tander123
God save the queen!
- Член од
- 5 октомври 2015
- Мислења
- 715
- Поени од реакции
- 363
Мурињо ефект. Како што кажа самиот, Челзи не продава ѓубре, туку ѕвезди.Ама како зборите...
Матич ќе беше играчот што е сега доколку останеше уште во 2010та во Челзи?
Де Брујн ќе беше играчот што е сега доколку останеше?
Погба 100% ќе беше истиов играч доколку останеше во Јунајтед и тек сега негде се пробиеше во тимот?
Нема што отпосле да гледаме овој ваков ќе беше, оној онаков ќе беше. Тогаш кога бил повреден, така одговарало за тимот и за играчот, и готово. Де Брујн откако сфати дека ќе треба да работи напорно за да добие шанса, кога и да ја добиеше нигде го немаше на терен, беше очаен. И што понатаму? Ќе го оставиш на клупа, па после година-две кога ќе има простор за шанса, ќе биде играчот кој стана откако играше цело време во Волфсбург?

Па јас би рекол баш напротив, неговата напорна работа го однесе каде што е сега. Најбитно е што Мурињо го задржа Рамирез да игра на десно крило.