Ај и од мене краток ревју... Полоша графика од CoD MW2,
неоптимизирана скроз, сецка и на медиум сетирања, нормално нема lean, нема go to crouch (?), aim down sight е фиксен (мора да кликам десен клик цело време, место само да го држам кога ми треба) итн итн... Единствено што ми се допаѓа се звучните ефекти на самите оружja, за кои сметам дека се ПОДОБРИ од MW2 т.е многу пореални. Толку за сега.
Има прееееемногу пропусти и графички glitch-ови.
Кај мене на aim-down-the-sight оружјето (не нишанот) се тресе константно, графиката има неверојатни багови (кога уништував згради од хеликоптер, лебдеше цел кат и никако не можев да го уништам - мораше рестарт), а целиот battlefield е очајно решен и непрегледен.
Јесда така е во реален живот, ама и MW2 го постигна истото, а сепак можеше ко човек да видиш од каде те пукаат. Во играва треба буквално да стојам на мета 10 секунди, за да видам кој од каде ќе почне да пука, преку целиот чад кој блешти...
Плус, откога претрпев и ги поминав снежните мисии, конечно стигнав во градчето, а таму чад и исти курац, претеризам со HDR ефекти.
Најлошо од се е што, целата игра е УЖАСНО скриптирана, секогаш излегуваат 3ца војници од лево, па 2 горе, 3 десно...се губи смисла на бојно поле.
Да не навлегуваме во пак за затемнувањата...Возиш тенк, стигнуваш до градот - се затемнува. Те дава надвор и со двоглед во рака.
Означуваш што треба, офкорс, командантот вика "ајде луѓе, идемо"...И сликата ПАК се затемнува и те дава со пушка во рака!
АМАН!
Значи и MW2 е скриптирана "до јаја", ама бар се тече мазно и се осеќаш како ти да ги правиш работите и ја водиш мисијата. Овде, мисијата е поделена на 7-8 подмисии, од едно затемнување до друго.
Ехеи, ќе заборавев, звукот е феноменален. Различен е кога се пукате во куќа, на боиште, во канализација...лудница, дефинитивно овде најмногу труд потрошиле изгледа.