Beer Pong

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Во недостаток на подфорум за пијанење, темава ја отворам во општи.

Дали сте играле Beer Pong? Како ви се допаѓа играта воопшто?

Има повеќе варијанти со вакви или такви правила, ние играме по следниве.

Два тима по двајца играчи, десет чаши од тим. Ви требаат пластични чаши од пола литар, нешто повеќе од пола полни. Чашите се редат во форма на триаголник на двата краја од масата, формација 4-3-2-1. Вака некако:


Напоредно играчите фрлаат од оддалеченост од 2-2.5 метра од противничките чаши со пинг понг топче. Играчот го губи редот кога ќе промаши. Со секоја погодена чаша, противничкиот тим ја отстранува чашата и еден од играчите ја пие.
Ако топчето врти околу чашата пред да влезе внатре, односно прави „ѓевречиња“, двата играчи од другиот тим пијат.
Кога ќе останат шест чаши се местат повторно, формација 3-2-1, и кога ќе останат три повторно, формација 2-1. Победник е тимот кој ќе ги погоди сите противнички чаши.

То е то во кратки црти, ако пропуштив нешто прашајте. :)

П.С. Знам дека можда глупо изглеат вака да седните магариња стари и да играте, ама после третата партија е ептен забавно. :D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Не сум ја играл играва,ама звучи интересантно и забавно.А од каде потекнува играва,кој ја играл,од која земја е,итн..итн,малце податоци... :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Играва е Америчка мислам...игравме ние ама не беше со пиво него коњак...после 2 партија чаша не погодивме...
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Не сум ја играл играва,ама звучи интересантно и забавно.А од каде потекнува играва,кој ја играл,од која земја е,итн..итн,малце податоци... :)
Чисто америчка е играва, али се играт насекаде. Правилата варирет зависно од друштвото шо ја играт или од то како била пренесена. :)
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
^Прв пат ја видов играта и јас на тој филм :). Интересно во секој случај, за дружење со екипа, кога нема што да се прави или пред излегување :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom