Абе види влакна на јазик е лоша работа, женските си сакаат мазна површина по мое
Одиме сега сериозно

. Влакна на јазик од човек до човек различно пали. Некогаш поради непоставувањето граници во муабетите и водење отворен, чист разговор со секоја мисла каква што ја имам во себе, ме довело до ситуации во кои некои луѓе почувствувале потреба да се повлечат на одредена дистанца(во случајов сметам дека отвореноста и поставувањето граница потекнува директно од мене). И ми одговара донекаде таков живот, каде имаш во некој делокруг најблиски луѓе чиј број е многу мал, а од друга страна останатите се на некое растојание и сите среќни и весели. Кога станува збор за навреди, не практикувам да замерувам и да се опуштам слободно, бидејќи никој од нас не е совршен па да има такво право без влакна да алудира на недостатоците(физички, психички)
.
Еве еден конкретен пример на немање влакна на јазик.
Учиме на факултет за искреност, човечност, чесност, дека треба да се прикрепуваме еден со друг и да соработуваме. И иди прашање во стилот: Дали ако напредокот ти е сигурен преку кодошење на колегите на надредениот, ќе се осмелиш да кодошиш против другите, само за да се стекниш со некој бенефит? И професоров вика што мислите околу нештово. Истиот професор е некаков си ексцентрик кој има во групава на студенти 2-3 шпиончиња кои даваат отчети од А до Ш, за тоа кој рекол, што рекол за професорот и слични гомненца секогаш после часот. Нормално тие имаат гарантирана 10-ка.
Едно време кревам рака и викам -Професоре, мислам дека во училницава имаме луѓе со добро искуство околу таа работа, па сметам дека најдобро е нив да им дадеме збор да си кажат што имаат. Само тие ќе ни ја доловат најдобро работава.
Останативе гргнаа да се смеат и со вперен поглед ги начукаа в земја, каде црвенилото по суратите на кодошите постана поцрвено и од најжешката лава што би се рекло. И сега пред некое време професорот вади резултати, од 100 луѓе што полагале, 3-ца положени меѓу кои и јас. Човекот не може да го дефинирам никако, но само едно знам дека искреноста ја зема секогаш во предвид, без разлика колку не ми се бендисува карактерно, па така не можи останатите 97 да немаат абер од предметот, а само тројца да имаат. Од друга страна кодошиве немаа поени бидејќи не им се потребни ти текнува, 10ка имаат и без да полагаат. Па така ете немањето влакна на јазик во оваа ситуација постигна некаков си ефект неочекуван.