Таа твоја другарка не се плаши од болест, туку од бременост. Ја фаќа паника затоа што никој не и објаснил како се забременува и што да прави, ако се случи тоа. Тоа што е неинформирана, не значи дека дечко и не треба да добие секс каков што секој сака да има.
Ти ако можеш да се контролираш, некој не може, а јас реално нејќам некој да го тестирам.
Оди низ аптеки, поготово околу студентските домови (не зашто само тие имаат секс, ами зашто многу женски има на едно место) и прашај од вработените таму по колку девојчиња на ден одат да си купат апче за ден потоа.
Претпоставувам дека повеќето од тие девојки сигурно се во врска, па од таа голема доверба кон дечкото, зашо он нели сака незаштитен секс, се трујат со апчиња кои им ги реметат хормоните.
Ако она го голтне апчето, она ќе трпи болки, ќе и касне циклус, ќе си ја чука главата, него реално, кур ќе го боли. Ако она остане бремена и не проработи тоа апче, тогаш пак она ќе си ја чука главата, она ќе си трпи последици, и ментални и физички ако се реши да абортира, затоа изборот за тоа дали дотичниот ќе носи или нема да носи кондом, под прашање за бременост, е на женското.
Јас сакам мирно да спијам, нејќам да си го трујам телото со апчиња или полошо ако он не се исконтролира, затоа ако сака секс, ќе си носи кондом. Ако сака без кондом, зашто било подобро, поубаво, по-не-знам-ти-какво, тогаш комотно може нова девојка да си бара, зашто од мене нема секс да види.