Без влакна на јазикот

И што ако се пофалам `ау батка ја што им викам во фаца, абе плачат од мене`?! :tapp:
Сигурна сум дека секој барем еднаш преќутел нешто што сакал да го каже на некого само затоа што личноста му значи или е над него т.е зависи од таа личност (значи зборам за наставници, шефови и сл). Нема смисла да се правиме шизици на форум :)
Влакната од јазикот си ги тргам за два типа на луѓе: оние што многу добро ги знам и на кои директно им кажувам работи за нивно добро и оние кои изиграваат курац ипол и сами си го бараат. За останатите имам толеранција а фала му на Бога сарказмот се' решава :smir:
 
Не, туку затоа што штетата често пати е поголема отколку користа од директниот пристап кон одредена личност :wink:. Не секој е способен сѐ да прифати или па да цени директен пристап. Освен тоа има и ситуации каде навистина е подобар и поефикасен индиректниот пристап затоа што избегнуваш да го навредиш или да му нанесеш болка на соговорникот. Ако добиеш конфликт или одбивање што си направил со директниот пристап, баш ништо. Не џабе рекле убав збор железни врати отвара но лош или лошо одмерен може да ги затвори за никогаш повеќе да не се отворат :).


Покајувањето и извинувањето се понижување само кај исклучително препотентни и самобендисани личности но кај сите останати е стандардно однесување кога ќе се погреши во проценка, а грешиме сите повеќе или помалку, само при тоа некои имаат доблест да си признаат (без да се чувствуваат понижено) а другите не, тоа е единствената разлика.


Затоа не се извинувањето или понижувањето проблем туку можноста болката и последиците од брзоплетото дејствување кое не било добро промислено ни најдоброто извинување веќе да не може да ги поправи.


Каква класификација на луѓето на препотентни и самобендисани vs. останати?
Јас не реков дека дека не грешиме ниту пак дека сме безгрешни, ама не во секој случај ИЗВИНИ треба да е секој втор збор во речникот. Епа каков карактер е тоа да повлекуваш зборови и да се поклонуваш со извини пред секој ако кажеш нешто не промислено?
Не сум препотентен ниту самобендисан и имам влакна на јазикот, не заради тоа дека ми е тешко да се извинам кога ке погрешам туку заради себе и заради љугето околу мене, ете и сам кажа болката не се брише секогаш со покајување и едно обично извини.
 
Каква класификација на луѓето на препотентни и самобендисани vs. останати?

Читај пак, убаво е објаснето на што мислам, ако не ти е јасно цитирај ме и ќе ти објаснам :wink:.

Јас не реков дека дека не грешиме ниту пак дека сме безгрешни, ама не во секој случај ИЗВИНИ треба да е секој втор збор во речникот. Епа каков карактер е тоа да повлекуваш зборови и да се поклонуваш со извини пред секој ако кажеш нешто не промислено?

Не знам каков карактер е ама никој не те тера да се извиниш ако нејќеш, имаш слободна воља нели? Можеш и да продужиш да тврдиш дека си у право или да се правиш на луд, твој избор :).

Не сум препотентен ниту самобендисан и имам влакна на јазикот, не заради тоа дека ми е тешко да се извинам кога ке погрешам туку заради себе и заради љугето околу мене, ете и сам кажа болката не се брише секогаш со покајување и едно обично извини.

Малку си ми контрадикторен со ставови, пошто еве што си пишал претходно:

Значи доаѓаме го заклучок дека се одлучуване да не бидеме директни затоа што сме премногу слаби на его и карактер да ја поднесеме грижата на совест дека погрешно сме осудиле некој.
А колку и да не сакаме да признаеме покајувањето и извинувањето со наведната глава е лично понижување.

Не си конзистентен ама ти си знаеш најдобро :).
 
За жал таков сум и многупати си имам зажалено што jа имам кажано вистината во лице (во момент кога не требало).
 
Секоја будала може да ја каже вистината.
И тоа често изгледа толку неодговорно, инфантилно, деструктивно и без почит кон другиот.

Сите ние ја знаеме реалноста на овај или онај начин, доволно добро да не мораме да ја слушаме од искомплексирани луѓе.
Единствените без влакна на јазикот, или барем сметаат дека само тие ја перцепираат реалноста на вистинскиот начин.

Повеќе ценам ласкање што тој-некој ќе го издигне кон нешто корисно, одколку непромислено трескање зборови што ќе го сруши, макар то била најчиста вистина.
 
Бес влакна на јазикот да но да се внимава притоа да не повредиме некого.
 
Луѓето велат тој нема влакна на јазикот за човек кој е директен, па дури и премногу, кој кажува се што мисли....

Дали сте вие вакви? Дали сте секогаш директни или барате и друг начин за да ја кажете вистината или да го искажете вашето мислење?

Дали е секогаш најдобро да се нема влакна на јазикот или некогаш е подобро човек да си преќути?
Ќе бидам квалифицирана како лицемерна ако кажам дека никогаш не го кажувам во целост она што го мислам?
Не сум директна, отворена сум, не верувам во тоа дека треба да се каже се што се мисли, затоа што не сите мисли вредат да се кажат (како на фејсбук) и не можеме да живееме сами во социјално активна средина па да си дозволиме да им кажуваме се на луѓето околу нас.Повеќе штети, него што помага и на крајот не прави неспособни за тактизирање и да, не постојат директни луѓе, ниту некогаш постоеле.Целата таа фама на „нема влакна на јазикот“ е убава формација на зборови и толку.Да бидеш вулгарен или циничен не те прави искрен, ама мисконцепција е, се простува.
Повеќе сакам лажна ципа на манири која што ни дозволува да го преживееме денот полагодно, него наводна искреност извитоперена за себепрокламација, затоа што во поинаква форма ја нема, исто како да верувате во љубов.
 
Сите ќе речат подобро е без влакна на јазик ама па има ситуации кога не е баш така. Колку пати ќе си речам ич да не се замараш и да си кажеш тоа што ти лежи на душа и пак нешто ме кочи.

На колку дегенерици ми иде да им преречам многу работи ама па кога ќе си подразмислам што па има да им се замарам. Колку помалце му ја мислиш толку полабав ќе бидеш.

Има ли некое правило, некоја златна средина, најубаво да си пројдеш и да не му ја мислиш?
 
Нема правило, никогаш не мислам ако ме изнервира некој собирам све на куп и чао пријатно не се каам што сум го направил тоа , затоа што ако не сум ја некој друг ке го направи тоа и така , има искучоци и понекоаш попаметно е во себе да испцуеш некој, ама тој некој ако е твој шеф или некој слично од кого ти зависиш а ако е некој клошар што мрчи ... ма слободно носи го у курац и ич да не ти чуе. Пример денес на семафори глупиве цигоини запнале да ми бришат стаклото им реков не , ама молим те молим те и почнаа , па коа сум излегол па сум му собрал све до чукун дедо и си отидов . Е сеа некој ке рече тоа е култура , па да може е не викам не ама многу зависи и од карактерот ја сум таков многу темпераментен и неможам да поднесувам срања.
 
Јас трпам многу и по обичај знам да терам до некоја добра граница али ко ќе ја премини било кој таа граница е тогаш мислам дека не сум веќе јас и самиот не се познавам. Терам у курац се што ќе ме чепне тогаш и се што ми гази на нерви, се што ми лежи на срце му кажувам во очи на кој сака нека е. Можи да е убо да се преќути али не значи дека треба некој будала да прави од мене а јас да не сторам ништо :mad:
 
Јас трпам многу и по обичај знам да терам до некоја добра граница али ко ќе ја премини било кој таа граница е тогаш мислам дека не сум веќе јас и самиот не се познавам. Терам у курац се што ќе ме чепне тогаш и се што ми гази на нерви, се што ми лежи на срце му кажувам во очи на кој сака нека е. Можи да е убо да се преќути али не значи дека треба некој будала да прави од мене а јас да не сторам ништо :mad:
Мајк Тајсон ?
 
Абе види влакна на јазик е лоша работа, женските си сакаат мазна површина по мое :P

Одиме сега сериозно :). Влакна на јазик од човек до човек различно пали. Некогаш поради непоставувањето граници во муабетите и водење отворен, чист разговор со секоја мисла каква што ја имам во себе, ме довело до ситуации во кои некои луѓе почувствувале потреба да се повлечат на одредена дистанца(во случајов сметам дека отвореноста и поставувањето граница потекнува директно од мене). И ми одговара донекаде таков живот, каде имаш во некој делокруг најблиски луѓе чиј број е многу мал, а од друга страна останатите се на некое растојание и сите среќни и весели. Кога станува збор за навреди, не практикувам да замерувам и да се опуштам слободно, бидејќи никој од нас не е совршен па да има такво право без влакна да алудира на недостатоците(физички, психички)
.
Еве еден конкретен пример на немање влакна на јазик.

Учиме на факултет за искреност, човечност, чесност, дека треба да се прикрепуваме еден со друг и да соработуваме. И иди прашање во стилот: Дали ако напредокот ти е сигурен преку кодошење на колегите на надредениот, ќе се осмелиш да кодошиш против другите, само за да се стекниш со некој бенефит? И професоров вика што мислите околу нештово. Истиот професор е некаков си ексцентрик кој има во групава на студенти 2-3 шпиончиња кои даваат отчети од А до Ш, за тоа кој рекол, што рекол за професорот и слични гомненца секогаш после часот. Нормално тие имаат гарантирана 10-ка.
Едно време кревам рака и викам -Професоре, мислам дека во училницава имаме луѓе со добро искуство околу таа работа, па сметам дека најдобро е нив да им дадеме збор да си кажат што имаат. Само тие ќе ни ја доловат најдобро работава.
Останативе гргнаа да се смеат и со вперен поглед ги начукаа в земја, каде црвенилото по суратите на кодошите постана поцрвено и од најжешката лава што би се рекло. И сега пред некое време професорот вади резултати, од 100 луѓе што полагале, 3-ца положени меѓу кои и јас. Човекот не може да го дефинирам никако, но само едно знам дека искреноста ја зема секогаш во предвид, без разлика колку не ми се бендисува карактерно, па така не можи останатите 97 да немаат абер од предметот, а само тројца да имаат. Од друга страна кодошиве немаа поени бидејќи не им се потребни ти текнува, 10ка имаат и без да полагаат. Па така ете немањето влакна на јазик во оваа ситуација постигна некаков си ефект неочекуван.
 
Ако се мисли на директни навредливи зборови тогаш имам влакна на јазикот,но ако се мисли на сурова вистина,тогаш немам,поготово за оние на кои сум им дала повеке шанси.
Поготово немам влакна на јазикот за оние кои користат дирекни,подмукли навредливи зборови.
Поготово за оние кои се полни лицемерие со тони.
Е за нив се сметам специјалист.
Така убаво им ја плескам вистината во нивните лица,што не се секирам дали ке можат наутро кога ке станат да си ја измијат ако им смета.
Се разбира дека на мајка ми нема пореба да и кажам исто како на овие од погоре,дека не и се погодила сармата.Кај ми направила,кај ме создала...тогаш можам да изнајдам зборови проткаени со влакна на јазикот кои ке и доловат дека сакам кога ми прави сарма,поготово како таа претходната.
Саакам луге без влакна на јазиот.Не за друго,од нив никогаш немам потреба да си го чувам грбот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom