Без кондом сте - Што ќе правите?

Гледам цело Скопје остана трудно од мене :D Ма дај бре, 100 ден минимум од ден се тоа. Нека намалат, може и ќе користам. Плус, муабетот "со девојка ми имаме со кондом" дава поинаква слика за врската ;)
Јао, ебачиште!
 
Истово го викаа и плејадата трудни девојчиња што идеа на абортус кај тетин ми покојни. Оставете го дечкото да прави како сака, на крајот од краиштата некои и се знаат дека не можат да се потпрат на себе. И Форца Милан пишал поназад дека се контролирал ама еднаш се заборавил и честито :)

Браво за тебе ако нишо си немал фатено досеа, што да ти кажам друго, аплауз.
Јас од искуство нешто:
Сум акал без кондом, сум вадел на време...
Кога намерно свршував внатре направивме дете... иако демек броевме денови, те плодни неплодни те незнам какви, врска нема...
После... пак сакавме да правиме дете, ама не успеавме на прва :)
Успеа на втора, трета...
Некогаш акав и без кондом, може опасно, ризично... ама ме сочувал Господ... што друго да кажам.
Сепак, ако е уан најт стенд, партнер што не го познаваш доволно... употреби кондом...
Уффф... се чувствувам старо у пм.
 
Црна кеса за ѓубре обвиткана со селотејп = ноќ од соништата :D
 
Нека ми објасни, паметно дете сум ја, ќе сфатам и ќе научам.

Немој те молам не ги прашувај, ретко се чита таква глупост.
Објаснувањето ќе биде демек, вие во врска што се ебете со кондом, вие не си верувате, немате доверба, вие сте во заблуда и врска немате од врска како треба да иде.
Иам другарка која многу, многу ретко вика дека тој нејзиниот се наканува да стави кондом. Причина, не му било убаво. Али дека ја фаќа паника, после си брои дали биле плодни или неплодни, свеќа си пали да не се десило нешто узпат. За тие што немаат многу гајле во животот, нека се ебат без кондом, и во врска, и во неврска, ама некои сакаат мирно да си спијат, па си користат кондом.
Кој што сака нека си прави, али да убедуваш некој да ебе без кондом, а тој ти вика, брат, јас сакам мирно да си спијам ... шо се глупирате онака без потреба не знам.
 
Објаснувањето ќе биде демек, вие во врска што се ебете со кондом, вие не си верувате, немате доверба

Точно, само ти фали - се ебете со кој стигнете - за да биде комплетно погоден одговорот. Гледаш некој првпат е една работа. Во врска си со некој/некоја 2-3-5 години и користиш кондом??? Е, или ти шврљаш наоколу или таа/тој, нели? Таа твоја другарка не се плаши од болест, туку од бременост. Ја фаќа паника затоа што никој не и објаснил како се забременува и што да прави, ако се случи тоа. Тоа што е неинформирана, не значи дека дечко и не треба да добие секс каков што секој сака да има.
А, и не убедуваме...само се чудиме на некои околу нас.
 
Ја фаќа паника затоа што никој не и објаснил како се забременува и што да прави, ако се случи тоа.
Епа ај информирај не'. Што праиме што жената треба да пие фолна киселина и еден месец пред забременувањето? Исто така треба да биде сигурна за немањето инфекции (тоа што ни кај дечкото ни кај девојката нема симптоми на болест ретко значи дека се чисти). Луѓето у денешно време се генерално недоволно одговорни и се` дур не напунат 30 години (онака го стаив ко бројка) не се знае со која ќе завршат и дали ќе ги сносат последиците соодветно (преку конкретни постапки за бебето и заедничкиот живот, а не само гледање отстрана и потпрашување на жената која треба се` да знае).
 
Епа ај информирај не'. Што праиме што жената треба да пие фолна киселина и еден месец пред забременувањето? Исто така треба да биде сигурна за немањето инфекции (тоа што ни кај дечкото ни кај девојката нема симптоми на болест ретко значи дека се чисти).

Друго ми беше муабетот. Ако двајца се заедно, кои инфекции ги има? Кандида од јадење антибиотици како бонбони? Не ме зезај. И, од каде кондом толку сигурно средство за заштита? Пукнал, се изместил, заразено "одма над него" и сл. Шансата да закачиш нешто е 50-50. Има само еден 100% начин на заштита - НЕМАЈ СЕКС и како Скандинавците, барај лекарско пред да легнеш со некој. Само и тоа не е гаранција. Што, ако имаш нешто на прстот? [emoji14]
 
Таа твоја другарка не се плаши од болест, туку од бременост. Ја фаќа паника затоа што никој не и објаснил како се забременува и што да прави, ако се случи тоа. Тоа што е неинформирана, не значи дека дечко и не треба да добие секс каков што секој сака да има.

Ти ако можеш да се контролираш, некој не може, а јас реално нејќам некој да го тестирам.
Оди низ аптеки, поготово околу студентските домови (не зашто само тие имаат секс, ами зашто многу женски има на едно место) и прашај од вработените таму по колку девојчиња на ден одат да си купат апче за ден потоа.
Претпоставувам дека повеќето од тие девојки сигурно се во врска, па од таа голема доверба кон дечкото, зашо он нели сака незаштитен секс, се трујат со апчиња кои им ги реметат хормоните.
Ако она го голтне апчето, она ќе трпи болки, ќе и касне циклус, ќе си ја чука главата, него реално, кур ќе го боли. Ако она остане бремена и не проработи тоа апче, тогаш пак она ќе си ја чука главата, она ќе си трпи последици, и ментални и физички ако се реши да абортира, затоа изборот за тоа дали дотичниот ќе носи или нема да носи кондом, под прашање за бременост, е на женското.
Јас сакам мирно да спијам, нејќам да си го трујам телото со апчиња или полошо ако он не се исконтролира, затоа ако сака секс, ќе си носи кондом. Ако сака без кондом, зашто било подобро, поубаво, по-не-знам-ти-какво, тогаш комотно може нова девојка да си бара, зашто од мене нема секс да види.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom