Без влакна на јазикот

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Луѓето велат тој нема влакна на јазикот за човек кој е директен, па дури и премногу, кој кажува се што мисли....

Дали сте вие вакви? Дали сте секогаш директни или барате и друг начин за да ја кажете вистината или да го искажете вашето мислење?

Дали е секогаш најдобро да се нема влакна на јазикот или некогаш е подобро човек да си преќути?
 
Многу сум таков/ваков... Директен сум, и сакам директни луѓе, луѓе кои не кријат што мислат... Што пукаат на прва мисла :)
Мразам некоја личност да ме лаже. Повеќето околу мене знаат каков сум и не им смета, а за оние друѓите, не се замарам.
 
Ако се водиме по народната „уста што ќе извалка, ништо не може да измие“, тогаш и не е баш добро да се нема влакна на јазикот. Јас секогаш се обидувам колку е можно промислено да реагирам, за да не испадне на крај да се оправдувам дека по грешка при бричењето, сум го депилирал јазикот. Директноста не е секогаш одлика на праведноста или искреноста, затоа сепак влакната на јазикот треба да се негуваат, за да спречат евентуален непромислен излет на мозочната директива, која заради немањето влакна, може да си го загорчи здравото функционирање во понатамошниот период, поставувајќи си го прашањето, кое нема одговор: Што ми требаше ова да го речам?.
 
Јас обожам луѓе без влакна на јазикот. Чиста вистина(или лага) директно в лице. Мразам да мудрувам и да мислам „Што по ѓаволите рече овој?“. Но тие секогаш го влечат подебелиот крај затоа што на некого не му се допаѓа бидејќи „Вистината боли“.
 
Секогаш сум директна,дури и повеке отколку што треба.
Секогаш плескам во лице без разлика за кого и да се работи јас го кажувам моето мислење и ја кажувам вистината колку и да боли.
Ми е гајле кој што ке рече за тоа.
Ми кажа и другар дека од сите девојки кој ги познавал само јас шлапам во лице...:)
 
Абе сите сте јаки, онака директни bad ass без влакна на јазикот, на сите им шлапате во лице.. понекогаш и по 2 пати!!
И најубави и најпаметни сте на мајка. И најубаво пеете. Crazy ма, ова не се прашува.

Иначе мит е, не даваат миксер од администрација ако сте најфаца на форумот. Кој его буст човече..
 
Абе сите сте јаки, онака директни bad ass без влакна на јазикот, на сите им шлапате во лице.. понекогаш и по 2 пати!!
И најубави и најпаметни сте на мајка. И најубаво пеете. Crazy ма, ова не се прашува.

Иначе мит е, не даваат миксер од администрација ако сте најфаца на форумот. Кој его буст човече..

Бе па ти, остај малку да си поприкажиме:smir:

Директен сум, или викам те сакам, или кој те ебе!!!
 
Иначе мит е, не даваат миксер од администрација ако сте најфаца на форумот. Кој его буст човече..

Бе па ти, остај малку да си поприкажиме:smir:

Директен сум, или викам те сакам, или кој те ебе!!!

кој гејови бе, ц ц ц. стварно :vozbud:

повеќе у смисла дека не сте ме разбрале, што сакав да кажам? :bip:
 
па треба да се има осет за оваа работа. не може во секоја ситуација, во секоја прилика да се биде директен. треба во одредени ситуации и одоколу нешто да кажеш, а не само плескај в лице.
јас колку толку се трудам да ја одберам вистинската ситуација за да бидам директен т.е. да немам влакна на јазикот. ама не сум секогаш таков, понекогаш знам и да преќутам
 
Сума сумарум,
Како и секое друго влакно, издепилирај го, исечи го, избричи го, за три четири дена па ќе порасне.
 
Toј што е директен останува без пријатели и сите го избегаваат или се дружат со него ради реда, да не остани сам на светот...не сме роботи јебига, мора понекогаш да се заобиколи таа вистината за да не се повредуваат луѓето...
 
Епа сите сакаме директни луѓе се додека го слушаме тоа што сакаме да го слушнеме. Инаку според мене добро е да си директен али со мера, ко што рекол Аристотел - умереност во се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom