Ретко се случуваат вакви жестоки караници, ама кога ќе се случат, случено е.

Ретко попуштам во кавга, и ако имам некоја поента во која сум длабоко убедена, ќе се расправам додека не си ја докажам до крај.

Е сега, лошата работа е што ваквите караници најчесто резултираат со зезнати нешта што не ги мислам, а ги кажувам во афект, а после кога ќе се смирам се извинувам, се каам... Во секој случај, ретко попуштам, и не сакам кога некој ми вика над глава, па затоа дури се трудам да го надвикам и мојот збор да биде последен.

(Бик, јебига

)
А во ситуации кога сум јас крива, кога сум згрешила нешто страшно... Е тогаш е сосема поинаку. Си ќутам ко јагненце, добивам желба да избегам, се молам дека ќе падне од небо нешто што ќе и го одвлече вниманието на личноста што ме „кара“ за да можам да киднам

Или во поретки случаеви, кога сепак не сум направила некоја голема грешка, а личноста се понаша ко дете да сум и убила

, ја вртам работата против неа/него, копам минати нејзини/негови грешки за да испадне он/а кривиот/та, или едноставно си излегувам од соба и чекам да олади. Талент е тоа со вртењето на вината на негов грб
