Бегање од часови

  • Креатор на темата Креатор на темата Стеф:]
  • Време на започнување Време на започнување
Уф... памтим основно ќе дојдеја мои другари од надвор, ја земав ташњата и идев :):):):) СЕа у средно не можем да бегам. За еден неоправдан ми ставаат 3 и гратис 1 = 4 неоправдани за 1 час.
И која глупост е оваа? Па како може да ти пишат неоправдани на часови каде што си бил? Кај ќе ти ги стават 3те гратис? Од небо ли ќе паднат?

Не можам да го разберам сето тоа заканување шо нема никакви подлоги. Ако не дојдете да чистите во сабота, на денот на екологијата, ќе имате неоправдани. А за што неоправдани? Божем во дневникот има ден сабота, и на него ќе пишува, час, чистење училишен двор? Избегаа тој и тој, уствари воопшто и не дојдоа.

Ама не ја знам нит вашата класна, нит вашите наставници... онака само кажувам колку ми се глупи заканите кои не штимаат никако. Па и ќе се жалам на директорот/ката. Како е можно тоа да се случи? Па ќе идам, ќе и кажам избегав од 1 час, имам 4 неоправдани. Наставниците кај кој сум бил лажно запишан ќе потврдат.

Инаку класот ни е некако мирен. =) Не бегаме од училиште, освен по некој се наоѓа да избега од испитување или тест. А заедно цел клас еднаш годинава ни текна, ај ќе си идеме од француски. Тргнавме цел клас, но на две ученички "им се пиело вода", и отидоа баш во гимназијата да се напијат. Не знам дали намерно или ненамерно наставникот ги виде, и отишле во училницата. Среќа наставникот е добар и поради тоа никој не беше запишан.(но и ние сите се вративме после 15тина минути).Ама двете ич не испаднаа фер. Мада и ние се изглупиравме шо избегавме од час без причина т.е. причината беше досадно е, ни се оди дома(последен час). Во секој случај, среќно заврши.

Друг случај беше информатика. Ништо не учиме на час, си играме игрички. Две третини од машките си отидоа, и по некое женско. И сега јас не знам шо да правам, ми се иде дома. И со двајца другари го сретнуваме наставникот, и викаме може да идеме? И овој вика: терајте....
Идеме надвор, и овие ми кажуваат дека ќе се збираат во нивното основно(во друго учеа), да го посетат некој нивни наставник. Јас викам ок, јас ќе си идам дома. Ама ми текна дека требаше да го земам флешот од еден другар, а да тргнам после од дома до него ќе ме мрзи(тој со мене учи, па заедно ќе идевме), и се вратив во училницата, каснев некои 15тина минути. Во дневникот никој не беше запишан отпрвин, а на крајот од часот он запиша во забелешки мислам кој не беа на час. И класната на одделенски, вика кај бевте вие на информатика? Сега на сите неоправдани шо избегаа. И така се извлеков на среќа :)

Инаку не сум многу за бегање кога не сум научил. Што ќе ми стај наставникот тоа. За бегање сум само ако целиот клас се сложи, па да не бидам аутсајдерот. И така....:toe:
 
Зарем во 4та година има од што да се избега? Ќе плачете после на факултет зошто сте бегале од средно.
Јас никогаш не бегам, океј, освен кога групно во втора избегавме од географија и тоа два пати. Ама сама никогаш немам избегано. За мене тоа е кукавичлак невиден, во животот ќе ти се појават проблеми од кои нема да можеш да избегаш.
И јас го мислам истото. Да избегаш од час е многу кукавички. Јас никогаш не сум избегал до сега. Освен во основно што ме бркаа поради тоа што ги зафркавав сите наставници, а во средно не сум избегал ниту еднаш.
 
ја до сеа сум имал избегано со цело одд 3-4 пати и тоа у пето ке се вратиме од систематски бегаме на отп бегаме :helou::kesa:
 
pa ednostavno ne se izdrzuvat tie profesori nekogas i zatoa se fakja krivina, mn e ednostavno
 
Море алоооо какво бегање бре ние/јас не бегаме ние поштено си одиме кога ќе ни се смаче:toe: ама добро е што имаме супер класна па неоправданите изостаноци често ни ги пише како оправдани :zver: . А како да не бегам кога по некои часови ако не избегам ме пишат во забелешки :nesum: незнам оти така изгледа многу глупости тресам:uvo:
 
Јас никогаш во мојот живот немам никогаш избегано туку фино културно си зимам ташната и пополека си одам :)
 
У последно време не бегам од часови туку ме бркаат :pos:
 
вчера 2 часа.. ауф ме снема. не бегам често ама кога ми е досадно немам инспирација шо да правам си одам фино и педантно.
 
Бегам само ептен кога не ми се седи на час и кога ми е досадно. И кај нас класната почна да измислува демек ако бегаш наместо 1 ке ти пишела 3 неоправдани........ај нека ми пише па ке го посетам директорот :pos:. Досега со класот заедно бегавме 2 пати а ова година имам 9 непоравдани.....па не се многу :smir:
 
Не сум побегнала годинава. Уствари не преферирам бегање од еден час. Ако бегам бегам за цел ден и после мајка ми оди кај класната: па да болна е малце, слабокрвна, температура има итд.итд. :)

Годинава не знам само што ни стана, онака масовно цела втора и четврта година си заминавме после втори час и после оправдање беше - протестиравмо заради испитите. И ни најлупаја по толку неоправдани колку што имавме часови.
 
сам да киднам никогаш...а мерка ми е..појма немате колку...и мислам ка и да е ке се случи.
инаку со цел клас три пати до сега.
во прва од систематски на кафе а требаше во школо:pos2:и ко будали некои се вративме на 6ти:tapp::tapp::tapp:
во втора си киднавме после втори ама ко претхидната година исто...се вративме на 5ти
во трета киднавме после втори и не се вративме:pos2:
 
јас не да немам среќа со бегање од часови:tapp:

Лани избегав од физика и наредниот час не испрашуваше сите што избегавме за лекцијата што ја учеле тој час и на сите ни стаи кецови зошто нормално никој не ја знаеше

Пред 2-3 недели избегав со уште 17 души од клас од географија и на сите ни стаила кец во дневник и плус неоправдан

:uvo:
 
Бегам само кога бегаме цел клас, а вака лично никогаш немам избегано.

Во втора година избегавме два пати и тоа од ист предмет - географија. Еднаш од географија затоа што имаше фудбалски натпревар а не не` пуштија(чудно, обично не` пуштаат) и ние сами си отидовме од географија. Ама испадна дека и професорката не се појавила на час и како ништо да не се случило.
Вториот пат од чиста мира, требаше да имаме географија пак и некој во училницата рече: "Еј, ај да бегаме" и сите "Ајде!" и како струја надвор сите. Спонтано избегавме, никој не направи проблем, а кога се договаравме со часови пред бегање, никогаш не ни успеваше. Не се вративме, а освен географија имавме и историја кај класниот и социологија, за жал мораа и тие да се помират со фактот дека сме киднати, не беше згодно да се враќаме.
После, другите денови, попувања, држење лекции за морал, етики... географија не дереше и испрашуваше ситници, како да не им одговара на професориве да имаат неколку часа помалку. Не` плашеа демек имало совет само за нас(тие не оддржуваат совет кога треба, а не па специјално за нас :pos:), па намалено поведение, па по 3 неоправдани, а од се` испадна само шије ми га Ѓура. Од бегањето, нит га чула, нит га видела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom