓаните откако ќе завршат со работа можат од еден пункт да изнајмат тротинет, да си дојдат дома, а него да го остават пред нивната зграда или куќа. Бидејќи се со GRS, тротинетите се гледаат во системот и од фирмата знаат каде е оставен. Кога не е вклучен сигналот тротинетот тешко може да се турка и постојано свири. Така што е тешко некој да се осуди да го украде, барем така тврдат од фирмата. Исто така, тротинетот не може да се вози на никаков начин без мобилната апликација, па затоа од BinBin веруваат дека дивјаците кај нас нема да можат да ги земат, префарбаат и продадат или расклопат и фрлат за старо железо, иако јас сум се уште скептичен.

Инаку, освен кај нас и во Турција, BinBin веќе се проширил наводно и во уште 6 држави, меѓу кои Хрватска, Бугарија и Босна и Херцеговина (каде е главен спонзор на ФК Сарајево), и во вкупно, како што велат - 80 града.

Па да видиме колку би бил успешен проект ова кај нас и дали ќе потрае.

1684522359918.png
 
Све фино ама ова ич нема да пројде тука.
Ќе ги крадат тротинетите, ќе ги расипат одма. Не сме ние за вакви работи :(
 
Den-na-mobilnost-luge-na-velosipedi-i-trotineti-niz-Skopje-1-bg_resize.jpg

...дополнително треба да се донесе превилник или закон за користење на тротинет, кој може да го вози, правила во сообраќајот, а не се вози каде се сака, кој сака, со што се загрозува самиот тротинеташ, но и пешакот кој наеднаш може да му се пресече правецот на движење од ненајден возач на тротинет со голема брзина на тротоар, не може да тротенише со голема брзина де на улица, де на тротоар!

mihail-petrovski-gradski-parking-14.05.2023.jpg
 
Све фино ама ова ич нема да пројде тука.
Ќе ги крадат тротинетите, ќе ги расипат одма. Не сме ние за вакви работи :(
Најверојатно се со ГПС примопредавател опремени, ќе ги најдат... освен под земја.
 
И да им ги кршат им се исплати. За два цели дена возење ги вадат парите од еден тротинет. Ако е 7.3 ден минута за 24 саати околу 10.500 денари треба да извади еден.
 
И која е улогата на овие кога јас пак треба да дојдам до нив за да го земам. Ова само за некој странец да го прошета Скопје побрзо.

Плус не и баш ефтино. До работа ми треба 15мин, значи навака и натака ќе треба да дадам 150ден. И плус ако брои дур не го користиш тури му пепел, во продавница ќе влезам тоа ќе си куца. Искача поскапо од кола.

Златен точак ништо не го мења.
 
И да им ги кршат им се исплати. За два цели дена возење ги вадат парите од еден тротинет. Ако е 7.3 ден минута за 24 саати околу 10.500 денари треба да извади еден.
Мислам дека некаде прочитав или пак на самата апликација видов кај некој од тротинетите дека 4-5 саати им трае батеријата. Плус, тука сметај го и паркингот што го плаќаат на ЈП Паркинзи. Ама да, да немаат заработка сигурно нема толку да се шират и да се успешни. Пишав погоре - типот што ја основал Martı во 2018 имал 26 години, а денес е милионер. За него не знам дали се шири во други држави, ама Martı денес изнајмува и скутери, а реков - лани планирале и електрични автомобили.
 
И која е улогата на овие кога јас пак треба да дојдам до нив за да го земам.
Има места каде со кола не може да се појде, можат да ти завршат работа, како не. И не треба многу да одиш за да го земеш, ги има буквално насекаде. Утрово околу Сити Мол беа паркирани минимум 30, речиси на секои 10 чекори имаше тротинет, на пример. Исто и на плоштад. А и заборавив да спомнам - можеш и да си резервираш некој, и тоа било кој ти што ќе го одбереш. 3 денари е резервацијата, не знам колку трае.
 
И внимавајте ноќе, одејќи по тротоар, да не се сопнете од некој тротинет.

тоа е и проблемот со овие услуги. Корисниците ги оставаат тротинетите кајгоде. Замисли возиш точак и ти излезе вакво легнато пред тебе.
 
Има места каде со кола не може да се појде, можат да ти завршат работа, како не. И не треба многу да одиш за да го земеш, ги има буквално насекаде. Утрово околу Сити Мол беа паркирани минимум 30, речиси на секои 10 чекори имаше тротинет, на пример. Исто и на плоштад. А и заборавив да спомнам - можеш и да си резервираш некој, и тоа било кој ти што ќе го одбереш. 3 денари е резервацијата, не знам колку трае.
Ги има некаде локациите каде ги има?
Ја симнав апликацијава ама не ми дава ниеден тротинет. Не знам дали е касно или пак зошто сум надвор од зоната.
 
Ги има некаде локациите каде ги има?
Ја симнав апликацијава ама не ми дава ниеден тротинет. Не знам дали е касно или пак зошто сум надвор од зоната.
Дека си надвор од зоната. Кога ќе се доближиш до некој тротинет ти ги дава оние кои се во некој радиус од не знам колку метри до тебе. После, кога ќе се оддалечиш, се губат.
 
тоа е и проблемот со овие услуги. Корисниците ги оставаат тротинетите кајгоде. Замисли возиш точак и ти излезе вакво легнато пред тебе.
Tочно! Дури еднаш морав да запрам автомобилот. само за да тргнам „нечистотија“ од тротоар, за да може да помине човек со инвалидска количка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom