Без рецепт не можеш да купиш лек. Паметен потег или уште една глупост?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Од пред некое време во аптеките не даваат ништо без рецепт од лекар.

еве ја првичната вест со која што се објаснува што и како а еве што се случува сега

Од рецептите не се гледаат лекарите



Медицинските сестри ги враќаат пациентите од скопските поликлиники и амбуланти, бидејќи лекарите не можеле да стасаат да ги примат, поради турканиците откако се воведе задолжителниот рецепт за лековите. Граѓаните се револтирани што не можат да го остварат правото на здравствена заштита, а Фондот и Министерството за здравство предупредуваат ординациите да не ги враќаат пациентите, зашто со тоа се крши законот.

- Отидов по упат кај мојот матичен лекар пред 18 часот, но сестрата на шалтер не сакаше ниту да чуе да ми го даде здравствениот картон, бидејќи имало многу метеж, па тие ќе морале да останат и до 21 часот. Бев револтирана, како и повеќето пациенти што одбија да се вратат. На крајот успеав да го земам упатот и чекав 2 часа - вели скопјанка која има матичен лекар во поликлиника. Слично е и кај матичните педијатри.

- Ми требаше рецепт за синот, а кога го зедов картонот бевме 32-ри на ред. Си заминав бидејќи требаше да изгубам дневница, а и детето ќе го изложев на опасност да закачи вирус, бидејќи повеќето од децата во чекалницата беа болни - се жали една мајка. Лекарите велат дека не можат да кренат глава од пациентите и имаат и по 80 во една смена.

- Попаѓавме од работа откако рецепите станаа задолжителни. Повеќе од половина од пациентите доаѓаат само за тоа, а од нив на ред не можат да стасаат луѓето што се за упат или за преглед. Настојуваме да не вратиме никого, но метежот е голем. Мора итно да се предложи рецепт за хронично болните, за да се реши овој хаос. Ние и така подоцна остануваме за да ја средиме документацијата и да внесеме се' во компјутер - вели матичен лекар од Скопје. Во Фондот и во Министерството за здравство се категорични:

- Никој не смее да го врати пациентот од шалтер и да не му даде картон за да го посети лекарот. Законот за правата на пациентите е јасен дека пациентот има неприкосновено право на 24-часовна здравствена заштита кај својот лекар, кај дежурните општи служби и на клиниките и болниците. Болеста не прашува и, ако треба, лекарите заради пациентите ќе останат на работа и до 23 часот - нагласуваат надлежните и советуваат да се пријавуваат лекарите што ги враќаат пациентите.

Фондот најавува дека наскоро ќе се воведе рецепт за хронично болните, кој ќе важи и до три месеци и на кој ќе се издаваат и до три кутии од еден лек. Во Бирото за лекови велат дека сите 6.000 лекари во земјава што имаат лиценца, а не само околу 2.000 матични, може да препишуваат лекови од негативната листа.

- За 40 отсто е зголемен бројот на рецептите откако стапи во сила новиот режим, а и пациентите сфатија дека самолекувањето им носи штета. Контролите покажуваат дека беспрекорно се почитува рецептот. Нагласуваме дека секој лекар, и на клиника, и специјалист, може да го препише лекот од негативната листа, и тоа за количини и до три месеци. Матичните лекари ги препишуваат само лековите што се на товар на Фондот и конечно ќе се има контрола врз рецептите - вели Илчо Захариев, директор на Бирото.

Здружението на приватните лекари неодамна предупреди дека примарното здравство ќе колабира поради притисокот од пациенти ако не се воведат итно специјални рецепти за хронично болните за да не мора да одат на лекар секои 10 дена.



извор


јас на пример на лекар не одам никогаш, одев само за оправданија во средно, а кога ќе се разболам, обично настинка, си купувам и си пијам капсули алмацин и кај и да е ќе помине... сега ова не е можно


што мислите вие за овој закон?
 
Според мене е ептен убаво што треба рецепт за лек, макар лекот бил и кафетин/аналгин.
Зошто?
Затоа што се што е претерано не е нормално, и глава може да те боли ако ти е расипан забот :)
Сепак на крај се врти приказната во економијата, ќе отидеш на лекар бап едно плаво картонче, пар чкарт муабет со докторката (отвори уста, диши диши) и нормално ќе те праша што ти е......за да ти препише лек.
Јес да и со 100 грама кафе ќе ти даде рецепт :)



П.С. Имам по дома лекови ги продавам по поволни цени и без рецепти:)
 
Jaс го поздравувам овој закон и мислам дека е паметна работа. Затоа што некои луѓе си се сметаат за надрилекари и мислат дека имаат талент за да си препишат сами терапија, па се трујат со лекови кои прават повеќе штета отколку добро. Има луѓе кои ако кивнат еднаш, веднаш земаат антибиотици. Тоа е како да гаѓаш мравка со топ. Ќе ја погодиш мравката, но ќе направиш штета одоколу.
За лековите треба да се послуша стручен совет, бидејќи колку што се добри, толку се и лоши. Кога ќе се разболам, пијам чај и секогаш оставам настинката и температурата да си поминат сами од себе, освен кога е веќе нешто посериозно.
Единствено во мојот живот имам земано лекови(антибиотици) кога бев на операција и ги земав во толку голема доза што дури мислам дека ми се доста за целиот живот.
 
Попаметен потег неможеше да се направи!!
јас се согласувам со постапкава , од проста причина веке на кој што му текнало на своја рака да зема за да се лечи.
Сум била сведок кај сестра ми во аптека да дојдат да бараат капки за дете од 3 месеци за уши , оваа им вика несмеам без препорака од лекар , може да му се случи нешто на детето , да добие шок или нешто слично, овој неееее дај ни ти нас на наша одговорност ке биде.
Или деца од 20 години им текнало слушнале дека имало вијагра , ама не разбрале изгледа за што е или кога се употребува па слободно си ја купуваат и си ја користат, а недај боже незнаат дека на среде секс можат да скинат конци.
 
Паметно е! Таблетомани има еден куп благодарение на тоа што секој си е свој лекар и се фука со апчиња секогаш кога ќе му текне дека така треба.
Мора малце ред да има,,,
 
Според мене е ептен убаво што треба рецепт за лек, макар лекот бил и кафетин/аналгин.
:)
мојш да купиш аналгин еве што може...
лекови за главоболка, за температура, сите витамини, масти за ревма и некои ензимски препарати
едит заборајв да споменам дека мразам лекари и амбуланти и болници, па зато не го сакам ни законов
 
Па тие лекови што и навистина треба да се купуваат без рецепт ставени се на листата да бидат купувани без рецепт.
Инаку, еве зошто треба да се спроведе овој закон. Една реплика на темата за лексилиуми, кога треба да се пијат, кога ги пиете и слично?

Само со конјак. :D

А нема малку вакви случаи. Само што ова е најопасната комбинација, уште па ако е во игра и енергетски пијалок.
 
мојш да купиш аналгин еве што може...
лекови за главоболка, за температура, сите витамини, масти за ревма и некои ензимски препарати
Ааааааааа, не сум сватил убаво. Е добро де значи не прават ништо ново ххехе, јас незнам други лекови што се продавале без рецепт од лекар.
Главоболки: Кафетин, Аналгин, Аспирин
Температура: Парацетамол, Фервекс
Витамини: Сите
Масти за ревма: Оние на база на ментол што идат

Е сега не ги сваќам стварно, ме стави у збунка. Дијазепами без рецепт даваат само со пиштол ако влезеш, а други лекови што се купуваат на лепи очи не знам
 
Паметен потег и тоа доста, и онака досега секогаш лекови кои требале сум ги земал на рецепта, вака ќе се избегне нешто како што Џену цитирала.
 
Е сега не ги сваќам стварно, ме стави у збунка. Дијазепами без рецепт даваат само со пиштол ако влезеш, а други лекови што се купуваат на лепи очи не знам

Јас знам. Лекови за срце даваат на лепи очи. Што е огромна глупост.
 
Најглупо нешо што можеа да смислат!.. А ако немаш време да идеш на доктор или нешо? Да ги фрлиш?
 
Најглупо нешо што можеа да смислат!.. А ако немаш време да идеш на доктор или нешо? Да ги фрлиш?
Не се секирај ти знаеш аптеки :)
Хинт: Барнаторе,Алида

И дај бе не биди смешна, од што ќе немаш време да идеш на лекар? 15 минути имаш, нема да ти прават анализи на крв/мокрача и слични заебанции
 
Hint: Олида* е правилно :)
Бај Д веј заб ме болеше ептен и не ми даваа рецепт у клиника.. И шо да зеам ја? Аналгини по 300 да пијам? Кетонал одвај успеа да земе мајка ми и антибиотици пошо имаше оток.. Не дупи.. Не даваат и лекариве..
 
Е сега не ги сваќам стварно, ме стави у збунка. Дијазепами без рецепт даваат само со пиштол ако влезеш, а други лекови што се купуваат на лепи очи не знам
даваат... :pipi:
*не се дрогирам, не плашете се
 
Не станува збор за зависност од апчиња бе Апокалипто. Еве, јас сум студент во Скопје. Матичниот лекар ми е од Охрид. Пред да се воведе законот (за среќа) еден неочекувано ми се појави некоја аритмија поради која ме зафати и блага паника. Недела, попладне, јас сам дома, ја грабнав јакната и тргнав пред зграда со намера да фаќам такси и да одам према некоја болница (прв пат се осеќав така, а после еден поголем стрес ми се случи - одтаму паниката) незнаејќи што друго, освен да се јавам на доктор и да прашам што да правам, пре него што би тргнал со такси према болница. Докторот ми кажа дека е сосема логично телото да изреагира некое време после стресна состојба, ми посоветува да се напијам една доза дијазепам и ќе се смирам. Отидов до апотека, купив таблети, се напив и се стабилизирав.

Втора ситуација - ми се случуваат некои инфективни процеси под долна шеска (значи, заб :) ). После "ќе помине само" периодот од 3 дена и отокот кој не спласна, повторно се обратив за медицинска помош кај стоматолог, после што таблетите (антибиотици) кои ми ги препорача не можев да почнам да ги земам дури не добијам рецепта од матичен - значи, или да одам во Охрид и да ја земам, или да стиснам заби.

Свесен сум дека постојат случаи кога се злоупотребуваат лековите од таблетомани, односно дека надрилекарството често завршува многу лошо - но, зошто само матичниот да може да ми препишува лекови?

За да ме сфатите точно што сакам да кажам, замислете да се разболите на 25-ти јули во Охрид. И да треба брзо да се изреагира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom