Проблемот кај нас е тоа што се ново што ќе се појави е дочекано на нож, знаеме само да критикуваме не ценејки го ни малку трудот што некој го вложил за да направи нешто. Лесно е да седиш пред компјутер и да наоѓаш мани на се и сешто и да напаѓаш некого или пак да критикуваш, а тешко е да го направиш тоа што некој го направил (тоа не се однесува само на серијава туку и на многу други работи).
Жално е тоа што има толку многу конзервативни луѓе во ова наша држава.
Серијата ми изгледа супер, ама едноставно не ја поднесувам синхронизацијата. Турскиот јазик е толку мелодичен и убав и башка глумата т.е гласовите не соодветстуваат ни на сцените, ни имаат емотивност у себе. Тапа!
Треба да сватиме дека во Македонија постојат околу 15 до 20% луѓе кој што не знаат да читаат а тоа се пензионерите кој што по цел ден безделничат и нема што да прават, не можат да гледаат ни еден филм, и затоа по цел ден гледаат иселеничку џубокс на МТВ е сега кога се појавија овие синхронизирани серии, луѓето кој што се задолжени за истражување на пазарот се сигурни дека 20% од населението (неписмените) ќе ја гледаат. Е ние што знаеме да читаме и да пичуваме е нас ни е глупаво некако ова синхронизирање ама интерес си е инерес така да навикнете се
Maкедонските баби и дедовци неписмени?
Што зборуваш бе? Ај преслушај се...Процентот на неписменост е многу мал, дури и по селата луѓето читаат, не сме во 15 век да не се одело во школо, сите оделе во школо, дај не збори глупости. Како тогаш беа гледани и со толкав рејтинг претходните новели?
Нема никаква врска неписменоста и нечитањето, едноставно интересна му е содржината на народот, и повеќе мислам дека не ни ја приметуваат синхронизацијата туку содржината. Не ми е јасно зошто не слушам негативни коментари за синхронизацијата туку само позитивини?! Па сигурно серијата има влијание за тоа.
Серијава е незнам, невидено. Ко Касандра порано
Мислам, дома ко ке почнит, збор не смејт да се слушнит.
Али глупо е стварно со синхронизација, не е то то, не се доловени емоциите, па мораш ептен да пазиш за да слушниш се, ептен тапа. :/
Првиот пат коа слушнав за серијата се изгазив од смеење бла бла исто ко шо викате шпанска серија на турски --- и после ја слушнав музиката ауу ја има ---- колку е само најпрекрасна hihi и затоа ке молам ако мозе да го обновите линкот за спуштање . и да почнав да ја глеам . Многу емотивна серијава у пм еј сва среќа ова нашиве дур синхронизираат губат добар дел од емоциите па можам да ја изгледам без да плачам ко луд -------- хехехе се зафркавам:pos2::baeh: Sупер си е серијата. А иначе ова со синхронизација некоја мода нешо RTL стил ?
Јас сум воодушевена ...а синхронизацијАта ми даде посебен шмек ..... музиката прекрасна .... така да сите што викаат дека е лоша и незнам каква имаат глеано макар 2 епизоди
pokraj site doma, ne bash ja pratam ali znam sto se desava, i vo vrska so sinhronizacijata ne e tolku losha, nekako se sovpagaat glasovite odgovaraat na likovite za razlika od taa seriata na A2.
Сега загледав 10 минути. Не е толку лоша како шпанските серии, ама не е ни нешто посебно. Синхронизацијата е тапа, 5 лика се глумени од 1 актер, ама битно е да се синхронизира. xD
Можеби серијата си има некоја ок содржина(не ја пратам,затоа не би можела да коментирам),ама синхронизацијата е очајна,а професионални глумци ја прават...чудна работа..
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.