Бесот е емоција и состојба на умот.Лутењето пак е сосема нормална и здрава човечка емоција.Но, кога ќе излезе од контрола лутењето преминува во бес и станува деструктивен па може да предизвика бројни проблеми на работа, во односите со блиски особи и во целокупниот квалитет на животот.
Има ли бесот цел за опстојување или не? Како реагирате кога бесот ви струи низ вените? Можете ли да го контролирате бесот?
зборот БЕС во македонскиот јазик има две значења
а) аздисаност , раскалашеност , разузданост , хедонозам
б) за да нема забуни има уште еден резервен збор а тоа е ГНЕВНОСТ
е сега темата за второто значение а тоа е гневноста - гневот
За разлика од лутината која повеќе има намера да предупреди , игнорира , да даде некому до знаење кај гневот е малце подруго .
Заедничкото им е тоа што и двете се пропратени со нервоза а по дефиниција нервозата се јавува кога човекот се чуствува немоќен да разреши одреден проблем .
Дел од човековата психа се и чуставата и емоциите и ако тие се хармонија човекот не чуствува нервоза . Во хармонија ќе бидат се додека не се наруши некое од елементарните чуства како што се чуството за безбедност (незагрозеност за физичкото постоење ) , чуството за обезбеденост ( обскрбеност со намирници кој му гарантираат колку толку дека извесен период нема да живее ден за ден ) , чуство за припадност - неотфрленост од околкината или општеството , чуство за моќност способност да влијаеш , да знаеш или на некој друг начин да се справиш со некој проблем , итн . Кога се е во ред нема нервоза туку има чуство на пријатност .
Е кога ќе се наруши тој синхронизиран хармонизиран механизам во човечка психа велиме настапила нервоза .
Еден начин на разрешување на нервозата е лутината ако се нема друг начин на разрешување .Тоа е сепак побезболен начин на разрешување од гневот .
Разликата е во тоа што кај ГНЕВОТ во старт нервозата е пропратена со став дека нервозата мора ефектно да заврши до степен да се казни некој .Во смисла дека или мора нешто да скрши , или да она што се вели да се нафрлиш - истуриш нервиоза на некој .Обично тоа е некој близок на кој се сака му нанесе психичка душебна -болка да се види дека личноста страда дека е потресена погодена од тешките зборови .Но може да биде и со физичко насилство пример кај понеписмени родители незнаејќи да влијаат-воспитаат дете на друг начин тоа бива физички напаѓано . Или маж кој тепа жена итн .
Лош дел е што ако насилникот се научи значи никој не го спречува тој тоа да ги свати како единствен правилен начин на разрешување на нервозата .
Се на се гневот е болна сосотојба која на било кој начин мора да се спречи правовремено пред да стане навика , нели ако се случи еднаш тоа е афект но ако продолжи тоа е веќе болест .Гневот е опседнатост дека лек за нервозата е насилничкото однесување па дури како лек се користат и другите луѓе .
Ако човекот неможе сам да си разреши вакава состојба треба да си појде на лекар .
Промени прошетки дружби било што (индивидуално е ) секој може да си развие техника што кога настапува гнев ќе му сврти внимание на нешто друго за потоа после извесно време поразумно посвесно да ги согледа околностите и да најде начин да ги реши (секогаш отпосле испаѓа дека имало поприфатливо решение )
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за бесот ви препорачувам да ја прочитате книгата "За Гневот" од Лукиј Анај Сенека.
да зборот бес е всушност гнев во темава