T 
		
		Tetro
Гостин
Светскиот медиумски  сервис Би-Би-Си најавува дека ќе ја укине својата програма што се  емитува на пет регионални јазици: македонски, српски, албански,  португалски и англиски за Карибите, поради драстичните владини мерки за  штедење, пишуваат британските весници.
  
Како причина за овој чекор со кој Би-Би-Си планирал оваа година да заштеди 46 милиони фунти го посочува тоа што британската влада ја намалила финансиската поддршка за нејзиниот сервис.
 
Како последица на ова 650 од вкупно 2 500 вработени во регионалните сервиси на Би-Би-Си, би можеле да го изгубат работното место.
Како што пишуваат светските агенции, најголем дел од работните места ќе биле укинати во текот на оваа, а еден дел идната година.