Бело или црвено вино?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Бело или црвено вино?

  • Бело

    Гласови: 59 33,1%
  • Црвено

    Гласови: 119 66,9%

  • Вкупно гласачи
    178
Повеќе сакам црвено вино,иако е потешко од белото мене ми е поубаво.А сакам да го пијам во комбинација со сирење во фурна или било какво сирење,или похован кашкавал или пилешки прсти.А точно е дека белото вино повеќе се пие во лето зашто е полесно,попитко,а црното како потешко и затоа што побрзо загрева се пие во зима.
 
Вино-најомилен алкохолен пијалак. И бело и црвено сакам, ама гласав за црвеното.:icon_lol:
 
Не сум некој љубител на виното, ама меѓу бело и црвено бирам бело. Црвеното ми е прекисело, дури ни на Витачот не сум му фан. Плус, ми се заруменуваат образите од него ко на селска мома, а тоа го мразам. :icon_lol:

Белото ми е многу попитко. Го пијам и како шприцер, и како бунар и чисто. Најрадо би пиела бунар.

А грозје, да, бело повеќе сакам ама мислам дека е коинциденција.
 
Црвено, и бело... Најомилен бренд, Шардоне, и тоа special edition ;)
Дисан исто... Од Сковин белото...
Шампањ...
Само една работа неможам да сварам: Бунарче! и Бамбус!
Мислам, нели е грев да се упропастува виното со триста гурабии внатре...!
Се чудат Французиве како успеваме да го деградираме виното на ваков начин, а башка и амбалажата ако е 3-литарска и пластика, со примеси, на мирисни винарски ноти и PVC...
:nenene: Тапааааа!
 
Ретко пијам вино,но белото со кисела вода :back:
 
Црвено домашно од кај мене
 
бело, Александрија, може и Бунарче....а црвено, ретко, али домашно!!!!!!!!!грозје не ни јадам,ептен ретко!!!!!!!!!!
 
ма кому иде... што има тоа не е битно ... али у принцип избегавам вино повеќето бело зашо лошо ми влијае на организмот
 
Ве читам и ви се воодушевувам. Значи колку сакам да можам да си турам чаша било какво вино и да уживам во него. Не дека не пијам никакво, пијам црвено, меѓутоа јас ако прво не го убијам виното со кока кола или степ јас не можам да го пијам :uvo:
Иначе грозје не можам да замислам, не сакам ни бело ни црвено :icon_conf
 
Ве читам и ви се воодушевувам. Значи колку сакам да можам да си турам чаша било какво вино и да уживам во него. Не дека не пијам никакво, пијам црвено, меѓутоа јас ако прво не го убијам виното со кока кола или степ јас не можам да го пијам :uvo:
Иначе грозје не можам да замислам, не сакам ни бело ни црвено :icon_conf
ко ќе нема да видиш како ќе пиеш .... а и + ако претходно си напраена лом не ти е битно после што ќе пиеш ТАКАААА.......
 
ко ќе нема да видиш како ќе пиеш .... а и + ако претходно си напраена лом не ти е битно после што ќе пиеш ТАКАААА.......
Па за пиво ми е така, значи пиво пијам само ако сум ломосана, али вино нема шанси.
 
Понекогаш знам да со ручек да се напијам часа вино не сум голем љубител на вино од нашиве омилено ми е Vranec Special Selection на Тиквеш има благ вкус и спацифичен мирис кој непробал нека повели нема да се покае.

хехехе звучам ко тој од храна и вино
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom