Па види сеа за почеток немора да купуваат ептен скапа механизација која јас ја спомнав во првиот пост со кабини, клими итн која чини едно 15.000 евра одприлика барем ама ко за почеток може да земат некое фиатче, саме малце постаро за едно 3000-3500 евра што и не е толку лошо за почеток.. е со тоа некогаш ќе ги наврне некогаш ќе ги дува ветер ама така се почнува неможеш ти наеднаш да инвестираш 20/30.000 во нешто. За земјата во Македонија барем во Македонија не е проблем имаме голема неискористеност на истата во проценти сигурно е преку 40% од вкупната што е огромна бројка, огромен минус за Македонија.. а и тоа што се работи голем дел исто како да не се работи поради нестручноста а за купување ниска е цената на земјата кај нас оти сите гледаат да продадат да купат некое станче, кола и да бидат горди Скопјани
Дека ги гледаме само на слики пак не се согласувам.. може истокот малце е посиромашен ама средниов дел, југот и западот многу пркнаа напред со земјоделскиве мерки пример
село Ивановци преку 500 милиона евра за неколку години инвестирало во земјоделски машини. Народот работи не се зафркава, п
лус има ете 50% државата плаќа за механизација.. субвенциите се доста зголемени а храна секогаш требало и ќе треба во иднина нема промашај тука ..
Еве како ќе изгледа модерниот земјоделец за 10тина години и кај нас.. ама образование треба повеќе.
Ќе се рушат стереотипите за валканиот/нечист земјоделец само полека
Прегледај го приврзокот 52190
Прегледај го приврзокот 52191