Bluebird
The Daydreamer
Може образложение.
Може. Многумина од нас живеат со носот длабоко забиен во своите потреби. Богатствата ги одминуваат без да ги погледнат. Често имаат нешто за кое вреди да се умре, ама не знаат. А што е уште полошо, некои знаат дека секоја жртва што би ја направиле за да спасат нешто што им значи е оправдана, па сепак не би го направиле тоа. Егоизам, страв, што и да е.
Тоа е под број еден.
Број два е фактот дека сето ова е мошне празен муабет. Да. Ми значи семејството, другарите, мајката кој не сум ја имала, љубовникот кој што можеби допрва ќе го најдам. Да би можела, би умрела за да ги спасам. Но, дали би умрела кога навистина би можела?
Замисли ситуација во која си во животна опасност. Трпиш огромна болка, и физичка и психичка. Умот е во шок, во состојба на паника. Страв каков што никогаш не си почувствувал те тресе од глава до пети. (Со извинување за театралноста)
Се познаваш ли доволно себеси за да знаеш дека би постапил, како што посакуваш да можеш, би ја имал ли истата реакција кон нештата како и секој обичен ден кога стануваш рано сабајле за да доручкуваш и тргнеш на работа, ден во кој најголемото возбудување ти е кој победил на фудбалска утакмица или дека мачката се породила? (Е тука со извинување за карикирањето.)