Одма ќе те етикетираат ко вмровец. Страшна работа е да си патриот во Македонија
Ич не треба да ти е гајле другите што ке ти направат, како што во случајов викаш ти "ке те етикетираат“, важно ти ја сакаш земјата и луѓето кој те израснал здрав и прав.
Реално и во сдс има дечки кои навистина сакаат да направат нешто за својата земја во своето поле на работа, ама хиерархијата не им дозволува,така е поставен системот да мораат да бидат послушни за да напредуваат во работата, и во вмро е така, послушност=напредок, тоа е реалноста, која ако ја разбереме нема да ни се допадне и во иднина ке ги промениме грешките на претходниците.Со кукање ништо не бидува, самите себе се брукаме со тоа, бидејки со кукање самите се издаваме дека сме глупи и дека не можеме ништо да направиме, дека чекаме некој друг да ни ги оправи проблемите. Или пак, сигурно и во дпа и во дуи има дечки кои се свесни и кои навистина сакаат да подобрат нешто, на пример меѓуетничките односи.
Сигурно не се сите толку затуцани, со она Гољема Аљбанија и че го пукам. Само затуцан човек може да ти го тврди спротивното, или пак човек што сака тебе да те направи затуцан.
Нашата природа е да живееме во мир, и во разбирање, додека извештачени ни се мислите и нашата перцепција кон светот и луѓето, најмногу преку медиумите, со сите тие поделби на припадност на различни групи дали е тоа поделба по основ на нација, вера, раса, пол, сексуална определба....има многу.Преку медиумите се пренесуваат намерно создадени несогласувања, со цел и народот да се доведе во таква ментална состојба, да се замрази, за полесно да се манипулира. Постојано ни се прикажуваат војни, терористи, постојано муслиманите сакаат да го уништат христијанството, па не знам нуклеарни бомби, бла бла бла. Ако реално согледаме Американците и нас да не окупираат нормално е дека сите ке се бориме против нив за нашата слобода, и бидејки ние сме против нив тие имаат поголема моќ и ја искористуваат технологијата на медиумите како средство за глобална хипноза и пренесуваат лаѓи дека ние сме терористи, сме сакале да фрламе нуклеарки, сме го мрзеле цел свет бла бла бла... и нормално светот нас не мрази и е на страната на Американците. Е истото го прават и луѓето во пакистан, ирак, иран и тн.
Исто така историјата (наука за мртвото минато), има толку многу големо влијание во нашите мозоци што ние дури и животот би го дале за таа мртва наука.
Не дека можеш да го вратиш минатото, па зошто тогаш да умреш за него?
Исто така зошто и да пробаш да го крадеш минатото, како што грците прават, а некогаш и ние претеруваме? Не дека ке можеме нешто да оправиме, бидејки тоа поминало, прашање е ние каква историја ке создадеме за идните генерации? Дали тоа ке биде историја на кокодакање, кој е во право а кој е крадец и кој има поголемо право врз некоја територија и култура а кој помало, или навистина ке оставиме нешто со што ке се гордеат новите генерации и ке научат нешто од нас, за потоа да го направат нашето дело посовршено, поубаво?
Поделбите се коренот на нашата омраза. Избриши ги поделбите, нема ништо, сите сме едно, ке бидеме државјани на една држава т.е државјани на планетата земја и толку, завршен муабет.
Мене подобро ми звучи, сакај ја земјата и природата, одколку сакај ја македонија, како што е насловот на темата, што во превод би значело, сакај ги територијалните граници на државава и нејзиното општествено уредување. А зошто само територијалните граници, зошто не целата планета?
Зошто да се ограничуваме со сакање на земја со дијаметар 200 км? А надвор од границиве да не сакаме така?
Еве друг наслов на темава:
Сакајте го парчето земја од Беласица до Шар планина, а другото не го сакајте. Е зошто?
Не е финтата само да кажеш дека ја сакаш со зборови, подобро не кажувај ништо ама направи добри дела.
Тоше Проески и да не кажуваше со зборови дека не сака, дека ја сака музиката и тн. ние ке знаевме кој е тој според делата.
Зборовите се само алатка за меѓусебна комуникација, ама делата се оние кои те откриваат тебе, твојата реалност.
Зборовите се какако радио фреквенцијата, служи за одредена информација во вид на аудио звук од предавателот да стигне то приемникот и тој да ја декодира т.е разбере.