Белградскиот Фантом

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.348
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
После дооолго време, случајно гледав еден екс-Ју филм, „Давитељ против давитеља“ се вика.
Во него се спомнува Белградскиот фантом. Потоа, кога седнав пред компјутерот, барајќи некои податоци за Фиат 1300, случајно налетав на Фантомот и ми се виде интересно...

Фантомот украл Порше 911 тарга, и ја заебавал цела Милиција. И секоја вечер ги понижувал припадниците на „народната власт“ со своите вратоломии. Дечките со Застави 1300/1500, 101 и сл. биле тотално немоќни...
За беља, и Тито бил на Куба, па се сметало дека Фантомот се бунтува против режимот, иако според мене, тој повеќе сакал да прави будали од Милицајците, оти ги мразел многу...Бил крадец инаку... И секоја вечер, после полноќ, народот се собирал да го гледа на Белградските улици, каде собирал аплаузио и овации.

Спектакуларно удира со Поршето во градски автобус поставен како барикада на 15-тата вечер и побегнува помеѓу насобраниот народ, а фатен е подоцна и одлежал некое време во затвор...
По ослободувањето од затвор, загинува во наводно наместена сообраќајна несреќа со Лада. Се разбира, украдена.
Дефинитивно, ми остави приказната впечаток за храброста и духот на Фантомот...
Се снимал и филм за него. Незнам дали е излезен. Линкот кој го оставан од Јутјуб е од 6 минутен документарец, најверојатно trailer за филмот:

на англиски е.
И, еве уште нешто за него:

http://www.leksikon-yu-mitologije.net/read.php?id=563
 
Хе, интересно.
 
Читав некаде пред година две за него на нет-ов, ако најдам ке постирам тука. Шампион бил чоекот:vozbud:
 
Ууу...штотуку добив југословенски идол... :)))

Сега вакво нешто да направиш, никому ништо, повеќето се искоментираат „абе шанкуре е, којзнае на што бил додека го правел тоа, разгалено детиште...”
Нема романтика сега...за жал...

И баш читав на овој текстов,... дека откако го фатиле му правеле психолошки тестови и му покажувале слики од јаки спортски автомобили и неговиот пулс нагло се покачувал...

Да го видат мојот пулс кога ќе видам некое страшно количе...мх како ме чеша десното стапало....
 
Нешто како Bandit, забравив како се викаше, ама знам дека го глумеше Берт Рејнолдс. Бегана работа секакви будали има.
 
Како би изреагирале вие ваков тип да се појави во МКД?
 
Кон крајот на 80-тите во Струмица имаше еден му викаа Луди Макс. Случајно ми е роднина, подалечен.
Возеше сопствен Голф 1, и со тек на времето беше без крило, хауиба, браници, фар еден му фалеше...Што се чукне, веднаш се демонтира и продолжува.
Дечкото минеше со огромни брзини на црвено, еднаш побегна од Милицијата, на сред центар пред народ, слалом вожња и сл... Голфот отиде курбан на некој отпад или за делови, а сега типчето вози такси. Помирно, за разлика од тогаш.
Кон средината на 90-тите едно типче имаше црвен Голф ГТИ (прва серија) и околу 12-1 часот по полноќ се обидуваше да ја мине „Ленинова” од почеток до крај (околу 2,5 км) со максимална брзина, ама ништо спектакуларно.

бај д веј, треба некој таков да ги прави лешинариве наши да изгледаат смешно. Претеруваат инаку...
 
Јас тоа би го направил со следнава машина

Dodge Charger R/T 1969 страв и трепет!

1969_dodge_charger_rt_440.jpg


Малку Dukes of Hazard :)

Како би сакал онака...некое пичлеме со BMW да го збришам со ова чудо...ух!

Плус на R/T би ставил и Vortex supercharger... маме ќе расплакува!
 
My favorite e ова Charger-oв
Најдобра Muscle car спрема мене (после Mustang GT500 - Eleanor нормално)
 
Според мене, идеален избор за „фантомисување”. Ова!
Единствено што не е со заден погон, заради „уметнички дојам” :)

Крајслерите иако се со големи машини, се троми, не се баш нешто за трка...
 
Струмикс напиша:
Според мене, идеален избор за „фантомисување”. Ова!
Единствено што не е со заден погон, заради „уметнички дојам” :)

Крајслерите иако се со големи машини, се троми, не се баш нешто за трка...

Хмм..од 0-100 за 6.3 секунди е одлично! Немаат шанси Крајслериве!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom