Би-Би-Си ја укинува програмата на македонски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Светскиот медиумски сервис Би-Би-Си најавува дека ќе ја укине својата програма што се емитува на пет регионални јазици: македонски, српски, албански, португалски и англиски за Карибите, поради драстичните владини мерки за штедење, пишуваат британските весници.

Како причина за овој чекор со кој Би-Би-Си планирал оваа година да заштеди 46 милиони фунти го посочува тоа што британската влада ја намалила финансиската поддршка за нејзиниот сервис.

Како последица на ова 650 од вкупно 2 500 вработени во регионалните сервиси на Би-Би-Си, би можеле да го изгубат работното место.
Како што пишуваат светските агенции, најголем дел од работните места ќе биле укинати во текот на оваа, а еден дел идната година.
 
И требаше, переше како луда...
 
Богами една машина за перење мозок помалку.
Фала му на бога останаа уште 9000 и кусур, ама ќе ги снема и тие.
 
BBC.png


Петиција
... Вебсајт
 
Питер Конорс, портпарол на Би-би-си, вели дека иако нивните правила сега не го дозволувале тоа, корпорацијата се соочувала со голем притисок да не ги затвора сервисите на други јазици, па кај управата имало волја да се разгледуваат разни опции. Освен македонската, се укинуваат уште четири јазични сервиси, а неколку се префрлаат само на Интернет, без радиопрограма.

- Ако пристигнат сериозни предлози, тие секако ќе се разгледаат. Но не можеме отсега да знаеме каква одлука би се донела - објаснува Конорс.

Засега никој во земјава не изразил интерес да понуди помош, иако зачувувањето на сервисот е значајно не само за информирањето на нашинците во странство туку и поради фактот што Би-би-си со него го признава македонскиот јазик во многу чувствителен момент во борбата за нашиот идентитет. За редакциите на српски, албански и на македонски се трошеле по 3,3 милиони фунти годишно, а нашата редакција била најевтина од трите.

Во Владата изразија жалење за згаснувањето, но рекоа дека не можат да помогнат. Причина за тоа не биле само правните и финансиските пречки, туку и карактерот на една таква одлука, со која би се дискриминирале другите сервиси на македонски јазик, на Дојче веле, Гласот на Америка и на радиото Слободна Европа.

Би-би-си емитуваше програма на македонски јазик 15 години.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12911911247&id=9&setIzdanie=22193
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom