Bin bir gece - Илјада и една ноќ

  • Креатор на темата Креатор на темата јовица11
  • Време на започнување Време на започнување
Турската серија „1001 ноќ“ што се емитува на телевизија А1 ги урна сите рекорди во гледаност, оставајќи ги далеку зад себе дури и фудбалските натпревари на Премиер-лигата.

Хахаха :pos:
 
36% гледаност во Македонија хахахаха што се случува Барселона - Реал 8% проценти можете да замислите каква голема разлика сега веќе и приказните за Шехерзада и 1001 ноќ изгубија смисла кое дете ќе го убедиш дека Шехерзада била некоја која раскажувала приказни 1001 ноќ за да не ја убијат, никој повеќе не верува во тоа.:toe:
 
Дома стариве почнаја да ја гледаат и се изнервирав...Неможев да учам заради благо ретардираната музика во позадина
 
Шо е бе финтава со серијава и у теретана почнаа да ја пуштаат не ми се веруе:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Дома стариве почнаја да ја гледаат и се изнервирав...Неможев да учам заради благо ретардираната музика во позадина
Леле ќути еј секој ден мама дома ги трпам со тоа Онурот:tapp:Вчера случајно заслуѕшнав муабети низ серија. Мислам дека ако кажам МИЗЕРИЈА ќе излажам:)
 
Шо е бе финтава со серијава и у теретана почнаа да ја пуштаат не ми се веруе:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

:pos2::pos2:


Редовни посетители на обложилниците велат дека дури и таму се повеќе се гледа Шехерезад наместо фудбал.

глеам иначе :icon_lol:
 
Ти сакаш бакнежи
сакаш милувања
а јас сакам да нема,
оф топици.
 
Баш еден другар ми раскажуваше дека вчера кога отишол во кладилница еден тип се расправал со вработениот со муабет од типот `Абе толку телевизори имаш, дај барем на еден пушти Шехерезад` хахахаха:pos2::pos2:
 
После 30 и кусур изгледани епизоди можам и со лева и со десна рака да потпишам дека е најдобрата серија досега прикажана кај нас, која што прекрасно го опишува животот на Балканот (сакам кажам- и Македонскиот живот)

Преку глава ми е од сериите кои на некој начин го проповедаат блудничкиот живот, скоро во секоја епизода има секс сцени, пцуење, ќотеци, омаловажување на родителите и што ли уште не.

Затоа и многу од форумџиите се фрлате на далеку, демек не сте можеле ја гледате само заради синхронизираниот превод. Научени сте во сериите гледате секс сцени и голотии, на кои можете да :drk:
Не се сериите направени за тоа, треба и некоја поука да се извлече од нив (никогаш не се однесувај лошо со слугинката, таа сигурно ти е мајка) :kez: мала шала
Им се восхитувам на мудроста на Надиде, истрајноста на Шехерезада, силната љубов на Онур, се смеам на завидта на Фјусун, ги жалам Али Кемал, Џензал, Јамал, Фериде, Бану, Керем...

А ако толку ви смета што е на македонски, гледајте си на јутјуб на турски :salut:

Totalno se slozhuvam. Bravo za iskrenosta.
Ne kako nekoi ovde sto se prat vazni so amerikanski lagi.


I ke ve zamolam site da se popravete so imeto ne zehrazad.
Ne Seherazada tuku SEHRAZAD.
 
Ги избришав оф топиците. Можете да дискутирате на пп или на профил, сепак да се држиме до темава. Се извинувам, сте вложиле труд во пишење подолг пост, ама оф топик е оф топик, еден таков може да повлечи 10 други. Сепак темава е за серија:toe:
 
Значи колку е ова жалосно каков сме ние народ...Наместо да се занимаваме со попаметни работи гледаме Турски срања и истовремено и го пуните џебот и на Шехерезад и на А1 кои трљаат раце на вас.Не ја гледам серијава и не планирам.Гледајте ја епизодата во Центар со Васко Ефтов имаше разговор на оваа тематика со серијава.Човекот беше во право...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom