Бесплатен Интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување
SANCTIMONIOUS напиша:
народот ветува бесплатен интернет, а на една четвртина од луѓето им е исклучен телефонот
Ова не го разбрав баш.

Народот ветувал, или на народот му ветувале?
И каква врска има телефонот со интернетот?
 
Opremata sami a posle toa , furaj bespari....a ako e dial up da ne treba telefon da ni kupat :)
 
Сигурно ќе дочекаме бесплатен интернет од некој политичар, само надевајте се на тоа.
 
vardarce напиша:
Сигурно ќе дочекаме бесплатен интернет од некој политичар, само надевајте се на тоа.

Da,da "sigurno":pos2:
 
Acid напиша:
Ова не го разбрав баш.

Народот ветувал, или на народот му ветувале?
И каква врска има телефонот со интернетот?

Сакам да кажам дека интернетот е далеку посовршен од телефонот, а со секојдневните покачувања на цените за телефонот се покачува и секојдневно бројот на оние кои го исклучуваат својот домашен телефон.
Епа размислете малце, струјата поскапе за 12%, за некоја година ќе почнат и од струја да се откажуват луѓето, а собранието ветува бесплатен интернет- како ќе го користат интернетот кога нема да имат струја за компјутер. Според мене интернетот е луксуз само на тие што можат да си дозволат, без интернет се живее и може да се опстане, интернетот не е една од основните потреби за живот, тоа е телефонот, така да нема да биде лошо прво да посветат внимание на основните потреби за човечкиот живот а подоцна да нудав разни луксузи на народот
 
а ако гледа од друга страна интернетот ги заменува функциите на телефонот, останува само струјата, од телефони само мобилни
 
Како бе може така здраво за готово да ги сваќате работите? Ич не ми е јасно. Ветиле дека ќе има бесплатен интернет..Да! По школи и сите други образовни установи.Полесно достапен интернет пристап и тн. Не е работата да ви донесат дома адсл модем или кабловски модем и да ти речат сурфај! Така нема никаде во свет! Програмата Интернет за цела Македонија значи дека ќе биде далку подостапен овој (моментално) луксуз, кој ќе може да си го приушти секое домаќинство.А нормално е и дека ќе има денови кога ќе биде комплетно гага...можеби за празници или сл. незнам...
 
Во никој друга држава месечната цена претплата на интернетот не изнесува ни приближно 20% од просечната плата, а за ограничување мислам дека нема потреба да се збори. Ограничувањето го воведоа на ADSL-от поради фактот деке имаше цели згради на еден приклучок а другите искористиа прилика да го пљачкаат народот легално. Цената е таква каква што е поради големиот број луѓе кои немаат никаков степен на компјутерска едукација па не го ни разбираат потенцијалот на интернетот.
 
Да не знае некој какви услуги дава Cable tel во Бугарија?Прашувам бидејки денес официјално влегоа на голема врата во Македонија купувајки 14 кабелски оператори.Веројатно оваква конкуренција ке ги симне бајаги цените за интернет.
 
јас сум ЗА, како што има напоменато Acid, немора да е нешто нај-нај, но сепак 128-ка, и да има некаде 4 GB ограничен dl, па и помалку да е, да има секаде интернет, како што има во другите држави, бидејќи тоа е иднината. :)
 
ZIKS напиша:
јас сум ЗА, како што има напоменато Acid, немора да е нешто нај-нај, но сепак 128-ка, и да има некаде 4 GB ограничен dl, па и помалку да е, да има секаде интернет, како што има во другите држави, бидејќи тоа е иднината. :)

Со цел ум ова го бараш?:lud: Дај кажи кои се тие други држави.

Прочитај го погоре постот на трнот.
 
outcast напиша:
Со цел ум ова го бараш?:lud: Дај кажи кои се тие други држави.
Јас ке ти кажам за една.

Интернетот што го бара ZIKS не е баш ептен бесплатен во другите држави ама му доаѓа да е смешна сума!

Пр. Ирска за 6 месечен broadband интернет со се модем со брзини блиски до зиксовите се плаќа 70 евра за 6 месечен пакет!

Математика малку 70:6=11.66666 месечно

Плата во Ирска е просек 3.000 евра месечно

Ние имаме 10% од просекот плата споредено со Ирциве е би дошло и цената на интернетот да биде 10% = 1.16 евра

70 денари! месечно ке може секој да плати, шо морало па да е безпари:toe:
 
Лајче, ова не се домати бре па да правиш таква споредба :) Ако стандардот кај нас е низок, која е логиката универзална услуга како оваа, која не зависи од географско подрачје, ниту под личниот приход на жителите да биде 10 пати поефтина од глобалната вредност?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom