Бесплатни учебници за сите ученици од 2009-та

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Па не е лошо ова за просперитет на државата.....

А за мене, таман се наканив да праам бизнис со шиткање книги пред МНТ, али ОК е , оваа година шо ќе ќариме доста ќе биде ....ваљда....
 
може може зошто да не а слушнав и дека од деновиве се полнат средните школи со новите компјутери па од 1 ке видиме што и како ке биде :je:
 
Сега ветува ветува на крај ако заеба :pos2::pos2:
 
јупи бесплатни учебници само колку ке бидат добри не знам а едно знам дека до октомври ке се исцепаат и ке ги собираме по ташните листовите од нив:vozbud:
ама подобро ке бесе да не ни учевме:pos2::pos2:
 
јупи бесплатни учебници само колку ке бидат добри не знама едно знам дека до октомври ке се исцепаат и ке ги собираме по ташните листовите од нив:vozbud:
ама подобро ке бесе да не ни учевме:pos2::pos2:

Во кој смисол мислиш колку ќе бидат добри?
Учебник си е учебник, а и овие ќе ви бидат нови, така да нема споредба со книгите кои се купуваат на старо од кај МНТ.
За чувањето вие ќе си ги пазите. Оваа година ќе учиш ти од нив, наредната ќе треба тоа да го прави некој друг.
И тебе нема да ти биде убаво да учиш од листови и шкртаници, кога наредната година ќе земеш книги од друг човек.
 
После цела ЕДНА ГОДИНА ОД НАЈАВАТА ЗА БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ
Бесплатните учебници уште се договараат:pos2:

http://www.vest.com.mk/?ItemID=9C40F05C3D3E0B4CAFDE4027AB623C75

Прашање е дали воопшто ќе ги има тие тнр “БЕСПЛАТНИ“
 
Абе добро е ова ама прво оваа година ќе каснат најверојатно учебниците.
Ама тоа е стандардна работа кај нас, секоја година каснат некои учебници. Немарност.
Во основно не знам точно кое одделение земав вака бесплатни и првата генерација супер беше, после веќе следната година треба да се молиш да ти се паднат учебници од некој ученик којшто ги исчувал добро, а ако ја немаш таа среќа ќе ти се паднат испокинати и ќе мора да си ги купиш. А веќе третата година знам речиси сите купивме нови зашто старите беа лом.
Е сега ќе има казни за тие што ги шкрткаат учебниците, што е добро. А за работни и вежбанки треба секоја година да се даваат нови. Нас не ни даваа и знам на 1 септември купував гума и 2 дена бришев работни тетратки.
И книгите за четврто и петто одделение се нови по новиот закон за учебници. Што значи веројатно цел им е и останатите книги да бидат донесени според новиот закон, па кај и да е следниве години и тие ќе се сменат. Што значи старите книги нема да важат и пак трошоци.
 
Во Хрватска бесплатниот превоз и бесплатните учебници се укинати поради кризата. Така да и да каснат кај нас не е толку лошо оти знаете како велат подобро забавено отколку заборавено :toe:.
 
Во Хрватска бесплатниот превоз и бесплатните учебници се укинати поради кризата. Така да и да каснат кај нас не е толку лошо оти знаете како велат подобро забавено отколку заборавено :toe:.

Па не значи дека во Хрватска нема да се вратат после кризата исто како што не значи дека некогаш ке дојдат кај нас...Да не биде кај нас заборавено на крај.
 
Па не значи дека во Хрватска нема да се вратат после кризата исто како што не значи дека некогаш ке дојдат кај нас...Да не биде кај нас заборавено на крај.
Кога после кризата? По три години или по четири? Никој жив не знае колку ќе трае само се претпоставува.
 
Е сега ќе има казни за тие што ги шкрткаат учебниците, што е добро.

Да не има и казни ако се искинат учебниците поради нивниот „супериорен“ квалитет? :nesum:

Човече, каков беден квалитет имаат нашите учебници, ко со вода да ги лепеле страниците ебате.
Два-три пати да завртиш една страна, отиде.


А инаку ако пропадне овој проект, навистина ќе биде срамота. Владата требало прво да направи договор со издавачите, а после да се изјасни во јавност. Не треба само фалење однапред.
 
лоллл....ја па појдов пред месец дена кај мнт да шитнеме книги за 1ва средно...ни вика тој: дечки не откупуваме бесплатни се...е ке видиме...
 
лоллл....ја па појдов пред месец дена кај мнт да шитнеме книги за 1ва средно...ни вика тој: дечки не откупуваме бесплатни се...е ке видиме...
Не се секирај- во септември ќе ти отидат ко алва- ко што тргнала работава- на тоа ми мириса
 
Кога после кризата? По три години или по четири? Никој жив не знае колку ќе трае само се претпоставува.

А ти очекуваш бесплатни учебници сред криза за која не се знае колку ке трае.

Башка муабетот не ми беше за Хрватска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom