Беса во отворен протест за федерализација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Хахаха... што чита Ставрогин: „...тврдеше дека Груевски треба да остане на власт
Што всушност пишувам цело време:

Дај извадете ги тие „сите се вемеро“ наочарите, срамота е...
big_laugh_lol.gif

А не вака, срамоте е да лажеш. Сети се што пишуваше во темата за Куманово.
 
го прочитав првиот пост,ама брзо сте пишувале и неможам да фатам ритам па да прашам за оние кои се од почетокот на темава...Има ли некаков коментар или излезено во јавност по ова барање на БЕСА од страна на нашата државната апаратура на чело со Н.Г?Или било кој друг политички фактор?
 
Не и не треба да има. Не се никаков фактор се гледа дека дојче веле слободна европа и др медиуми ги форсираат со ставање на насловна.
 
Беса е партија блиска до структурите на Ердоган.
ДУИ е партија блиска до САД кај нас.
Некако не ми е верно тоа од причина што Ердоан ми изгледа близок со Грујо, а пак Беса сака да го бутне.
 
неккако не би се сложил со тебе брутус...кога е во прашање било какви од албанските барања тие се секогаш сплотени...
 
Не и не треба да има. Не се никаков фактор се гледа дека дојче веле слободна европа и др медиуми ги форсираат со ставање на насловна.
Покрај тоа на насловните е и една друга вест, која сакале неќеле е поврзана:

Исламската држава посега по Балканот

Пропагандниот филм на кој се прикажани џихадисти од балканските земји, мора да го натера регионот на подобра соработка и одлучна акција притив они кои повикуваат на тероризам, порачуваат експерти од регионот.

Екстремистичката организација Исламска држава објави пропагандно видео во кое им се заканува на балканските земји и ги повикува муслиманите од Балканот да и се придружат на организацијата или пак да спроведат напади на Балканот. Видеото под насловот „Чест е да си во џихад, порака за балканците“ го објави медија центарот Ел Хаџат, пропаганден центар формиран за да можат пораките на исламистите да допрат до публиката на Западот. На снимката, меѓу останатото се прикажани и припадници на Исламската држава кои дошле од Балканот.
Во дадени ситуации таквите лица може да бидат искористени во многу различни форми во Република Македонија и во регионот да извршат некој терористички акт.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

Македонија донесе антитерористички закон со кој се казнува учеството на македонски државјани на странските боишта. Според некои информации досега во ИД заминале околу 20 државјани на Македонија, а од нив 12 го загубиле животот. Во последно време тренд е и жени од Македонија да се приклучуваат на Исламската држава, пред се женски лица од Куманово, вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров.

„Исцртувањето на контурите на териториите кои би сакале ИД да ги опфати, од страна на нивните лидерите, во која територија влегува и Македонија и земјите кои доаѓаат по Македонија, се до Виена, и во таква ситуација учеството на овие лица, нивната едукација таму, нивната идеологија со која се стекнуваат таму, апсолутно може да биде поврзана со целите и заканите кои ги истакнуваат нивните лидери и во дадени ситуации таквите лица може да бидат искористени во многу различни форми во Република Македонија и во регионот да извршат некој терористички акт“, вели Пивоваров.

Косово - властите подготвени да реагираат на секоја закана

Од косовската полиција по објавувањето на филмот, преку соопштение до јавноста наведуваат дека Косово засега не е под никаков голем ризик од тероризам, но како и другите развиени земји во Европа и пошироко, не е имуна на тоа.

Од Косовската влада, пак, соопштуваат дека властите се подготвени да реагираат на секоја закана.

На објавеното видео реагираше и Исламската верска заедница на Косово. Портпаролот Ахмет Садриу вели дека оваа заедница остро ги осудува заканите од Исламската држава упатени кон Балканот.

„Тоа нема никаква врска со исламот, затоа што исламот не одобрува закани за убивање и уништување“, велат од Исламската заедница на Косово.

Србија - некој на нас нема да испробува терористички напади

Од надлежните во Србија реагираше министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој вели дека нема да дозволат некој на нив да испробува терористички напади.

„Ја следиме ситуацијата и веќе ги преземавме сите мерки. Секојдневно нашиот штаб и надежните служби во Министерството за внатрешни работи разгледуваат каква е безбедносната состојба во врска со заканите од тероризам. Преземаме се што е неопходно да за спречиме прелевање на каква било нестабилност од регионот, но и од пошироко во нашата земја. Секој кој мисли дека може на каков било начин да ја загрози состојбата на Република Србија, може само да смета на многу жесток одговор од нашата држава“, рече Небојша Стефановиќ.

Ова пропагандно видео покажува дека екстремистите на Исламската држава многу добро разбираат како треба да се води војна во модерно време, оценува воениот аналитичар Александар Радиќ. Тој смета дека тероризмот како закана која до неодамна делуваше далеку, сега го поминува прагот на Балканот.

„Екстремистите покажуваат дека камерата и социјалните мрежи ги сфатиле како подеднакво ефикасно, ако не и повредно средство од автоматската пушка. Механизмот на страв што го создаваат успева да ја намали волјата на противникот да се спротивстави и всушност гледаат дека пропагандата им е адут на долг рок. Според тоа, целосно е разбирливо што продукцијата на филмовите кои ги прават е солидна. Се работи за едно практично делување. Се порачува дека некој може да биде отруен во соседството, дека никој никаде не е безбеден. Секој кој мисли дека е целосно изземен од што било што има политичка тежина сепак може да биде мета на исламските терористи“, вели Радиќ.

БиХ - очајнички крик на ИД

Стручната јавност во БиХ, пак, смета дека се работи за очајнички крик, бидејќи Исламската држава го губи тлото под нозе и дека се помалку има приврзаници. Никој веќе не верува во светоста на војната која се претвори во ограбување и борба меѓу муслиманите. ИД немаат сила и не можат сериозно да го загрозат овој регион, вели професорот на факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии во Сараево, Јасмин Ахиќ.

„Мислам дека ова е очајничка порака, бидејќи не можат веќе да се повикуваат на тоа дека проблемот е во секташтвото, дека проблемот е меѓу Сунитите и Шиитите, да се борат против одредени центри на моќ како САД и Израел. Видовме дека влегуваа и во палестинските логори во Сирија и Ирак, заробуваа Палестинци. Мислам дека на сите им стана јасно дека тоа се ѕверови кои во својата залуденост и изгубеност веќе немаат никакви скрупули“, вели професор Ахиќ.
 
нема брача на подфорум музика.

Не викај двапати. Знаеш како прават они. Прво ќе дојде еден на една тема и ќе биде супер лик. На сите ќе им става смајлиња кога ќе ги цитира, :) - вакви смајлиња, ќе им посакува пријатен ден на крај на пост, ќе има многу мало познавање од музика, ама многу домаќински пристап.
Па ќе дојде уште еден. Па уште еден. Па ќе се прошират и по други теми. Кога, на крај, ќе метастазира целата работа и ќе ги има по цел подфорум, тој првиот, тој со смајлињата и со "пријатен ден" постовите ќе стане копиле и ќе почне да пријавува луѓе за банални работи и да бара нови подфоруми, како и сите дојдени после него.
Така прават они. :/
 
Не и не треба да има. Не се никаков фактор се гледа дека дојче веле слободна европа и др медиуми ги форсираат со ставање на насловна.

исто како тогаш што немаше кога прогласуваа република илирида
 
Не викај двапати. Знаеш како прават они. Прво ќе дојде еден на една тема и ќе биде супер лик. На сите ќе им става смајлиња кога ќе ги цитира, :) - вакви смајлиња, ќе им посакува пријатен ден на крај на пост, ќе има многу мало познавање од музика, ама многу домаќински пристап.
Па ќе дојде уште еден. Па уште еден. Па ќе се прошират и по други теми. Кога, на крај, ќе метастазира целата работа и ќе ги има по цел подфорум, тој првиот, тој со смајлињата и со "пријатен ден" постовите ќе стане копиле и ќе почне да пријавува луѓе за банални работи и да бара нови подфоруми, како и сите дојдени после него.
Така прават они. :/

Така прават сите гуштери...И копуците од наша семка што ми ја чкртаат колата со клуч без причина претпоставувам дека кога ќе појдат во нова средина го прават токму тоа и можеш да му ги видиш дури и 9ките со кариес додека му објаснуваат на некој странец како I want back that time wasted дури живееле во Македонија.
Како можат да бидат срцки и први стрелци и виолини за Швајцарија, а овде да даваат само голови од корна и со пета што викаше господинот Бајрам?
Не верувам дека само ќе да е до генетиката нивна и менталитетот пештерски, има нешто и до администраторите.
 
До соседите е, јас ти кажувам...[DOUBLEPOST=1433626775][/DOUBLEPOST]
Не викај двапати. Знаеш како прават они. Прво ќе дојде еден на една тема и ќе биде супер лик. На сите ќе им става смајлиња кога ќе ги цитира, :) - вакви смајлиња, ќе им посакува пријатен ден на крај на пост, ќе има многу мало познавање од музика, ама многу домаќински пристап.
Па ќе дојде уште еден. Па уште еден. Па ќе се прошират и по други теми. Кога, на крај, ќе метастазира целата работа и ќе ги има по цел подфорум, тој првиот, тој со смајлињата и со "пријатен ден" постовите ќе стане копиле и ќе почне да пријавува луѓе за банални работи и да бара нови подфоруми, како и сите дојдени после него.
Така прават они. :/
Ова ама баш ич не ти требаше.

Тебе што ти значи потписов?[DOUBLEPOST=1433627016][/DOUBLEPOST]
Морам овде, пошто нема брача на подфорум музика.

Мене ова со сето мое неразбирање во музика повеќе ми се допаѓа.[DOUBLEPOST=1433627087][/DOUBLEPOST]
Морам овде, пошто нема брача на подфорум музика.

Мене ова со сето мое неразбирање во музика повеќе ми се допаѓа.
 
Последно уредено:
Некако не ми е верно тоа од причина што Ердоан ми изгледа близок со Грујо, а пак Беса сака да го бутне.

Грујо има апсолутна подршка од лудакот Путин и од шизофреничарот Ердоган..
 
Пошто читам темата се префли за гасоводот и на кој му е поголем, дали на Путин или на Обама, јас да си прашам. Сигурно ке се најди некој експерт тука на форумот што ке знае да објасни.
Абе ние имаме потреба од евтин гас или гасовод да врви тука или не. Значи не прашувам дали на Америка , ЕУ , Русија, Турција, Грција, Србија им е од интерес, за нас прашувам. Дали нас ни е од интерес или не ни е, пошто гледам многу повеќе сте загрижени за нивните интереси отколку за нашите.
 
Нашите интереси се тотално небитни во оние моменти кога големиот фронт е на наша територија, така да нашата судбина зависи од тоа на кој му е поголем и за колку.

Иначе јас мислам дека веќе и најслепите бранители на западните „вредности“, се уверија во лицемерието на нивните политичари во последнава епизода за „надминување“ на кризата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom