Z
zmej gorjanin
Гостин
Преку Контекст и слични агенции/посредници со работа во Мекдоналдс или Бургер Кинг тешко да заработиш повеќе од 2000 долари чисти во тие 3 месеци, имаме искуство и со Кемалоски и со Контекст и испаѓа дека или нема да ти даваат доволно саати, или пак губиш денови за да ти извадат санитарни книшки и што уште не.
Друга финта, не бирај голем град, колку помал град толку пониска киријаа и трошоци за превоз, а цената за работен саат е секаде скоро 9 евра бруто. Ако успееш да си го вратиш данокот и да ја избегнеш УЈП, можеби и ќе догураш до кај 2300 евра чисти и тоа да работиш цели 3 месеци и да имаш кирија околу 300 евра и по можност ефтин градски превоз.[DOUBLEPOST=1535445213][/DOUBLEPOST]
Мене овие ваквите текстови ми изгледаат повеќе како спонзорирани од влада и слично, не дека нема луѓе што се имаат заебано со отселувањето, напротив како што пиша кано погоре има многу кои не знаејќи која им е целта во животот се внесуваат во поголеми проблеми.
Прво Монтреал е еден од потешките градови за да се отселите во Канада, општо целата територија на Quebec преку Express Entry бара познавање дури и на Француски, а друга работа е што баш напротив, имаат солиден стандард на државно ниво.
Е сега секој како ќе успее да се прилагоди и снајде, имате луѓе што бегаат од мкд, а немаат никаква навика за работа, додека се тука или работеле нешто лаганица или не почнале да работат до свои 30 години и со отселувањето сфаќаат дека помошта од мама и тате им е завршена, па ајде депресии од старт, па навиките за излегување, имам пријатели што во мкд не се дома прибрани, пак мама и тате даваат пари, тие се шетаат од клуб во клуб, од кафана во кафана и животот е топ, па следен проблем климата и тн.
Има многу варијабли кои треба секој да си ги разгледа пред да тргне да се отселува некаде, имате страни каде што ги имате цените на продуктите и кириите за секоја држава, седнете и направете си ја математиката во ексел колку ќе заработувате, колку даноци и кирии треба да платите, колку ќе ве чини храната, здравството, па после решете каде ќе се селите.
Факт е дека треба да пробаш, па да збориш. Дека ќе бидеш поплатен не е спорно. А дека ќе влезеш у машина исто така не е спорно, еве еден познаник се врати од ЛА со анксиозност, фобии и напади на паника од преголеми стресови и напор, со претходно работно искуство и све тоа. Па сега размислува дали вреди да продолжи. Не можеш да предвидиш како ќе ти биде, исто голем удел има дали си со семејство или не, ако си со деца претпоставувам стискаш заби заради нив и трпиш. Кога одиш сам често ќе ти поминува низ глава мислата која ти е целта на тебе уствари? Да, ако гледаш све низ призма на пари и колку заработуваш тогаш дефинитивно е за тебе, ама едно е да размислуваш за тоа, а друго е да го живееш.