Безусловна љубов

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Што за вас значи поимот безусловна љубов?
Кои работи во една врска, кои ги правите или ви ги прават, ги сметате или би ги сметале за услови?
Каква е вашата слика за безусловна љубов и дали само кога е таква е вистинска? Кога никогаш со ништо ниту еден партнер не е условен, без оглед дали се работи за мала или голема работа?

Дали има нешто кое постојано ви треба од партнерот, па се наоѓате често во ситуации во кои сте принудени да го условувате за тоа, бидејќи сам и без услов не прави ништо? Дали ви се случило вие така да се однесувате и притоа да бидете условувани?
Како би ја сфатиле и објасниле таквата постапка?
Дали ако е условот наметнат на некој начин, значи не е со план поставен, се смета за лоша работа? А што ако е со план и цел? Се разликуваат или може да се даде еден генерален одговор за секое прашање во врска со условите?
 
kako prvo mene ne mi se svigjav uslovi i tija zaebancie
kako se postavis od pocetak na vrsku, takoj ke i bide
ako postavljas uslovi treba i da gi prifatis, pa bolje da ne ni pocinjas ss toj
probale su da mi postaviv uslovi, ali momentalno kazuju deka uslov NEDOLAZI U OBZIR
ne postavljam i ne mi postavljaj i kraj priche.
posle objasnu deka toj sto vu smeta ili sto saka da ga smeni, popravi itd itd; ne treba da bide kako uslov, nego ke ga napravu od kef, znaci ako e zasluzila da ga napravu toj za njuma


i takoj si e sve kako sto treba da bide (bar za mene) :toe:
 
Безусловна љубов, според мене, нема врска со поставување услови, туку значи да сакаш некого без оглед на околностите, по секоја цена, што и да се случи.
Таква љубов постои само помеѓу родител и дете (чак и тоа е под знак прашање), а не и меѓу партнери.
 
Кој ја читал книгата The Art of Loving или „Уметност на љубовта“ од Ерих Фром? Токму тука се спомнува таа безусловна љубов и има искажано еден став со кој јас потполно се согласувам. Имено, безусловна љубов е само мајчината љубов. Единствено мајката е таа која го сака своето дете без разлика дали е тоа убаво, грдо, умно, одлично на училиште, успешно, криминалец...и да не набројувам. Љубовната врска помеѓу две суштества не може да биде безусловна. Секогаш очекуваме да бидеме сакани, да бидеме третирани како што треба, едноставно сакаме некого ако тој го заслужил тоа. Ако не, ќе ни збоктиса. И тоа е многу природно зашто луѓето не се светци. И не можат да сакаат безусловно :wink:.
 
Безусловна љубов, според мене, нема врска со поставување услови, туку значи да сакаш некого без оглед на околностите, по секоја цена, што и да се случи.
Таква љубов постои само помеѓу родител и дете (чак и тоа е под знак прашање), а не и меѓу партнери.

Па нели е едно исто тоа?
Да сакаш по секоја цена, без оглед на околностите-без услови од било каков вид.:toe:
 
Безусловна љубов е да сакаш некого иако не е перфектен ...да се заљубиш иако не си поднесувал, да можеш се да простиш и да уживаш во времето помината со саканата личност ....само на безусловната љубов може да изнуди друга безусловна љубов
 
Безусловна љубов не постои. Љубовта е сепак компромис, секој момент од неа, иако ВИкторГГ не би се сложил.
 
Безусловна љубов не постои. Љубовта е сепак компромис, секој момент од неа, иако ВИкторГГ не би се сложил.
Се пишува Викторгг.
Чисто информативно.

Што за вас значи поимот безусловна љубов?
Кои работи во една врска, кои ги правите или ви ги прават, ги сметате или би ги сметале за услови?
Каква е вашата слика за безусловна љубов и дали само кога е таква е вистинска? Кога никогаш со ништо ниту еден партнер не е условен, без оглед дали се работи за мала или голема работа?

Дали има нешто кое постојано ви треба од партнерот, па се наоѓате често во ситуации во кои сте принудени да го условувате за тоа, бидејќи сам и без услов не прави ништо? Дали ви се случило вие така да се однесувате и притоа да бидете условувани?
Како би ја сфатиле и објасниле таквата постапка?
Дали ако е условот наметнат на некој начин, значи не е со план поставен, се смета за лоша работа? А што ако е со план и цел? Се разликуваат или може да се даде еден генерален одговор за секое прашање во врска со условите?

Млада сум и страшно немирна личност, не знам да застанам, уште помалку да почитувам нечии правила и услови, но тоа не ми ја деградира љубовта!
Имам личности во животот кои што ги сакам и ќе ги сакам што и да направат и не го велам тоа метафорички, затоа што доволно долго сум ги градела емоциите кон нив и сум ја продлабочувала релацијата.
Кога ги судам луѓето, тогаш не ги љубам, кога него му забранувам, тогаш го ограничувам и убивам.
Зошто?
Кога на некој му се препушташ, тоа не значи дека треба да си го ставиш законикот во глава за тоа како мораш да се однесуваш.Секако, милион луѓе, милион ставови, но кога ги гледам работите од мојата перспектива, не кратам слобода, не сакам да ми ја кратат, затоа што кога љубам, тоа го правам и за себе.
Кога давам некому внимание и емоции, не барам да ми ги врати назад.

