Бегство од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
А што не би имало ако ги плаќаат ко што треба? Има Македонци и во Кина, чудно колку е мал интересот за таму а има потреба од секаков кадар, особено имаше до пред 5 - 6 години кога луѓе од тука со некое познавање на англиски идеа да работат ко предавачи по англиски таму, исто ко тестери на софтвер итн итн.
 
Предлог за агенција која посредува за работа во Германија на медицински персонал? Знам дека ги има многу ама ми треба некоја со која сте имале позитивно искуство.
 
Имав возено некое време во Русија, не дај Боже веќе, сретнав група на градежници од Македонија, земаа околу 600 еур, месечно работеа по 12 часа дневно.Тоа беше пред светското. Им беше обезбедено престој и храна. Цените им се пониски од кај нас, колку што можев да забележам.
Има платени професии кај кој може да се заработи салам пара, особено во рударството, без премногу трошоци, но проблем е јазикот.
Инаку, носев некои материјали за прецизни мерења, човекот што ги прими беше некаде пред пензија, германец, ми беше чудно. Низ муабет разбрав дека лицето земало околу 15000 еур, но како експерт.
И кај нас овие експерти во Алкалоид, Скопска пивара... земаат салам пари, но тоа се двајца или тројца, работничката класа секаде е понижена. Разликата е што таму полесно можеш да пронајдеш нова работа, имаш некоја сигурност, да би земал редовна плата над 30000 во Македонија, и жената кога би земала еве 20000, како и да не се плашам да не ја загубам работата, никогаш не би заминал од македонија

Сигурно те лажеле за платата, која е логиката да одат да работат за 600 евра во Русија како градежници и спијат по бараки далеку од дома кога и тука градежници зимаат по по 400+ евра а мајстори што водат помали групи и повеќе ја разбираат работата и преку 500 евра без никаков проблем.
 
Последно уредено од модератор:
Предлог за агенција која посредува за работа во Германија на медицински персонал? Знам дека ги има многу ама ми треба некоја со која сте имале позитивно искуство.

Би ти ги препорачал Контекст, како најпознати, најискусни и со најдобра услуга (иако ова последново е релативно, бидејќи и они си имаат маани).
Види кај нив. Како студент бев во Германија преку нив. Не сум имал искуство за медицински лица но знам дека имаа опција за такво нешто, и многу луѓе со нив се консултираат.
Не очекувај премногу од агенциите, бидејќи ниедна од нив не е идеална.
Почни со јазик некаде во некоја приватна школа па тогаш мисли за агенции (мој совет).
 
Така работат програмери кои што имаат рокови на работа, и кои покрај прекувремена работа патуваат по саатпол - два пошто сообраќајот е катастрофа. За во Германија не знам како е, зборам за Калифорнија, Лос Анџелес. А кажи и колкава кирија ќе плаќаат?
Stan plaka 700 evra so smetki 120 kvadrati pet sobi vo offenburg

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 
Ima dosta raboti so se i 20-30 pati poskapi nego vo mk, posebno uslugite. Bez sopstven pokriv nad glavata so obicna rabotnicka plata sekade vo eu ke go jades stapot, da ne se lazeme. Dosta najbarani amalski rabotni mesta se so plati 1100-1300e, koga ke platis kirija, kupista isiguranja, smetki i vo.dupka ke otides. Inaku da, so podaleku od ovoj pateticen izguben i prodaden narod i drzava toa podobro.
I so dve plati po 1200 evra ke zivees podobro nego vo skopje so dve olati po 20000 denari [emoji6]

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 
Предлог за агенција која посредува за работа во Германија на медицински персонал? Знам дека ги има многу ама ми треба некоја со која сте имале позитивно искуство.
Rosetta Stone симни и почни дома да учиш, на youtube имаш еден куп почетни туторијали за граматика и изговор, читањето Германски е лесно. До А2 е лесен и за 3 месеци макс ќе го совладаш дома, стручниот дел и б1-б2-ц1 може да си побараш помош од професор/агенција. Не си ги давај парите од прв ден, кога дома имаш колку сакаш и кога сакаш да учиш.[DOUBLEPOST=1535546123][/DOUBLEPOST]
Да, да, ако си вработен таму зимаш по 5000 долари плата и све ти е бесплатно, чисти ги тргаш на крај од месец.

