Премногу релативно прашање. Секој различно ќе реагира на прашањето во различна дадена ситуација.
Моментално би умрел за да идеш на хаваи (пример) ама некогаш ќе се најдеш во ситуација каде што би умрел и за чаша вода. (исто пример).
Јас на пример не би умрел за ништо, пошто ако умрам што ми вреди тоа за што сум умрел?
Во спротивно за тоа што “би умрел“ ќе се обидам да го реализирам додека сум жив, за да можам да уживам во истото. Без разлика дали станува збор за нешто материјално или апстрактно. Се е вредно додека си жив, кога ќе умреш џабе е, на коските 30 метра под земја не им значи дали имаат ферари, или фиќо, како и да е скапуваат и нема да мрднат од каде што се во скоро време.
Такада идеологијата ми е да дадеш се од себе да го добиеш тоа што го посакуваш во рамките на тие 85 години додека си над земја (85 години како просек), а не да чекаш да падне од небо.
Пошто со тоа, би умрел за да добијам нешто, алудира на нешто што ти чекаш да дојде само од себе, а не да направиш ти нешто во врска со тоа.
Единствено нешто за кое би умрел, ама да умрам обидувајки се да помогнам, е кога некој од мојата фамилија (жена деца родители) е во незгодна ситуација, заложници, несреќа, сеедно, дешафка од тој калибар. Само тогаш би го жртвувал мојот живот, за животот на другите. Пошто тешко би можел да живеам со мислата дека не сум направил ништо а сум можел.
И би умрел за да си ги скратам маките, во случај на неизлечива болест или повреда.