Во основно, т.е. прво одделение, важев за многу... Примерен ученик, уствари.

Второ одделение, наставничката ми кажа дека сум збеснала. И во право беше, од тогаш така и останав. Немирно дете, правев глупости, ама учев.
Не бегав многу во основно. Првото групно бегање беше во седмо одделение, останаа едно 5 - 6 деца од класот и изрецитираа се`, па си добивме укор. Вториот пат кога избегавме цел клас, ама
цел, ни намалија оценките за две, мене и уште 2 - 3 деца за една. Осмо одд., класната имаше некоја повреда на раката и отсустуваше од настава цели две недели. Тој период се растурив од бегање. Не беше страшно во основно како и да е. Првото бегање ми беше од физичко, патем. Класика.
Средно школо... Колку им` се плашев само. И да немам грижа на совест, ќе и` се јавев на мајка ми, ќе и` кажев дека не сум спремна за едно 6 часа тој ден, се заканував дека ќе избегам, ја молев да ме извади од школо... Ма јок бре. Ни оправдувања лажни не ми пишуваше. И УШТЕ НЕ МИ ПИШУВА!
Видов, не видов, почнав да бегам. Од предмети како физика, биологија и социологија. Бегав од испрашувања. Не од обични часови заради досада, туку часови на кои мојот број во дневникот се совпаѓа со датата и јас теоретски имам загарантиран шпац.
Најдебилно бегање, ми бешеее... Математика, втора година. Уште неколку души имаше пред мене, ќе ме кренеше на табла секако, а јас дрво, нормално. И додека кинев некакви ливчиња под клупа, се молев да се запали школото или гром да мавне, прво ми падна на памет да се онесвестам, ама не знам да глумам таква работа, пробав еднаш и се изгазив од смеење кога професорката испаничи.

У дел од секунда ми текна дека имам некакви си апчиња уште, антибиотикот од последното боледување, и замолив да излезам да се напијам. Ме пушти, и не се вратив до крајот на часот. Едни добри 30 и нешто минути. Знаеше, ама тоа е... Си одговарав после.
Најлесно бегање беше она на први, евентуално втори час. Ќе влезев минута пред да ѕвони, ќе кажев дека сум била крв да ми земаат или слично, и си ја носам крвната слика од претходниот пат, не од што гледаше таа датата.

И пошто бев анемична, морав сееекој месец на проверка на крвта.
И од Англиски бегав, ама само во прва. Побогу, не можев да ја поднесам. Не само што заспивав на тој час, жената беше толку антипатриотски настроена, што секој божји час тропаше нешто како, не сме биле ние народ, не сме биле држава, чак и кујната ни е бугарска... Што ти е ма? :nesvest:
Ја презирав. А она ме сакаше, јбг.
Немам одамна бегано. А и не ми фали, искрено.