Па тоа и пишував, за таков случај што мисли да се врати и тоа не на одмор, али ти веќе све знаеш, а уште си тука? :)[DOUBLEPOST=1535530867][/DOUBLEPOST]

И у Шведска се наоѓа за 700 - 800 евра кирија во Стокхолм да речеме. Али први комшии ќе ти бидат Сомалијци и Сиријци. Во Стокхолм за двособен стан во јужниот дел на Стокхолм кај што немаш многу мигранти се движи од 1300 евра до 1500 евра. Прогуглај од/до аеродром такси да те однесе/земе дали ќе најдеш за поевтино од 450 - 500 евра. Шведска ја спомнувам ко најпосакувана дестинација на форумов, на страна што и работам во шведска фирма у моментов.
Таксито е секаде скапо и во Скопје не е под 500 денари од Аеродром, али затоа имаш автобуси скоро на сите аеродроми. Еве гугл вика околу 45 евра дека кошта, толку ме кошташе мене и во Штутгарт. The price on the yellow label is based on a 10 km, a 15-minute journey. The price indicated on the taximeter is in Swedish kronor. For trips to and from Stockholm Arlanda Airport, the major taxi companies have fixed prices of between SEK 450-500. Always ask the driver beforehand. In addition to the major taxi companies, there are several independent firms; caution is adviced.
 
Последно уредено:
А што не би имало ако ги плаќаат ко што треба? Има Македонци и во Кина, чудно колку е мал интересот за таму а има потреба од секаков кадар, особено имаше до пред 5 - 6 години кога луѓе од тука со некое познавање на англиски идеа да работат ко предавачи по англиски таму, исто ко тестери на софтвер итн итн.
Едноставно квалитетот на животот не е ист таму и во Германија, не се глупи луѓето коа бираат кај да мигрираат.
Инаку мислам дека до сеа после 20 години дискусија на вакви теми го надминавме тоа дека во странство се рмба по 15 саати. Се рмба и во Македонија, и тоа рмбаат и инжињерите покрај мајсторите за ич пари. Имам другари што работат во фирми каде што патот им е пресметан во работното време, нешто што во Македонија ќе го има за 100 години.
И бројките што ги вадите се од ракав, не можеш од гугл све да дознаеш и така да праиш математика.

На крајот многу менува струката, ако си програмер во Македонија при што просечната плата во индустријата е 3 пати над општиот просек во државата нема логика да идеш во странство и да се изедначиш по плата со другите струки. Грото од фирмите се странски па и нема да осетиш реален македонски приватен сектор. Ја иам електро завршено, сва среќа работам во странска фирма сеа ама на почеток работев во наша фирма, при толкав труд да имаш такво работно место ќе ти дое да се убиеш а не па да се преселиш.
 
Сигурно те лажеле за платата, која е логиката да одат да работат за 600 евра во Русија како градежници и спијат по бараки далеку од дома кога и тука градежници зимаат по по 400+ евра а мајстори што водат помали групи и повеќе ја разбираат работата и преку 500 евра без никаков проблем.

Не велам не, можеби лажеле да не им ја превземам работата
 
Не велам не, можеби лажеле да не им ја превземам работата
Не те лажеле, пред кризата мајсторите беа платени околу 1000-1200 долари. Од тогаш наваму платата падната до некои 800-1000 долари, зависи каде и како ке се најде проект.
Таму можеш да заработиш ако си раководител на проект или такво нешто, тогаш нема лимит. Проблем е што две години под ред рубљата го проби дното и Русија веќе не е место за заработка, камо ли за емиграција.
Да не беше кризата 2008, тешко дека и јас ќе се вратев назад. Огромен пазар, за разлика од Мк. Е сега корупција ама македонецот се навикнува на секакви правила на игра.
Некој спомна квалитет на живот, товаришчи Питер и Москва имаат даалеку подобар квалитет на живот од пола Западна Европа. Проблемот е што и таму платите се големи ама трошоците уште поголеми.
 