Слободата е најубавата работа што може да и се случи на врската, безусловното љубење е возможно ... само секој го разбира на различен начин.:smir:
 
Се пишува Викторгг.
Чисто информативно.
Фала што ме информираше. Чисто информативно.

Слободата е најубавата работа што може да и се случи на врската, безусловното љубење е возможно ... само секој го разбира на различен начин.:smir:
Тоа од филозофски апсект само. Секој го разбира на различен начин, нели...да беше возможно, ќе бевме зомбија без чувства и рефлекси и ќе ги сакавме партнерите по секоја цена, дури и кога ни набиваат рогови.

Значи, услови сепак постојат, не е се така безусловно. Всушност е, во поезијата.
 
А зарем постои поинаква љубов од безусловната? Јас мислев дека се тоа е само fake.
 
Ќе се сложам со Ива за тоа дека безусловната љубов ја глеам како љубов без оглед на се, околности и тако даље. Ќе се сложам и со Мистичен дека не постои безусловна врска, во сите врски има по некој услов или, како што рече, компромиси. За да сакаш некој безусловно, да се правиш слеп на глупостите што таа личност ги прави е малку или малку појше глупаво. Ако има некоја работа што ми смета, значи не е нешто големо или нешто што влијае на мојата љубов, ама ете ми смета и ако и кажам на љубената персона за тоа и ја замолам веќе да не го прави/збори/практикува тоа што ми смета, тоа е веќе некој вид на услов. Или ако има одредени работи или муабети што предизвикуваат кавги, а не се битни (ко на пример ВМРО или СДСМ) и се договориме више да не ги правиме исто е услов т.е. компромис. Безусловна љубов звучи добро и романтично, ама не и реално.

Инаку и сум поставувала и ми поставувале услови, па после сме се предомислувале и сме ги мењале условите со нови и така натака. За мене лично има прифатливи и неприфатливи услови што некој може да ми ги постави и на некој би си дала за право д аму ги поставам. Кај мене дома се пуши само на тераса, ако пушиш внатре ќе се караме - нормален услов. Немој да се дружиш со најдобриот другар/другарка, не ми се свиѓа - ненормален услов. Мислам ми ја сконтавте поентата.:)
 
Безусловна љубов според мене е да сакаш некого чисто и искрено, без оглед на маните, без оглед на околностите, да даваш љубов - без разлика дали е возвратена или не.

Вистинската љубов, онаа љубов или ко што би рекла јас THE љубов е таа правата безусловна љубов. И може човек да ја доживее once in a lifetime, а може и никад да не ја најде.

Дали има нешто кое постојано ви треба од партнерот, па се наоѓате често во ситуации во кои сте принудени да го условувате за тоа, бидејќи сам и без услов не прави ништо? Дали ви се случило вие така да се однесувате и притоа да бидете условувани?

Сакам само три работи: љубов, почит и да ме прифати таква каква што сум. Ама нема услови. Ако треба на некој да му налагам да ме сака или почитува, ако треба некој да го условувам или да правам “или-или “ ситуации, тогаш тури пепел на таква врска и таква љубов.
Ниту некој некогаш ме условувал, нема потреба од такви работи - јас давам се од себе за партнерот да биде задоволен и да биде среќен и прилично пазам на моите постапки, зашто сакам да биде среќен. Дури некогаш помислувам дека во врска постојано се грижам за среќата на дечко ми, а мојата ја заборавам некаде по пат.

Условите се лоша работа.
Услов ме потсетува на уцена, на притисок, а тоа ме нервира.
Зарем треба да условувам некого за да ме сака?
Зарем треба да условувам некого за да ме почитува?
Не, затоа што тие работи доаѓаат одвнатре од човекот и ниедно поставување услови нема да натера некој да сака некого.

Обичен муабет, расчистување на работите кои не грижат, посветување на врската, љубов и тоа е се што е потребно.
Без услови.
 
А зарем постои поинаква љубов од безусловната? Јас мислев дека се тоа е само fake.

Тука морам да се сложам.
Добро прашање навистина :)

Или љубам или не љубам.
Кога љубам некого или нешто, тогаш истото тоа нешто го љубам безусловно. Оној кој љуби не може да каже-"Ќе те сакам само под услов да..." Значи или ДА или НЕ.

Јас не ја разбирам пак условната љубов. Не ми е јасна и не можам да си ја објаснам.

Од друга страна пак, извесните услови, ако би можеле така да ги наречеме, во една врска не ги поврзувам нити со условената нити со безуславната љубов.
Лично сум против задавање на услови во врска, но сепак извесни минимални услови не ги сметам за нешта кои се отфрлаат надвор од категоријата на безусловната љубов туку едноставно со тие мали условчиња човек се труди да ги подобри нештата кои би довеле до подобрување на врската а не до условување на љубовта.
 
Јас не ја разбирам пак условната љубов. Не ми е јасна и не можам да си ја објаснам.
Ај да ти појаснам. Јас сум ти дечко. Ја ебам другарка ти во слободно време, за разонода. Или, ги оставам смрдливите чорапи на твојата перница секој ден. Или, последните заеднички пари кои ни се за храна дома ги трошам во маалската биртија на пиво. Ти смета? Ќе ме сакаш и понатаму безусловно или ќе ми поставиш услов, или ќе ми раскинеш?

Фала ти што ме сакаш безусловно, ретки се таквите како тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom