Беспомошност

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали има ситуации кога човекот навистина е беспомошен и не може да најде решение за некоја работа или секогаш има излез? И ако има такви ситуации, според вас кои се тие?

Дали вие некогаш сте се осетиле беспомошно, дека туркате со глава во ѕид, дека не можете да најдете излез?
 
Секогаш има помош,само што човекот нема секогаш храброст,образ,лице да ја побара.Секој различно ја сфаќа гордоста,не му е на секој сеедно од каде ќе побара помош,а помош секогаш има,од кај и да е колкава и да е.
Во такви ситуации човекот најчесто не ни знае како да ја побара,каде да ја најде,и затоа се создаваат такви мисли дека тоа е крајот,дното,нема помош,нема излез.
 
И јас мислам дека секогаш има излез. Но, од друга страна, лесно е од компјутер тоа да го кажеш. Верувам дека повеќето луѓе се осетиле беспомошни во некој случај, кога работите излегле надвор од контрола и нивна моќ или некои работи кои им се непознати, па се плашиш од непознатото и осеќаш беспомошност, затоа што не знаеш што те очекува.
 
Сите луѓе сакаат да го живеат својот живот на свој начин. Всушност тоа е и целта на животот, да бидеш среќен на начин на кој тебе ќе ти одговара. Проблемте се апстрактни. Тие се јавуваат секогаш кога човекот ќе се најде на некоја крстосница. Сите луѓе имаат проблеми и не секогаш успеваат да ги решат.
Беспомошност сме доживеале сите, во таква ситуација најдобро е да се прифати совет од поблискиот, или од стручно лице. Многу е важен личниот мотив и личната самодоверба. Доколку личноста е силна и решена да "истрае" односно зрачи со оптимизам многу работи можат да се променат. На многу луѓе денес им е непријатно да зборуваат со своите блиски за проблемите кои ги опкружуваат, пред се на младите лица. Во реалноста треба да бидеме отворени кон оние кои ни значат и во секој момент да можеме да побараме совет или да го дадеме нашето мислење. Излез постои за се' потребна е само волја и самодоверба со која личноста ќе ги помине тешките моменти. Животот продолжува понатаму, што и да се случи, личноста мора да продолжи да се надева на излез од самиот проблем.
 
мојата ситуација е навидум безизлезна во моментов.. нема да откријам што е.... ама се знае дека секогаш времето лечи се.. излез = време
 
Дали има ситуации кога човекот навистина е беспомошен и не може да најде решение за некоја работа или секогаш има излез? И ако има такви ситуации, според вас кои се тие?

Дали вие некогаш сте се осетиле беспомошно, дека туркате со глава во ѕид, дека не можете да најдете излез?

Има такви ситуации. Во времево во кое живееме, период на кризи, несигурност, недостатоци и многу проблеми, често се наоѓаме во баш такви ситуации, кога мислиме дека нема излез и кога си мислиме дека единствениот начин нешто да направиме за било како да ја мрднеме работата е само да чекаме. Сум се нашла беспомошна во многу ситуации, каде што сакам нешто, сакам да го поправам и да не го оставам да заврши лошо, но не сум можела. Пример? Смртта на мојата другарка пред неколку години. Не можев ништо, Божја волја, против неа не се оди. Барем јас мислам дека не може да се оди.

Но има и ситуации во кои иако ни се чини дека нема излез, тука се и родителите и пријателите да ни помогнат. И пријателите, да, но оние вистинските поготово. На многупати, кога сум мислела дека нема да можам да се справам со нешто, нема да можам да го поднесам, ме фаќале разно разни кризи, се испречувале препреки, надоаѓале крстопати, тука биле тие. За тоа сум им максимално благодарна. :back:
 
Јас се чувствувам беспомошно кога работите не зависат од мене.За жал немам вујко владика да ми помогне,затоа и јавно барам врски,бидејќи во земјава изгледа само јас останав да го буткам ѕидот со своја глава.
 
мислам дека за све има излез.. само треба да се најде правилниот начин :smir:
 
Бар за мене, беспомошност несмее да се најде низ патеките, значи живеејќи во семејство, замислете да се најдеш беспомошен во ситуација кога се работи за сопствените деца, ма каква беспомошност има се живо и диво наопачки да се сврти, ќе летаат и глави ако треба, арно ама ќе се најде излезот, тука лежи силата, нема не можам има само несакам.
 
Беспомошност? Чудно ми е тоа кај мене шо у некој ситуацции ,секогаш би викам ех тоа да не се беше случило ке беше овака, незнам дали ми е причина ,ама знам дека не е доволно добра хаха
НЕ, пак си зависи од ситуацијата, ако е нешто шо сварно е битно , ништо нема да ме спрече да го постигнам и со се шо можам околу мене да искористам.
А нај нај гадно се осекам, коа знам дека работата е за мене, а не зависе од мене туку од некој друг... тогај мислам жива се јадам.
 
Во животот човек наидува на секакви ситуации, па тука секако спаѓаат и оние во кои се чуствува беспомошно и ситуации во кои мисли дека нема излез. Но јас мислам дека излез, решение секогаш постои дека секогаш има некоја надеж која ќе го победи тоа чуство на беспомошност.
Јас лично неколку пати се имам чуствувано беспомошно, до толку се имам блокирано што мислев дека нема излез, со тек на време сфатив дека човекот е посилен од се, од секоја пречка и дека само ако се сака, ако се има волја, надеж, верба, се е возможно, па дури и планини да поместиш :smir:
 
Дали има ситуации кога човекот навистина е беспомошен и не може да најде решение за некоја работа или секогаш има излез? И ако има такви ситуации, според вас кои се тие?

Дали вие некогаш сте се осетиле беспомошно, дека туркате со глава во ѕид, дека не можете да најдете излез?

Секогаш има излез... Дури и кога сите работи укажуваат на немањето излез, секогаш треба трезвено да размислиме.
Е сега, за успешно да се најде излезот од некои работии, мора нешто и да се жртвува... Не може секогаш да очекуваме да ни се случува најдоброто...
Се имам повеќе пати осетено беспомошно, но доста вешто сум се извлекувал од се...
 
Се што зависи од мене и од мојата активност не може да ме направи беспомошна. Беспомошна и тоа до бескрај се чувствувам кога сум соочена со виша сила, болест на пример.
 
Дали некогаш се чувствувате беспомошни?

Дали во вашиот живот има моменти кога се чувствувате беспомошни? Кога едноставно знаете дека не можете да успеете во нешто или кога некоја ситуација успеала да ве направи особа која што станува беспомошна и чувствува страв, односно е депресивна и на моменти не знае како да се однесува? Дали е ова плод на некоја случка или се случува на сите, бидејќи никогаш во животот не можеме постојано да бидеме среќни и успешни. Дали тие депресивни моменти се нормални, кога човекот започнува негативно да размислува и постојано да вели дека нема да успее да го реши тоа на коешто цели или коешто му се јавува како проблем.
Дури некогаш и случаите на паника се возможни во смисла, особата станува премногу загрижена и веќе не знае што да направи. Што е најдобро во тој момент и како според вас се избегнуваат тие ситуации? Исто дали несигурноста и недостатокот на самодоверба придонесуваат до вакви ситуации односно слаб карактер на личноста којшто понекогаш може да направи големи проблеми?
 
Беспомошоста е призвод на ниска самодоверба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom