Бес

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.160
Возраст
41
Бесот е емоција и состојба на умот.Лутењето пак е сосема нормална и здрава човечка емоција.Но, кога ќе излезе од контрола лутењето преминува во бес и станува деструктивен па може да предизвика бројни проблеми на работа, во односите со блиски особи и во целокупниот квалитет на животот.
Има ли бесот цел за опстојување или не? Како реагирате кога бесот ви струи низ вените? Можете ли да го контролирате бесот?
 
Обично кога сум бесна се затворам во соба и не реагирам на ништо во тој момент.Не сакам никој да ми зборува,кој и да ми прозбори било што макар тоа да биде и добро бесот го истурам на него.Затоа кога сум бесна и лута барам да сум сама за притоа да нема последици :pipi:
А за тоа дали бесот има цел за опстојување мислам дека има затоа што обично кога ни се случува сфаќаме многу работи за кои пред тоа не сме биле свесни.Барем мене така ми се случува. :smir:
 
Бесот е природно чувство кое се појавува кога сме исфрустрирани и повредени од некоја ситуација или пак кога сме одбиени.Тоа е силна емоција и ако не се справиме со неа правилно може да биде деструктивна за нас и за другите околу нас.
Бесот не произлегува од луѓето и настаните на кои им се лутиме туку од нашата реакција кон нив.Варира од блага иритација до насилно однесување и влијае на целото тело:срцето чука побрзо,се покачува адреналинот и крвниот притисок.

Сите луѓе различно реагираат на непријатни ситуации.Некои веднаш избувнуваат со што ги загрижуваат и плашат другите околу нив,а други ги потиснуваат чувствата(на пример јас :) )
Се смета дека е здраво децата да покажуваат бес затоа што на тој начин се борат за себе и кажуваат што им создава непријатност,не го оставаат тоа да тлее во нив,за подоцна во адолесцентниот период да им создава проблеми премолчувањето и да избувнуваат и за непотребни ситуации.

Најважно е да размислиме за последиците кои ќе настанат доколку дозволиме бесот да не надвладее.Поретко да одговараме на наредбите од другите и да правиме работи што ние ги сакаме и работи во кои ние уживаме.Здраво да се храниме и да спиеме доволно.
Животот е стресен,притисокот врз нас секојдневно се зголемува и сосема е нормално некој ден да ни дојде се преку глава.Кога ќе се случи тоа само длабоко вдишете,избројте до три(или и до повеќе ако треба :) ) и продолжете понатаму.

Изразувајте се полека и смирено,без непотребно да го повишувате тонот на гласот-во ред е ако некој има различно мислење од вашето и не сфаќајте ништо лично :) Претпоставувам никој не сака вака да изгледа:

anger.gif
 
Купете си боксерска врека или било шо меко и кога сте бесни удри по тоа и минува ...Инаку бесот како нус појава од лутината тешко дека можам да го контролирам а и не познавам баш некој шо може..значи има луге шо викат јас го контролирам одам трчам и ми минува тоа не е контролирање сепак има некаква реакција врз основа на бесо како акција интересира ме дали има некој шо може да го исконтролира бесо у моменто буквално да го голтне ..
 
Има ли бесот цел за опстојување или не? Како реагирате кога бесот ви струи низ вените? Можете ли да го контролирате бесот?

Има цел да го дефокусира и уплаши непријателот па да почне да греши, или само добра сценска претстава пред крај :icon_lol:.
Кршам :icon_lol:....
Ау да, можам да седам мирен до последен момент па после ураган :icon_lol:....
 
Besot go pomatuva razumot i dozvoluva na bolkata sto covekot ja nosi vo sebe da stane vidliva ... Besot e reakcija na bolka ....
Vistinskoto prasanje bi bilo: Sto e poloso?
Prestapot napraven vo bes ili prestapot napraven od strast?
 
Не можам да го контролирам . Најчесто кршам нешто , правам штета , тоа на некој начин ме смирува.
 
