Barry

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307


Barry е серија на HBO креирана од страна на Алек Берг и Бил Хејдер.

Серијата почна со прикажување пред 7 недели и во моментов на отварање на темава не делат само неколку дена до финалето на првата сезона.

Во кратки црти, Бери е серија за платен убиец кој што за време на една навидум рутинска задача решава да си го преиспита животот и притоа помислува дека можеби актерството е неговата иднина.

Главна ѕвезда на серијата е Бил Хејдер. Тие што го знаат и сакат Бил Хејдер чекаа нешто вакво со години. Бил Хејдер е премногу талентиран лик кој што без никакви проблеми може да глуми и сериозни и комични ликови. Својата слава ја добива преку неговиот уддел во SNL, а пред пар години имаше и солидна улога во (играната) комедијата "Trainwreck".

Во Бери може да го видиме целосно неговиот талент и дефинтиивно ова е серијата која што ќе му ја донесе славата која што ја заслужува.

Е сега, да не се заебе некој, можеби Бил Хејдер е пресмешен комичар и можеби тој главна улога во серијата која што тој (и Алек Берг) ја креираш ама серијава не е комедија. Жанровски не може да се стави во еден жанр серијава бидејќи има навистина квалитетни и комични и драма елементи. За некого можеби серијава би потсетила на Декстер, бидејќи дефинитивно има таков вајб серијава.

Главниот женски специмен во серијава е Сара Голдберг. Ако се прашувате "Која е Сара Голдберг, прв пат ја слушам?" ќе ви одговорам "Таа е плавушата од последниот филм на Милчо Манчевски.". Ако после ова кажете "Го немам гледано филмот и неам чуено за актеркава" тогаш... па добро, нема од што друго да ја знаете Сара Голдберг најверојатно, ова би требало да бидат некои нејзини први чекори во посериозните води, и се надевам ќе и успее.

Ако за Сара не сум сигурен, тогаш дефинтиивно сум сигурен дека Хејдер после серијава ќе го фати вниманието на Холивуд и ќе почнете да го гледате почесто во филмови/серии.

Исто така да напоменам од до сега седумте излезени епизоди само троја се јавуваат како режисери на епизодите. Алек Берг, Бил Хејдер (кој што богами го бива и за тоа) како и Хиро Мураи. Хиро Мураи е човек кој што е познат по неговата работа на серијата Атланта и Legion, а најново нешто што има режирано е спотот за песната "This is America"

Една епиода трае 30 минути.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Фала за добрава серија. Binge watched the whole thing!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Многу андеррејтед серијава на форумов. Не ве бива.
Бил Хејдер и Еми зема, вас уште ве нема.
Лешпери.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom