Биди Земјоделец, Зашто Македонија те вика.

  • Креатор на темата Креатор на темата Luki Junior
  • Време на започнување Време на започнување
Момак мешаш поими ти, а богами и брзини, редукторот плус проблеми ти праи.
Бавча,нива, берење дрва,лозје,орање,пасење стока тоа ти е машка работа, додека жената е да исчисти кај стоката да помолзе да нарани стока, низ куќи околу куќи во двор, пред двор до чешма, да искречи, да испере теписи, ручек да напраи.дрва да нацепи итн итн. Со кој памет ти кажа дека бавча и пипер садење е женска работа ? На жена работа во бавча и е евентуално да скопа,да напрска, да навади, да бере, садење ова она тоа ти е машка работа.
После неженето си било па ќе бидеш. Која ќе те земе ако не знаеш која работа е чија,што е машка а што женска работа.
Море гледај си ја ти ракијата таму ќе ти запечит. Твојана ако не знајт пипер да посадит или вол со ралото да јавнит, не значит дека на сите му се такви жените.
Исто то шо те напрајла тебе папучар па пиперот ти си го садиш е твоја грешка.
 
Море гледај си ја ти ракијата таму ќе ти запечит. Твојана ако не знајт пипер да посадит или вол со ралото да јавнит, не значит дека на сите му се такви жените.
Исто то шо те напрајла тебе папучар па пиперот ти си го садиш е твоја грешка. Ито непоправлива.
Која грешка бе морееееееее, јас ко ќе буцнам со прст вѕемни ко ке го кла коренчето, му плукам еднаш наместо азотно Џубре да трошам и со палецот од десната нога ја затварам дупката. Абе знаеш каква куртова капија излегува пипреките на волкавииииииии ( покажува до лакти ) абе едни црвени абе едни што да ти кажам, ајвар сами се прават.
 
Бруки ако е вистина ова :icon_lol:, ќе правиме кечап изгледа :vozbud:

Вистина две кила си купив денеска, и на домат мирисаат бе не оние дрвените од Струмица што ги продаваат сочни вкусни.
 
Која грешка бе морееееееее, јас ко ќе буцнам со прст вѕемни ко ке го кла коренчето, му плукам еднаш наместо азотно Џубре да трошам и со палецот од десната нога ја затварам дупката. Абе знаеш каква куртова капија излегува пипреките на волкавииииииии ( покажува до лакти ) абе едни црвени абе едни што да ти кажам, ајвар сами се прават.
Слоново уше у секоја категорија ја посерува твојта капија. Освен на лупејне и автентичен вкус.
 
Вистина две кила си купив денеска, и на домат мирисаат бе, не оние дрвените од Струмица што ги продаваат сочни вкусни.
Тогаш суперрр :), оние струмичкине се како сијалици:icon_lol: надвор црвени а внатре зелени .
 
Која грешка бе морееееееее, јас ко ќе буцнам со прст вѕемни ко ке го кла коренчето, му плукам еднаш наместо азотно Џубре да трошам и со палецот од десната нога ја затварам дупката. Абе знаеш каква куртова капија излегува пипреките на волкавииииииии ( покажува до лакти ) абе едни црвени абе едни што да ти кажам, ајвар сами се прават.
Ти се погодил годинава пиперот и сеа си мангуп. За догодина мени ги методите на работа. Ако не го фатит женска р‘ка да го благосло‘ит џабе све.
 
Море гледај си ја ти ракијата таму ќе ти запечит. Твојана ако не знајт пипер да посадит или вол со ралото да јавнит, не значит дека на сите му се такви жените.
Исто то шо те напрајла тебе папучар па пиперот ти си го садиш е твоја грешка.

Ќе си се договорате де, шо навлевате у непотребни маабете. Еднч ти ќе измииш чиниите, еднч она деланки ќе нацепа зимата. Тва ти се вика компромис.
Друг мее мабето, ного се фокусираате на нивите, маабето е машкото да не стане уљежано, дали нива, дали трупци, дали малтер ќе замеше.. абе малтер незнаат ка се права бе, а свадби сака да праа. Чеки бе, ак не си измалтеришаш сам спрато, цела песок низ твојте раци ак не помине жеента нема да ти га даат бе. Џарџанаците треба да ти излезат. Е дури тогај ручоко да виите колкоо повкусен.

Ама сит се изнаповикнааме на тастатуурте, друго ништо не се чепка, џоко не го држат ко мочат. :D
 
Многу добра работа е да се саде матичњак за диви лозови подлоги,по 100-120 илјади првокласни резници се берат од 1 хектар.Потребна е мала стручност,не требат многу пари за одгледување,само зафркнато е што нај многу трошкови се креват од работна рака што е и те како потребна.

ударите ја математиката на 120 илјади резници да ги продадиш по 1 евро.....:)
 
Sussaro генерализациите шо сите те обвинуват за них, статистички у твоја полза... :icon_lol::icon_lol:
Интересно, у секој случај.

Абе знам га јас тава. Ама знаеш га нашио менталитет-Да са утепе месинџеро. Една бе не излезе да каже-Така е бе Сусаро, не сакам ни пегла да фанам уф живото, а не па леи на село да вадам. Јас прв ќе и пружах рака. Иначе знам да терам магаре и коњ су шпедитер, прскал сам лоизе уз тава метлното буре на грбо, па тураш му плав камен и прскаш да не фане ти бубаљките, па после газал сам га ууф тие дрвени буриња за вино. Френки сам сејувал уф оранжерии, гал'бе исто масрки тие уз туфната много сам ги сакал, ама соколе ми ги јадаа ного. Кукошки исто, тава е лесно, требе ти само пченица и чат пат фрљувиш им тушница тава е таа треавта шо им пумаге уф дигестивнио траект. Правил сам и ракија и од всичките селски работи тава ми била една од омилените. Дека мене на село знајало се кога са останаве после 12. За Нова година и ка са варе ракија. Тоа са маратонски вечери и би сакал да са задржам тука малце повичко. Осумдесе посто од добрата ракија е да знаиш да гу удбереш гројзито. Е сеа има 2-3 региони ус добро гроизе уф Македонија. Првио е Тиквешкио регион Кавадарци и Неготино, вторио е уд Демир Капииско и третио е уд Гивгилиско и Валандовско. Анска Река на времто имше добри реколти.
Многу е битно кумиинто да ти са исчистани. Колко помалце гранки, нечистутија и шљупки имаш толко ракијата е поквалитетна. Изборо на казано е исто битан. Да не е рѓосан, да е уд добар метал оти пак ракијаата врзува се уз метало шо ем даве неубав вкус ем е недобро за здравје. Во единио казан клаваш ги кумињето и палиш огин а во другио туруваш шо е можно поладна вода. Битно е да е шо поладна вода ради кондензација, ако те воддта ного топла гулем дел уд ракијата нема да ти са кондензире уф течност него ќе испаре уф ваздухо. И вареш нон стоп, тоа е маратон малце си ти на смена, малце вујко ти и така нанаќи. Кумшијата мој беше мрзуван па ќе варше един ден, вечерта ќе изгасше огино и следнио ден пак гу паљше. Е така не са праве ракија, него бар 48 саата и повичко, ако не искараш бар 50 литра џабе си пучнувал. Најслатка е уд цревцето ка излава оште ка е жешка. И тука некоа мизенце, кашкавалче, сиренце, френкичка, мајко мори. Кој не е правил ракија ус цело маало ву 4 сабајле тај не знае да цене ракија, и не знае шо е тава социјализација. За пчељте уф друг пост.
 
Најнова кампања на владата на Р.М.
БУДИ ЗЕМЉОРАДНИК ........ БУДИ ПАТРИОТА ...... (n)(n)(n)
и никогаш не заборавај дека ТИ СИ МАКЕДОНИЈА ......... :rolleyes:
 
..... е сега имаме право да ги помирисаме го*ната на политичарите и на газдите и да кажеме како смрдат, на што смрдат .............. значи уживаме демократија т.е. имаме право на лично мислење (n)
мислам дека со години наназад немам прочитано подобра и поточна дефиниција за демоНкратија кај нас :) да можев, 10 пати ќе притиснев Ми се допаѓа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom