Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 121

Албанскиот премиер Сали Бериша даде гаранција за попис на населението врз етничка, јазична и верска припадност.
„Пописот треба да му даде на секој граѓанин право слободно да ја изрази својата етничка припадност“, рече Бериша.
„Албанската нација и народ немале и немаат комплекси за својот идентитет зашто имаат докажано дека многу ги почитуваат своите сограѓани Грци, Бошњаци, Македонци, Срби, Црногорци, Власи, Роми или Египќани, кои може отворено да ја искажат нивната етничка припадност“, додаде Бериша, нагласувајќи дека многу ќе се внимава да нема шпекулации.
Последниот попис во Албанија спроведен во април 2001 година беше бојкотиран од малцинствата токму поради непостоењето графа за етничка и верска припадност и мајчин јазик.
Наредниот попис ќе биде спроведен во 2011 година.
Сабри Годо, еден од авторите на албанскиот Устав, неодамна се спротивстави на изјавата на премиерот Бериша. Тој смета дека таков попис не треба да се дозволи, бидејќи бил „сериозна закана за територијата на земјата“.
Со ваков попис, смета Годо, вештачки ќе се зголемел бројот на припадниците на грчкото малцинство, бидејќи грчкото влијание во Албанија било големо.
**************************************************************
Дај боже да се оствари ова и на дело и доследно да биде спроведено. Колку-толку ќе имаме пореална и пообјективна слика на етничката и верската структура на Албанија, а со тоа и пообјективен приказ на процентот на македонско население кое живее во границите на нашиот сосед.
Извор: А1.com.mk