У последно време имам се помала самоконтрола.Кога сум бесна пцујам се живо и диво префрлам на сите сите ми се криви кажувам и правам нешта за кои после се каам ама кога не можам да се контролирам тоа е тоа :(.Кога сум бесна искрен совет до сите да останат шо подалеку од мене да не си настрадаат....вербално и физички...
 
Имам огромен бес во мене .. нешто ме јаде одвнатре , само треба да најдам како да го искористам тоа во добро .. Тоа е целта , да го искористиш тој цел , таа енергија , за нешто корисно ..
 
бесот е смешна работа хахаххахахахаххахахахаххахаха
 
Смешно е додека е насочен само против самиот носител, но ако тој не умее да се контролира...
 
Не можам да го контролирам . Најчесто кршам нешто , правам штета , тоа на некој начин ме смирува.

Имам огромен бес во мене .. нешто ме јаде одвнатре , само треба да најдам како да го искористам тоа во добро .. Тоа е целта , да го искористиш тој цел , таа енергија , за нешто корисно ..

бесот е смешна работа хахаххахахахаххахахахаххахаха

Смешно е додека е насочен само против самиот носител, но ако тој не умее да се контролира...


Кога веќе зборуваме на тема бес: :smir:

Темата не е во чек дис аут, ако не знаете да дискутирате во подфорум филозофија, зошто воопшто се трудите? Убаво се поставени прашањата на темава, нели?
 
Темата не е во чек дис аут, ако не знаете да дискутирате во подфорум филозофија, зошто воопшто се трудите? Убаво се поставени прашањата на темава, нели?

Отстранети се од темата, продолжете со дискусијата.
 
Бесот како деструктивна и/или самодеструктивна состојба не го оправдувам, но не секогаш сум во состојба да го контролирам нивото на лутина кое е вид на претсостојба, чекор пред бесот. Секако можам бар од аспект на возраста да кажам дека еден од факторите да се помине таа црвена линија е возраста (мм, нешто слично на степенот на толеранција на наркоман на дрога), но секако зависи и од самата личност/неговата агресивност носена во гените и воспитувањето при растот и развојот...во смисол на праг на толеранција од нормална состојба до лутина и од лутина до бес.
За лутината би рекол дека е и добра во одредени стресни ситуации се додека се држи под контрола и се додека е краткотрајна з9долготрајноста влијае на лачење на други материи кои негативно дејствуваат во подолг период на самиот организам), добра во однос на реакцијата на оние личности кои наместо лутина чувствуваат страв. Ова е барем според истражувањата на психолозите.
Имено, според одредени тестови за стресни состојби, преку психолошки систем на кодирање на мускулите на лицето, идентификувани се страв, гадење и лутина. Преку мерење на крвниот притисок и висината на лачење на хормонот кортизол во плунката, дојдено е до заклучок дека лутината е поделотворна од стравот. Зошто? Затоа што кај стравот се јавува поголем крвен притисок и поголемо лачење на кортизол (за кој ќе прочитате дека негово зголемување влијае на зголемување на крвниот притисок и шеќерот во крвта-затоа се користат одредени суплементи за регулација на кортизолот како магнезиум, омега 3...но тоа е сосем друга тема-медицина, да не ми се налути Македонка дека навлегувам во здравствени муабети :) ).

Значи во стресни ситуации, кога веќе телото реагира, краткотрајна лутина со самоконтрола е дури би се рекло и полезна (влијае на одредени делови од нервниот систем како на пример хипофизата која пак се справува со тешки ситуации и која од друга страна е одговорна за појавата на бесот)...се додека не се помине границата и се додека не се јави бесот кој е уништувачки и за себе и за (честопати) околината.
Е сега, постојат и постапки и правила за самоконтрола, но ова погоре се однесува на вообичаена состојба без примена на дополнителни решенија.

Да додадам, можеби повеќе се задржувам на лутината како емоција, пошто бесот како ментална состојба одамна ми е страно нешто или бил од краткотраен карактер...ниту се сеќавам веќе на некоја таква ситуација. Фала Богу сум немела поголема причина во последно време за да стигнам до состојба на бес...а лутина колку ми душа сака.
 
Back
На врв Bottom