Чисто колку да нема дезинформации, пошто гледам дека некои вадат суми на кирии, трошоци, плати и слично од ракав, еве некои информации од прва рака после 3 месеци живот во Германија.

Еднособен наместен стан од 36 квадрати многу блиску до центарот на Штутгарт (5 U-Bahn станици, 10ина минути вожња) со вклучени сите други трошоци ме кошта 830 евра месечно. Ако земам да барам празен стан, би можел да најдам за помала кирија. Кириите во предградијата и во помалите градови се уште помали.

Цените во супермаркети се отприлика исти како во Македонија. За повеќето продукти исти, некои се поефтини, некои поскапи, ама во глобала е тука негде. Да купиш ручек надвор од дома кошта 7-8 евра, во случај да те мрзи да готвиш во деновите кога си на работа. Месечна карта за јавен превоз кошта 70 евра. Тоа се трошоците за живот.

Ако сакаш да седнеш негде да испиеш едно пиво, тоа задоволство кошта 4 евра, што е дупло поскапо отколку во центар на Скопје. Ако се земе во предвид разликата во платата меѓу Германија и Македонија, цената на едно пиво е смешна.

Не би сакал да кажувам колкава ми е платата, така да ќе кажам само дека е скоро 6 пати поголема од таа што ја земав во Македонија во истата струка. На крај на месец остануваат пари што во Македонија можеш само да сонуваш дека ќе ти останат, ако воопшто остане нешто. Ова секако прави огромна разлика пошто ако сакаш да си купиш кола, компјутер, конзола за играње или пак да отидеш на одмор во Шпанија, цената ти е иста без разлика на тоа дали работиш во Македонија или Германија.
 
Stan plaka 700 evra so smetki 120 kvadrati pet sobi vo offenburg

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
Значи ти правам муабет за Стокхолм, не за Офенбург.
Rosetta Stone симни и почни дома да учиш, на youtube имаш еден куп почетни туторијали за граматика и изговор, читањето Германски е лесно. До А2 е лесен и за 3 месеци макс ќе го совладаш дома, стручниот дел и б1-б2-ц1 може да си побараш помош од професор/агенција. Не си ги давај парите од прв ден, кога дома имаш колку сакаш и кога сакаш да учиш.[DOUBLEPOST=1535546123][/DOUBLEPOST]
Таксито е секаде скапо и во Скопје не е под 500 денари од Аеродром, али затоа имаш автобуси скоро на сите аеродроми. Еве гугл вика околу 45 евра дека кошта, толку ме кошташе мене и во Штутгарт. The price on the yellow label is based on a 10 km, a 15-minute journey. The price indicated on the taximeter is in Swedish kronor. For trips to and from Stockholm Arlanda Airport, the major taxi companies have fixed prices of between SEK 450-500. Always ask the driver beforehand. In addition to the major taxi companies, there are several independent firms; caution is adviced.
Значи ај вака, отиди, живеј ко иселеник, и после збори. Ја ти кажувам за впечатоци на луѓе кои се иселиле од Македонија, не пошто немале пари во Македонија, туку ради поквалитетен живот, никаде не реков дека во Македонија е подобро или ќе заработуваш повеќе пари. До душа ако ги земаш над 1000 евра во Македонија ќе можеш повеќе да купиш тука него ли со 3000 евра таму ако си под кирија. Прашај и за односот на Швеѓаните кон оние кои се странци и кои не го зборат нивниот јазик добро. Дур не осетиш на своја кожа некои работи џабе е да ти објаснувам.
Мислам олабавете малце, ко некоја секта сте да му ебам мајката, да има и такви луѓе кои се иселиле од Македонија и не им било добро таму кај што се иселиле, дали поради тоа што немале никаков живот, не им се свиѓал тој стил на живот, не се снашле во тој менталитет итн. Не мора за све да се докажуваме. Дур не се иселиш и не видиш како е џабе ги убедуваш сите тука, уствари најпатетично ми е кога ќе видам иселеници на македонски форуми али ај...
Едноставно квалитетот на животот не е ист таму и во Германија, не се глупи луѓето коа бираат кај да мигрираат.
Инаку мислам дека до сеа после 20 години дискусија на вакви теми го надминавме тоа дека во странство се рмба по 15 саати. Се рмба и во Македонија, и тоа рмбаат и инжињерите покрај мајсторите за ич пари. Имам другари што работат во фирми каде што патот им е пресметан во работното време, нешто што во Македонија ќе го има за 100 години.
И бројките што ги вадите се од ракав, не можеш од гугл све да дознаеш и така да праиш математика.

На крајот многу менува струката, ако си програмер во Македонија при што просечната плата во индустријата е 3 пати над општиот просек во државата нема логика да идеш во странство и да се изедначиш по плата со другите струки. Грото од фирмите се странски па и нема да осетиш реален македонски приватен сектор. Ја иам електро завршено, сва среќа работам во странска фирма сеа ама на почеток работев во наша фирма, при толкав труд да имаш такво работно место ќе ти дое да се убиеш а не па да се преселиш.
Тачно, се рмба, во претходна фирма и јас рмбав по више од 12 саата. Е кога ќе отидеш скроз сам у странство и ќе немаш ни кој да те праша ни како ти е, ни што ти е, тогаш прај се курназ и објаснувај се со други. Тачно, ете и јас сум програмер во Македонија и сум размислувал за надвор и не само ради пари туку поради поквалитетен живот, ко чист воздух, поквалитетна храна и вода, средено здравство, луѓе со елементарна култура и свест за све што ги опкружува особено природата итн. Парите не ми се причина да заминам од тука веруј.
 
Значи ти правам муабет за Стокхолм, не за Офенбург.

Значи ај вака, отиди, живеј ко иселеник, и после збори. Ја ти кажувам за впечатоци на луѓе кои се иселиле од Македонија, не пошто немале пари во Македонија, туку ради поквалитетен живот, никаде не реков дека во Македонија е подобро или ќе заработуваш повеќе пари. До душа ако ги земаш над 1000 евра во Македонија ќе можеш повеќе да купиш тука него ли со 3000 евра таму ако си под кирија. Прашај и за односот на Швеѓаните кон оние кои се странци и кои не го зборат нивниот јазик добро. Дур не осетиш на своја кожа некои работи џабе е да ти објаснувам.
Мислам олабавете малце, ко некоја секта сте да му ебам мајката, да има и такви луѓе кои се иселиле од Македонија и не им било добро таму кај што се иселиле, дали поради тоа што немале никаков живот, не им се свиѓал тој стил на живот, не се снашле во тој менталитет итн. Не мора за све да се докажуваме. Дур не се иселиш и не видиш како е џабе ги убедуваш сите тука, уствари најпатетично ми е кога ќе видам иселеници на македонски форуми али ај...

Тачно, се рмба, во претходна фирма и јас рмбав по више од 12 саата. Е кога ќе отидеш скроз сам у странство и ќе немаш ни кој да те праша ни како ти е, ни што ти е, тогаш прај се курназ и објаснувај се со други. Тачно, ете и јас сум програмер во Македонија и сум размислувал за надвор и не само ради пари туку поради поквалитетен живот, ко чист воздух, поквалитетна храна и вода, средено здравство, луѓе со елементарна култура и свест за све што ги опкружува особено природата итн. Парите не ми се причина да заминам од тука веруј.
Не ти зборувам на памет, член од најтесно семество ми е надвор, а и јас е прашање на месеци кога ќе ја добијам во рака иселеничката.
Со болдираното го завршуваме муабетот на оваа тема со тебе, затоа што тука е идеална онаа "сит на гладен не верува", во моментот таа професија ти е најдобро платената во мкд, сите останати технички науки, па дури и се останато се за 30-70% полошо платени во просек,. Уште факултет незавршен работа и просечна плата, за 3 години искуство веќе си над 800 евра колку и да си бил дудук, а со пет другариве што работат фронтенд се веќе над 1200 сите. Оди прашај градежни инженери каде се позадоволни, тука за 250-500 евра плата се акаат по градилишта ко грешни ѓаволи, а учеле факултет каде коса им паднала од цртање, математика, физика, статика, челици. ..или надвор каде платите им се на ниво на тие од програмерите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom